VMESNI SVETOVI

Автор: VMESNI SVETOVI

  • 🪞 ОГЛЕДУВАЊЕ – кога нарцисот станува твој „двојник“

    На почетокот беше магично.
    Те разбираше. Исти хобија. Иста музика. Исти погледи на светот.
    Конечно помисли дека си ја нашла сродната душа.

    Но вистината е поинаква. 👇

    1️⃣ Тој ги копираше твоите интереси, вредности, движења, енергија –
    само за да ја добие твоето доверба.

    2️⃣ Сето што си го чувствувала како поврзаност,
    беше одраз на твоите сопствени желби.

    3️⃣ Ништо од тоа не беше вистински „тој“.
    Те одразуваше – сè додека не те освои.

    4️⃣ Потоа дојде студенилото. Понижувањата. Вистинската маска.

    5️⃣ Она што најмногу го сакаше кај него?
    Тоа секогаш беше твое. Твојата енергија, твојата топлина, твојата длабочина.

    6️⃣ Те научи нешто важно:
    🗝️ Ако нешто изгледа премногу совршено за да е вистинито – со причина не е вистинито.

    📌 Верувај им на своите чувства.
    Огледувањето не е љубов – тоа е стратегија на заведување без идентитет.

    🖤 #ТааШтоПрогледа
    🖤 #НарцисИОгледување
    🖤 #НеБешеТојТукуТи
    🖤 #ПомеѓуСветови

    Во почетокот сè изгледа совршено: исти интереси, исти вредности, „длабока“ поврзаност.
    Но зад тоа не стои вистинска личност – туку само одраз.

    Она што изгледа магично, често е само стратегија за освојување.
  • 🔺 ТРИАНГУЛАЦИЈА – кога нарцисот внесува „трето лице“ во врската

    Ова не е недоразбирање.
    Ова не е случајност.
    Ова е алатка за контрола.

    👇👇👇

    1️⃣ Наместо да разговара со тебе – вклучува трето лице.
    За да те изолира. Или да ти предизвика љубомора.
    Бивша. Пријателка. Нова следбеничка. Колешка.

    2️⃣ Те споредува.
    Не бара промена – туку те тера сама да се смениш од страв.

    3️⃣ Создава натпревар.
    Две жени. Еден „маж“.
    Тој влече со конците. На двете им зборува различно.
    И ужива во контролата.

    4️⃣ Секогаш има резервен извор на внимание.
    Ти не си „доволна“. Никогаш.

    5️⃣ За тебе – ова е болка.
    За него – игра.
    Моќ. Его. Контрола.

    6️⃣ Ако се побуниш – вели дека си љубоморна.
    Ако молчиш – продолжува уште посилно.
    Тој создава хаос, ти ги носиш последиците.

    7️⃣ Решение?
    Не се натпреварувај.
    Не се правдај.
    Не барај логика во игра што не е создадена за ти да победиш.
    ➡️ Замини.
    Единствениот излез е надвор – од неговата игра.

    🔺 Кога љубовта станува натпревар, не е љубов – туку манипулација.

    Нарцисот ретко е задоволен со една личност. Не затоа што му недостига љубов, туку затоа што му треба моќ.
    Моќ да споредува. Да создава љубомора. Да ги контролира емоциите на другите.

    🔁 Една е за дома.
    🩶 Втора е на страна.
    🔺 Трета е за хранење на егото.

    Сите се дел од неговиот систем – а ниедна не добива вистинска љубов.

    ❗ Ако чувствуваш дека си во игра – сетете се:
    Не мораш да играш. Можеш да излезеш.
    Затоа што таму каде што постои љубов, нема простор за натпревар.

    🖤 #ТааШтоПрогледа
    🖤 #ТриангуларнаМанипулација
    🖤 #ПсихолошкоНасилство
    🖤 #СлободаЕДаГоПрепознаеш

  • Зад секој агол

    Зад секој агол стои некој јазик,
    зборува гласно, како да пишува дневник.
    Раскажува приказни, вистини од сенка –
    за сите… освен за себе, кој не се осеќа.

    „Гледај ја таа!“ – ќе рече без трема,
    со прст ќе покаже – а три ќе го следат немо.
    Секој носи шепот што не се зборува,
    а љубов не живее каде се осудува.

    Никој не е совршен – сите носиме крпи:
    еден со скршен поглед, друг – со тишина в џеб.
    Да се гледавме почесто со очи на срце,
    би имало помалку омраза, повеќе заеднички молк.

    А јас стојам – не клечам во ќош,
    зашто знам која сум – без маска, без ѕид.
    Нека зборуваат – ако тоа им е леб,
    јас подобро градам мостови – од пердув, не од гнев.

  • 🌱 Каде што бурата го сретнува југот

    4. дел: Корени и крилја

    Понекогаш се прашував:
    Дали човек може да им припаѓа на две места истовремено?
    Дали е можно да имаш корени во една земја –
    а крилја за полет во друга?

