VMESNI SVETOVI

Автор: VMESNI SVETOVI

  • Што значи да сум космополит?

    Понекогаш велам дека сум космополит – и забележувам дека овoj збор понекогаш им звучи чудно на луѓето. Но за мене, тоа не е само туѓа ознака, туку начин на живот.

    Космополит не е само оној што патувал или живеел во странство (иако и тоа сум го доживеала). Тоа е човек кој се чувствува како дома во повеќе култури, кој ја разбира и почитува различноста – не со страв, туку со отворено срце. Некој што ја гледа убавината во различноста и знае да слуша – дури и кога не разбира сè.

    За мене, тоа значи дека сум составена од многу светови – зборувам повеќе јазици, славиме различни празници, мојот дом е составен од различни луѓе и приказни. Моето семејство е спој на македонски корени и словенечко секојдневие. Мои пријателки го слават Рамазан, Божиќ и роденденот на истиот Бог – но на различни јазици. Мојот свет нема граници – ниту во јазикот, ниту во срцето.

    Да се биде космополит не значи да си без корени. Тоа значи дека твоите корени не исклучуваат други. Дека не те дефинира само националноста, името или адресата – туку вредностите, чувствата и широчината на духот.

    Затоа, кога велам дека сум космополит, всушност велам: тука сум. Помеѓу. Своја. Дома во себе – и поврзана со светот.


    🌍 Да не ги гледаме луѓето со друга боја на кожа, вера, јазик или посебни потреби со чудни очи. Да ги гледаме со почит, љубопитност и отворено срце. Можеби токму во нив ќе откриеме дел од себе што сме го заборавиле.

  • Kafe sо Vmesni svetovi📌 Rubrika: Katerina odgovarja

    🔴📍Коментар од ТикТок :
    „Нарцис не постои. Постојат само глупави луѓе кои ги обвинуваат другите за своите проблеми.“

    ☕ Мој одговор:
    Нарцизмот постои – не како навреда, туку како дијагноза призната од светската психијатрија.
    Тоа е дел од кластер Б личносни нарушувања, заедно со граничното, хистрионско и антисоцијално нарушување.

    Нарцисот: – бара восхит без крај,
    – нема емпатија,
    – користи манипулација и тишина како оружје,
    – создава врска каде жртвата се губи себеси.

    Кога жртвата конечно ќе проговори, тоа не е кукање. Тоа е преживување.

    🔵📍Komentar s TikToka:
    »Narcis ne obstaja. Obstajajo samo neumni ljudje, ki za svoje probleme krivijo druge.«

    ☕ Moj odgovor:
    Narcis obstaja. In ne gre za mnenje, ampak za uradno priznano osebnostno motnjo – del t. i. klastra B osebnostnih motenj, skupaj z mejno, histrionsko in antisocialno motnjo.

    Ljudje z narcistično osebnostno motnjo (NPD) imajo: – močno potrebo po občudovanju,
    – pomanjkanje empatije,
    – izkrivljen občutek pomembnosti,
    – pogosto uporabljajo manipulacijo, gaslighting, tihi tretma.

    To niso »neumni ljudje, ki krivijo druge«.
    To so ljudje, ki dolgo nosijo posledice psihološke zlorabe – pogosto v tišini, ker jim nihče ne verjame.

    In ko končno spregovorijo, so spet tarča – tokrat komentarjev, ki ne ločijo med osebno odgovornostjo in dolgotrajno manipulacijo.

    🔴„Нарцис не постои…“
    Чест коментар што покажува колку малку знаеме за клиничкиот нарцисизам.
    Во оваа рубрика одговарам – со зборови што мирисаат на вистина.

    🔵”Narcis ne obstaja…”
    Pogost komentar, ki kaže, kako malo vemo o kliničnem narcizmu.
    V tej rubriki odgovarjam – z besedami, ki dišijo po resnici.

  • ☕ Кафе со мисла

    Знам како е – кога никој не те поддржува.

    Кога сите гледаат, а никој не вели: „Браво!“.
    Кога веруваш во себе – само затоа што немаш друго.

    Ама денес си тука.
    Израсна. Успеа. Преживеа.

    И знаеш што?

    Сега си го пиеш кафето со високо крената глава.
    Не затоа што си совршена.
    Туку затоа што си своја.

