Ако воопшто си го поставила ова прашање – веќе твојата интуиција шепоти дека нешто не е во ред.
Ако: 1️⃣ Одиш „на прсти“ за да избегнеш експлозија. 2️⃣ Се чувствуваш виновна и кога не си. 3️⃣ Неговите желби секогаш се пред твоите потреби. 4️⃣ Те понижува, а потоа го крие зад „се шегував“. 5️⃣ Те изолира со мислата дека никој нема да те разбере.
… тогаш одговорот не е во Google. 👉 Одговорот е во тебе.
❤️ Тоа не е љубов. Тоа е систематско кршење на твојата душа. А единствениот пат кон слобода е оној кога ќе си кажеш: „Заслужувам повеќе. Заслужувам мир.“
✨ Објави го ова како опомена за себе – или сподели со жена која сè уште молчи. 📍Зачувај. Препознај. Доверувај му се на својот глас.
Една од најподмолните форми на злоупотреба е онаа што минува преку децата.
Малигниот нарцис нема да удри со рака. Удира со збор. Со приказна што самиот ја измислува. Со децата што ги користи.
⚠️ Ќе им зборува дека си нестабилна. ⚠️ Дека претеруваш. ⚠️ Дека детето „веќе не те сака“ и „дека самата си виновна“. ⚠️ Дека тој „само сака мир“.
Ке ги користи како продолжена рака за својата моќ:
👶 Ги вклучува во конфликти што не се нивни. 👶 Им става товар да бидат „судија“ меѓу родителите. 👶 Ги претвора во курири на вина, закани и манипулации. 👶 Ги користи за да повреди, казни или контролира другиот родител. А вистината е: 👉 Тој сака моќ. 👉 Тој не сака однос – сака контрола. 👉 Тој не е татко – тој е актер.
За нарцисот, децата не се личности со свои потреби и чувства. Тие се само средство за продолжување на драмата. ✨ Но за здравиот родител – децата се свето место. Затоа е важно да се препознае оваа злоупотреба и да се постават граници.
👁🗨 Ако некој ти го уништува односот со детето за да те повреди тебе – тоа не е родителство. Тоа е психолошка војна.
🖋 Ако си го доживеала ова – не си сама. Твојата приказна значи.
📌 Децата не смеат да бидат оружје. Тие заслужуваат љубов, мир и детство без товар на туѓи битки.
Секој има своја улога – која му е доделена без да биде прашан.
👑 Златно дете Она што постојано го фалат. Го гледаш на пиедестал. Не затоа што е подобро. Туку затоа што е совршен одраз на нарцисот. Ако некогаш кажеш нешто против него – ти си проблемот.
👻 Невидливо дете Никој не го слуша. Никој не го гледа. Сам бара контакт – со погрешни луѓе, на погрешни начини. Учи да лаже, да плаче, да глуми… затоа што само така добива внимание. Но никогаш љубов.
🐑 Црна овца Најсилната. Најповредената. Она што ја гледа вистината и затоа е омразено. Она што ја носи вината, е исмејувано, засрамено. А во суштина – тоа е она што се буди. Она што станува опасно, бидејќи веќе не сака да молчи.
⚠️ Ако си бил/а црна овца – не си скршен/а. Ти си разбуден човек. И не си сам/а. 🖤
📌 Егоцентричниот човек мисли пред сè на себе. Може да е нечувствителен, непријатен, но не сака да го уништи другиот. Кога ќе се соочи со реалноста, може да се замисли. Има способност за емпатија – иако ретко ја користи.
🚨 Нарцисот, пак, има систем зад себе. Маска. Потреба за моќ, контрола, восхит – и потреба да те понижи, да те намали, за тој/таа да заблеска. Не се работи само за големо его. Туку за празно јадро, кое го храни со лаги, драма, идеализација, а потоа и отфрлање.
👁🗨 Нарцис не е оној што само многу зборува за себе. Туку оној што сака да контролира како ти гледаш на себе.
💬 Веруваш ли дека може да се разликуваат? Дали некогаш си ги помешал/а едниот со другиот?
Не е беден – туку себичен, лажлив и манипулативен. Неговата цел не е љубов, туку контрола. Не ја бара вистината, ја бара моќта над тебе.
Не заслужува втора шанса. Зошто секоја шанса за него е само ново оружје против тебе.
Престрого? Не. Зошто она што ти го прави – она што ти го одзема – е уште полошо.
✨ Ти него нема да го промениш. Но ти можеш да се спасиш. И тоа е почетокот на твојата слобода.
„Нарцисот не е слаб – тој е опасен.“
„Не е жртва – тој е предатор.“
„Не е беспомошен – тој е манипулатор.“
„Нарцисот не е несреќен – тој е контролор.“
👉 „Не е беден“ значи дека неговата состојба не е изговор. Многу луѓе сакаат да гледаат на нарцисот како на „сиромав човек кој не знае да сака“ – но тоа ја замаглува вистината:
тој свесно избира себичност,
свесно манипулира,
свесно бара контрола.
Значи, наместо да го жалиме како „бедник“, пораката е дека треба да го видиме како што е: опасен, а не беспомошен.
Жртвата бара потврда за својата болка, не решение.
Често пасивна, но суптилно манипулира за да остане во центарот на вниманието.
🔺 СПАСИТЕЛ „Пушти, јас ќе направам.“ „Јас знам што ти треба.“ „Само слушај ме мене.“
Помага без да биде замолен.
Му треба некој да зависи од него за да се чувствува вреден.
🔺 ПРОГОНУВАЧ (КРИТИЧАР) „Ти си виновна за сè.“ „Ништо не правиш како што треба.“ „Заради тебе е вака.“
Критикува, обвинува, казнува.
Делува моќно, но доаѓа од внатрешна немоќ и страв од губење контрола.