    Сега знам:

    > Не мора да избереш. Корените и крилјата не се исклучуваат – тие се надополнуваат.

    Моите корени се во песокот на детството,
    во бајките на баба ми, во мирисот на ајвар и грозје.
    Во ритамот на јазикот што го разбираш – дури и кога се молчи.

    Моите крилја израснаа кога ја преминав границата.
    Кога полетав со моите деца – во непознатото.
    Кога во бурата го слушнав повикот дека можеш да се преобразиш – дури и ако си веќе возрасна.

    Во Македонија учев како да сакам.
    Во Словенија се научив – да се сакам и себе.

    Корените ми даваат сила да стојам.
    Крилјата ми даваат храброст да полетам.


    И тие две сили –
    сега се едно.

    Јас сум дрво што пушта корени длабоко,
    а лета со срцето.
    И птица што се враќа таму каде што љубовта ме чекала.

  • 🗣️ Каде што бурата го сретнува југот

    3. дел: Јазик меѓу два света

    Дома зборувам македонски.
    Кога сум тажна – солзите ми доаѓаат на мајчиниот јазик.
    Кога сум лута – вриштам на јазикот што прв го слушна мојот здив.
    Кога сум повредена – си шепотам во ритамот на домашните зборови.

    А живеам на словенечки.
    Купувам, пишувам, објаснувам, слушам.
    И секој ден повторно се составувам на јазик што не е мој – но станал дел од мене.

    Македонскиот ме потсетува која сум.
    Словенечкиот ми помага да станам тоа што сум.

    И така одам –
    меѓу два речника,
    меѓу две мелодии,
    меѓу две различни облици на љубов.

    Кога ќе напишам: „бурја“ – слушам шумење во главата.
    Кога ќе напишам: „југ“ – чувствувам сонце на лицето.

    Во мене се двете земји –
    едната ме родила, другата ме извајала.

    > А можеби во тоа нема пукнатина – туку мост.
    Мост што го гради жена што зборува на два јазика – но со едно срце.

    🖤 #ДваЈазикаЕдноСрце
    🖤 #КадеШтоБуратаГоСреќаваЈугот
    🖤 #ЗборувајКакоШтоЧувствуваш

  • Нарцисоидна проекција – како функционира?

    👉 Тој изневерува – а вели дека ти си неверна.
    👉 Тој лаже – а обвинува тебе дека си неискрена.
    👉 Тој се срами од себе – а ти вели дека ти треба да се смениш.
    👉 Тој не чувствува – а вели дека ти си премногу чувствителна.
    👉 Тој манипулира – а тврди дека ти премногу контролираш.
    👉 Тој создава драма – а вели дека ти си проблемот.

    Ги заменува улогите.
    Ја заменува вистината.
    Ја префрла вината.

    И ако не си силна во себе, ќе почнеш да веруваш дека ти си вината.
    Но не си.
    Тоа е негова одбрана.

    🖤 Нарцисоидната проекција не е случајност. Тоа е шема.
    🖤 Не е твоја вистина. Тоа е негова игра.



    📌 Секогаш кога ќе почувствував манипулација, му велев:
    „Мојот систем забележува манипулација.“
    А тој: „Твоја!“

    Толку лесно ме замолкнуваше.
    Толку убедливо ја негираше мојата вистина.

    Подоцна дознав:
    👉 тоа се вика нарцисоидна проекција.

    Не беше дека претерував.
    Беше дека гледав премногу – него.

    🖤 #ТааШтоПрогледа
    🖤 #НарцисоиднаПроекција
    🖤 #ОгледалоНаВистината

  • Одлучив да бидам среќна

    Не затоа што сè е лесно.
    Не затоа што немам лузни.
    Туку токму поради нив.

    Одлучив
    да не чекам совршен момент.
    Да не го врзувам својот мир
    за туѓо однесување.
    Да станам – дури и тогаш
    кога полесно би било да останам долу.

    Среќата не е награда.
    Среќата е одлука.
    Избрана среде хаос,
    среде тишина,
    среде ден кога сè е сиво –
    јас ја бирам бојата.

    Ја бирам благодарноста
    наместо огорченост.
    Ја бирам верата
    наместо стравот.
    Се бирам себе –
    секојпат одново.

    И знаеш што?
    Сонцето не сјае посилно,
    ама јас го гледам појасно.
    Затоа што одлучив –
    да живеам со отворено срце.

  • 💧 Каде што бурата го сретнува југот

    2. дел: Меѓу изворите – кога водата станува глас

    Кога не знаеш како понатаму, оди таму каде што водата навистина тече.
    Затоа одам кај изворот Хубељ.
    Не за да побарам нешто – туку за да се потсетам која сум.