    Тивко утро. Јас и мојата сила.
    „Секој срк – потсетник дека не се откажав.“

    Кој беше твојот тивок сојузник – или тоа беше ти самата?

  • Запис на жената што преживеа

    Не бев илузија,
    ниту приказна за едно поглавје.
    Бев светлина што те осветли,
    иако ти гледаше низ магла.

    Ти заборави,
    јас запомнив.
    Ти играше,
    јас чувствував.
    Но токму затоа сега сум слободна.

    Твоите лаги не ја одредуваат мојата вистина.
    Твоето отсуство не значи дека сум празна.
    Твоето молчење не ми треба како доказ.
    Не ми требаш повеќе за да бидам цела.

    Моето срце учеше на тежок начин,
    но сега чука почисто, појасно.
    За себе.
    За светот што ме чека.
    За животот што не е лажен.

    „Ти заборави,
    јас запомнив.
    Ти играше,
    јас чувствував.
    Но токму затоа сега сум слободна.“

    Не молчи. Пишувај, зборувај, ослободи се.
    Нека твоето срце зборува – без страв.

  • Kafe so Vmesni svetovi ☕

    Во последно време добивам многу коментари под моите објави. Секој поединечно ме радува – иако се трудам да одговорам на што е можно повеќе, морам да признаам дека некои коментари особено ме поттикнуваат на размислување.
    Како искра се – отвораат нови прашања, продлабочуваат теми или будат некои спомени. Затоа одлучив да ја создадам оваа посебна рубрика – простор каде ќе пиеме „виртуелно кафе“ и ќе разговараме, споделуваме размислувања, реакции и парчиња од нашите светови.

    Ако нешто ме допре – ќе најде место тука.
    Оваа рубрика ја создаваме заедно. 💬💓

    Катерина одговара: зборови што мирисаат на вистина
  • 🎯 Кога нарцисот бара нова цел – и зошто токму тогаш?

    Нарцисот никогаш не мирува. Не бара љубов, туку огледало. Бара внимание, потврда, обожување. А кога тоа му недостасува – тргнува во „лов“.

    Но не било кога. Тука нема ништо случајно.

    📍 Токму тогаш го бара следниот плен:

    🕛 Касно навечер

    Кога сите спијат – тој се буди.
    Започнува неговата „втора смена“ – следење, флерт, пребарување, пишување.
    Во темнината се чувствува најсигурно. Никој не гледа. Никој не прашува.

    🕞 Кога партнерката е отсутна

    Таа е во продавница или на кафе со пријателка?
    Тој веднаш проверува која „бивша“, „пријателка“ или нова следачка му е достапна.
    Секунда самотија = простор за манипулација.

    📅 За родендени, празници, годишнини

    Не ти честита од љубов – туку од стратегија.
    Ова е hoovering – тестира дали сè уште си слаба, дали го чекаш.
    Неговото „сеќавање“ има цел: повторно да влезе.

    📉 Кога му паѓа егото

    Не доби пофалба на работа? Семејството го игнорира?
    ➡️ Решение: нова цел. Нова потврда. Нова игра.
    Тој не се соочува со себе – бега во следното „огледало“.

    ❗ Важно да знаеш:

    💥 Нарцисот не бара жена.
    Бара рефлексија.
    Бара реакција.
    Бара извор од каде ќе црпи енергија.

    👁‍🗨 Ако добиваш пораки доцна навечер – тоа не е случајно. Тоа е испланирано.

    📌 Не се јавувај. Не одговарај. Не храни ѕвер кој живее од туѓа болка.

    🧠 Двојниот живот на онлајн нарцисот:

    🔹 Компулсивно однесување – постојано пребарување, „лајкување“, пишување, проверување.
    🔹 Зависност од потврда – без разлика дали е сексуална, емоционална или социјална.
    🔹 Расеан фокус – не е присутен во својот реален живот (со сопруга, деца, работа).
    🔹 Злоупотреба на време и доверба – манипулации, лаги, тајни комуникации.

    🎤 Овој текст не е само информација. Тоа е аларм.
    За секоја жена која почувствувала дека нешто не е во ред – и била во право.
    За секоја жена што добила порака во 23:48 и се прашувала „зошто сега?“
    За секоја што решила: Доста е.

    📎 Ако ова ти звучи познато – не си сама.