🎯 Клучната вистина? 👉 Сите во овој триаголник страдаат. 👉 И сите (незнајно) го одржуваат.
Излезот доаѓа тогаш кога: 🌿 Не спасуваш никого што не те побарал. 🌿 Не носиш болка што не е твоја. 🌿 Не прифаќаш вина што не ти припаѓа. 🌿 И не дозволуваш веќе да те „сакаат“ низ вина, страв или должност.
Денес веќе не влегувам во триаголници. Само одам по својот пат. Не како спасителка, не како жртва, не како мета. Туку како жена што знае каде е центарот – во себе.
Многу луѓе мислат дека прикриените (covert) нарциси се најопасни. Навистина се мајстори на манипулација, играње жртва и бавно уништување на твојата самодоверба.
Но – ако некогаш си имала работа со малиген нарцис, знаеш дека тоа е сосема друго ниво.
Ова веќе не е игра. Ова веќе не е само манипулација. Ова е страв за твојот живот.
Закани. Изливи на бес. Следење. Понижување. Психичко и физичко заплашување.
Малигниот нарцис не сака само да те контролира. Сака да ти е страв. Сака моќ. И ако не е по негово – уништува.
🛑 Затоа е важно да ги разликуваме типовите нарциси:
Прикриениот нарцис емоционално те исцрпува и прикриено манипулира.
Малигниот нарцис може да стане опасен – за твоето тело, душа и живот.
📌 Не ја мешај тишината со безбедност. И не мисли дека не си во опасност само затоа што уште не те удрил.
Научи да ги разликуваш – твојата безбедност зависи од тоа
Ѓи носев моите бохо-фустани, слободна како ветерот меѓу маслинки, се вртав под сонцето, како ништо да не може да ме скрши.
Се смеев со телото, што ја познава земјата, солзите и огнот, секое движење беше молитва, секој здив – покана за живот.
За тебе бев привид – не жена, не душа, туку фатаморгана – што се восхитува од далечина и никогаш не се разбира.
Ѓи носев моите бохо-фустани. Се врвев и ми беше убаво. Бев фатаморгана на нарцисот што ме повреди. А јас веќе ја завртев мојата патека понатаму.
🌑 2/3 – Ти
Ја виде светлината, но не изворот, облаците, но не небото, обрисот на мојата сила, но не и нејзината цена.
И кога ја подаде раката, сакаше да ме фатиш – како сопственост, а не како чудо.
Но јас… јас веќе се завртив понатаму. А ти?
Сега ти ќе ја носиш празнината. Зашто сè што го гледаше како игра, беше – живот.
И фатаморганата, што ја презре, ќе стане твоето огледало.
Кога фатаморганата веќе ја нема Тишините сега се подолги. А твојата трага од пустината исчезна. Тежина без милост. И жештина – за која се раскажува, но никогаш повеќе не допира.
🔥 3/3 – Јас, повторно
Не бев случајност
Во животот ништо не е случајно. И јас не бев случајност за тебе. Бев одговор на прашање кое никогаш не се осмели да си го поставиш.
Дојдов со тишина што знаеше да љуби. Со тело што ја играше вистината. Со поглед што виде повеќе отколку што ти беше подготвен да покажеш.
Бев премногу. Бев доволна. Бев токму таму, каде што најмалку очекуваше – а најмногу ти требав.
Не како спасителка. Како потсетник.
Јас не бев привид. Ти беше слеп.
И сега, кога ме нема, дури сега ќе разбереш што значи присуство што повеќе не ти должи објаснување.
Фатаморгана, што стана реалност Во животот ништо не е случајно, и јас не бев случајна за него.
Затоа што таа веќе не е трофеј. Таа е слугинка, сенка, декор во неговиот живот. Тој одамна ја девалвирал. Во неговите очи, таа веќе не е нешто што се покажува – туку нешто што му служи.
📌 Не ја покажува – затоа што има резерви. 📌 Не ја покажува – затоа што веќе ја понижил до улога што не сјае. 📌 А ако ја покаже – тоа е пресметан потег.
🧠 Кога некој почне гласно да зборува за нарцизмот, особено некој што го познава лично, нарцисот се плаши за својата маска.
➡ Тогаш набрзина гради фасада на “среќен живот”. ➡ Одеднаш се појавува семејна слика. ➡ Видео од излет. ➡ Коментар: “горд сопруг”, “благодарен татко”.
❗Но не верувај. Тоа не е вистина – тоа е одбрана. Маската е загрозена, па ја цементира со илузија.
💔 Жената на нарцисот не е жена без вредност. Таа е често таа што издржала, молчела, се грижела и се надевала. А ако некогаш прозбори – ја прикажува како нестабилна, неблагодарна или луда.
🎯 Сè тоа – за да ја заштити својата приказна. Не неа.
Ако си била во оваа улога – не си сама. Никогаш повеќе не треба да молчиш. Затоа што сега знаеш.
🔴 Пази се од објави во кои одеднаш се појавува жена му. Ако по години молк одеднаш ја покаже… Не верувај дека е тоа љубов. Погледни кој ставил лајк. 📌 Таму често се кријат неговите “резерви”: – таа што моментално ја топли во инбоксот, – таа што не знае дека е само една од многу.
💥 Нарцисот создава конфузија. 💥 Меша улоги. 💥 Ги тестира твоите реакции.
Ако си му жена – треба да молчиш. Ако си му резерва – треба да се надеваш. Ако си бивша – треба да жалиш. А ако си паметна – ќе прогледаш.
✨ Понекогаш доволно е само да ги погледнеш лајковите под видеото и ќе ја видиш целата игра.
Ништо не е случајно. Сѐ е контролирано. Вклучително и јавниот имиџ на брак кој не е брак, туку систем.