    Оваа вода… не доаѓа нежно. Не истекува срамежливо.
    И прска. И ржи. Како да вели:

    > „И јас бев задржана под земја. А сега – погледни ме.“

    Хубељ ме потсетува на мене.
    На сè она што долго време го држев во себе – додека не избувна.
    На силата што се собираше – сè додека не најде пат низ карпите, низ тежината на светот.

    Потоа одам понатаму – кај Смоаларскиот водопад.
    Таму водата тече поинаку. Полека. Низ мов и камен.
    Но не застанува. Никогаш.
    И тоа сум јас.

    > Не грмам секогаш. Не сум секогаш незапирлива.
    Но секогаш сум – присутна.

    Тука, меѓу изворите,
    меѓу бура и водопади,
    го најдов домот на својата тишина,
    и чекорот на својот пат.

    🖤 #КадеШтоБуратаГоСреќаваЈугот
    🖤 #ЗборувајКакоШтоТечеш
    🖤 #ВодатаЕМојотЈазик
  • 🔗 Најчести зависности кај нарцисот

    Нарцистот често има повеќе зависности кои му служат како бегство – од вистинските чувства, од внатрешната празнина и од целосно отсуство на саморефлексија.
    Овие зависности не секогаш се очигледни – понекогаш се скриени зад „рутина“ или „начин на живот“.
    Еве преглед на најчестите:

    1. Зависност од потврда (validation addiction)
    Живее за лајкови, восхит и чувство на надмоќ.
    Потребна му е публика за да се чувствува жив.
    Социјалните мрежи се главниот извор на „храна за егото“.

    2. Зависност од контрола
    Не поднесува кога нешто не е по негово.
    Постојано тестира, манипулира со вистината и ги поместува границите.
    Во врската, ова е емоционална стапица: ќе те казни со молк ако изгуби контрола.

    3. Зависност од секс / порнографија + префрлање на вината за ерективна дисфункција
    Сексот не го доживува како блискост, туку како алатка за моќ.
    Често не го интересира вистинска интимност, туку брзо и контролирано задоволство.
    Порнографијата станува „сигурна зона“ – таму не мора да се поврзе емоционално.

    Со тек на време, ова води до ерективна дисфункција во реалниот живот – но наместо да ја прифати причината,
    ➡️ те обвинува тебе:
    „Не си повеќе привлечна.“
    „Секогаш си уморна.“
    „Со тебе ништо не е лесно.“

    Вистината?
    Интимноста бара ранливост – а тоа е она што најмногу го плаши нарцисот.

    4. Зависност од адреналин
    Постојано бара драма, конфликти, предизвици.
    Мирот му е здодевен – па намерно создава хаос, само за да добие реакција.

    5. Зависност од лажење (манипулација)
    Лагата станува начин на живот.
    Верува во сопствените измислици.
    Емоционалната искреност ја доживува како закана.

    6. Зависност од идеализација и понижување
    Прво те издигнува, потоа те понижува.
    Го храни егото со твојата болка и збунетост.
    Циклусот му дава чувство на контрола.

    7. Зависност од твојата зависност од него
    Сака да те направи зависна – емоционално, финансиски, психолошки.
    Твојата немоќ му дава моќ.

    📌 Ако препознаваш повеќе од три вакви обрасци – не е случајност.
    Тоа не е љубов. Тоа е циклус на емоционално злоупотребување, скриен зад шарм, страст и лажни извинувања.

    📵 Кога телефонот му е поинтимен од тебе.

    Во собата – тишина.
    До него – светлина од екранот и празнина во погледот.
    Нема простор за допир, за вистина, за тело што дише покрај него.

    Порнографијата не е само навика.
    За него е бегство – од блискост, од одговорност, од себе.

    А кога не може…
    Вината не е во него.
    Вината е во тебе.
    Така ќе ти каже.

    Но ти знаеш подобро.
    Не е твоја должност да го носиш товарот на неговите избори.

    📌 Ако некогаш си ја почувствувала таа тишина, тој студ, тоа бегство – не си сама.
    Сочувај како потсетник.
    #ТааШтоПрогледа #нарцис #емоционалназлоупотреба #секскакомоќ #помеѓусветови

  • Секоја фамилија си го носи својот крст

    Секоја фамилија носи нешто
    што надворешниот свет не го знае.
    Тивка болка,
    пукнатини во срцето,
    што ги закрпува смеа околу масата.

    Некои имаат зборови што болат.
    Други – тишини што траат предолго.
    Некои куќи шепотат тајни,
    други викаат преку ѕидовите.

    Но и покрај сè…
    секоја вечер повторно
    некој вари чај,
    некој ја поправа прекривката,
    некој – и покрај сè – останува.

    Секоја фамилија си го носи својот крст,
    но и својата вера –
    дека љубовта не се мери во совршенство,
    туку во тоа што не се откажуваме.

    Во прегратка што знае да каже „прости“.
    Во поглед што разбира без зборови.
    Во тоа што, и кога е тешко –
    не си сам.