    📱 Тој не спие. Тој пребарува.
    Во темнината на ноќта, додека сите одмораат, нарцисот е буден.
    Со поглед вперен во екранот – во потрага по следната цел. Следна потврда. Следна игра.
    Ова не е љубов. Ова е стратегија
  • Како знаеш дека имаш работа со нарцис?

    Полека, но сигурно, почнуваш да го губиш чувството за тоа кој/што си.
    Зошто?
    Затоа што со него ништо не оди природно.
    Со него нема „со текот на животот“.
    Со него секогаш има напнатост. Драма. Молк или експлозија.

    Нарцисот мора да контролира сè.
    Вклучително и твоите емоции.

    ➡️ Многу тешко е да ги направиш среќни – речиси невозможно.
    ➡️ Секогаш нешто ќе направиш „погрешно“.
    ➡️ Никогаш не е доволно – ни кога се даваш цела.
    ➡️ Секој разговор е како затворен круг – без крај, без смисла.
    ➡️ Или ќе се караат со тебе, или ќе те казнуваат со молчење.

    Нема крај, нема мир.
    Само се зголемува празнината… во тебе.

    А најстрашно од сè?
    Кога почнуваш да веруваш дека ти си проблемот.
    Дека ти си премногу чувствителна.
    Дека само уште малку треба да трпиш. Уште малку да разбереш. Уште малку да… исчезнеш.

    Но не.
    Не си ти проблемот.
    Проблемот е што си заробена во игра без правила –
    со некој што победува само кога ти ке се изгубиш себе.

    Ако секогаш е тешко, ако секогаш боли, ако никогаш не се чувствуваш доволно добра – прашај се: Дали ова навистина е љубов?
    Или е контрола преправена во емоции?

    ✨ Портрет на нарцисот ✨
    На прв поглед: самоуверен, шармантен, магнетичен.
    Но зад маската се крие нешто друго.
    👁‍🗨 Глад за контрола.
    👁‍🗨 Страв од вистинска интимност.
    👁‍🗨 Неможност да сака без да повредува.

    Ова не е само лице. Ова е приказ на илузија – и на будење од неа.
    За сите што го виделе шармот, но ја почувствувале и темнината.

    📌 Ако некогаш си се изгубила себеси обидувајќи се да го сакаш – ова е и твојата приказна.

  • 🔻 Како се извинува нарцисот – ако воопшто се извини

    И зошто твоето срце останува без одговор.

    Нарцисот никогаш не се извинува искрено.
    Не затоа што не направил ништо погрешно – туку затоа што вистинското извинување би значело да ја признае својата вина.
    А тоа би значело да се соочи со внатрешниот срам кој длабоко го носи во себе.
    А со тоа не знае да живее.

    Ако се извини, тоа не е од срце. Тоа е затоа што сѐ уште сака нешто од тебе.
    И дури и тогаш ќе каже нешто во стил:
    ❝ Се извинувам што така си се чувствувала. ❞
    Што во превод значи: „Јас ништо не направив. ТИ си проблемот.“

    Многу често – воопшто не се извинува.
    Едноставно ќе почне да зборува за други теми, како ништо да не се случило.
    Или ќе се постави како жртва, тивко и ранливо:
    ❝ Си заборавила ли колку ни беше убаво? ❞

    О, таа реченица.
    Тоа е оној трик со кој сака да те врати назад.
    Но не затоа што се сменил.
    Туку затоа што знае дека имаш срце.
    Знае дека си чувствителна, лојална, дека ти недостасува убавината – онаа што ти ја дал во фазата на идеализација.

    Но вистината е:
    ❗ Тој не заборавил колку беше грдо. Само сака ТИ да заборавиш.

    Кога сака да се врати во твојот живот – не доаѓа со признание.
    Не доаѓа со искрено жалење.
    Не знае да се соочи со ранливост.
    Не знае да преземе одговорност.
    Зашто би морал да признае дека не бил твојот спасител – туку оној што те скрши.

    А тоа би го разбудило срамот што не може да го издржи.

    📌 Затоа запомни:
    Нарцисот не бара помирување.
    Тој бара враќање на контролата.
    И секое „извини“ е само замаскирана манипулација.

  • 🧠🔴 Нарцисоидна иронија #3

    Се фалеше како колешките му прават најдобро кафе… ☕
    со намера да ме испровоцира.
    Но сега, кога јас зборувам гласно и јавно,
    почнува да крие ознаки,
    да чисти траги,
    да се прави невидлив. 😇

    💬 Не е почит – тоа е страв од разобличување.


    #НарцисоидниИронии #ОнааШтоПрогледа #ТојНеЕТај #СлушајСе #НеСиЛуда #ЈасЗборувам #НемаПовеќеМолк #МанипулацијаНаДозвола #ЖениСоГлас

    📌 Кога молчев, мислеше дека не гледам.
    А јас само чекав момент… да прозборам.
    И да престанам да бидам удобна во неговата приказна.
  • 🔥 ЖЕНСКИОТ НАРЦИС – РАЗОТКРИЕН ДО СРЖТА

    за сите што се сомневаат дали го доживеале – и зошто сè уште болат.

    🧠 1. Маска: „Јас сум добра жена, добра мајка, добра пријателка.“

    Тоа е основниот штит на женскиот нарцис.
    Нејзиниот углед, изглед, имиџ – сè е прецизно изградено, за никој да не се осмели да посомнева дека е ладна, манипулативна и без вистинска емпатија.

    > 📌 Во реалноста:
    Она што го гледаш пред другите, не е вистинската таа. Вистинската делува зад затворени врати – таму каде што никој не ја гледа твојата болка.

    🧊 2. Нејзината љубов е валута. Не е безусловна – туку заем.

    > „Ако бидеш добра, ќе добиеш пофалба.“
    „Ако ме разочараш, ќе ме изгубиш.“
    „Ако не си како што јас замислив, си неблагодарна.“

    Секоја нејзина наклонетост има услов. И секое отстапување се казнува со молк, засрамување или исклучување.

    > 📌 Признание:
    Колку пати си се трудела да бидеш „доволна“? Колку пати си се чувствувала како лоша личност – само затоа што имаш свое мислење?

    🕸️ 3. Емоционална уцена: Плач, улога на жртва, драма

    Женскиот нарцис плаче кога ќе ја фатиш во лага. Се претвора во жртва кога ќе ја соочиш со одговорност.
    Никогаш нема да се извини. Никогаш.
    Наместо тоа, ќе рече: „Како можеш тоа да ми го направиш? Толку многу сум ти дала.“

    > 📌 Внатрешно чувство:
    Тивка вина, чудно притискање во градите – иако само сакаш да бидеш слушната.

    🩸 4. Пофалба со отровна игла: „Ама знаеш и да бидеш малку сурова, нели?“

    Те фали дека си убава, ама веднаш додава дека си премногу горделива.
    Ќе рече дека те цени, ама потоа ќе напомене дека си ја „надраснала реалноста“.
    Сее сомнеж. Затоа што сомнежот ја храни.

    > 📌 Телото се собира. Душата се збунува. Се прашуваш – дали сум навистина чудна? Премногу? Премалку?

    👁️ 5. Љубомора и натпревар – никогаш искрено нема да ти се израдува.

    Ако ѝ кажеш дека си среќна:

    > „Епа, уживај додека трае.“
    Ако постигнеш нешто:
    „Браво, и јас тоа одамна го направив.“
    Ако блеснеш:
    „Малку си претера, не мислиш?“

    >📌 Секој твој успех таа го доживува како напад. Засветиш – и веднаш добиваш казна.

    💥 6. Не признава лични граници. Твоето тело, чувства – се за нејзина контрола.

    Ако е мајка:

    > Ти кажува како да мислиш, кога си зрела, кому си должна.
    Ако е партнерка:
    Те цеди емотивно, па те остава празен.
    Ако е пријателка:
    Те сака додека си нејзина обожавателка. Ако пораснеш – исчезнува.

    > 📌 Ти не си личност – си продолжение на неа. И кога ќе речеш НЕ – стануваш непријател.

    🪞 7. Има огледало – не срце. Те гледа како закана или алатка. Никогаш како вистинска личност.

    Ако покажеш чувства – ќе рече дека си премногу сензитивна.
    Ако поставиш граници – ќе те нарече себична.
    Ако се оддалечиш – ќе шири дека си неблагодарна, „лудa“, разочарување.

    > 📌 Нарцисот секогаш си креира приказна каде што таа е жртва – а ти си онаа што треба да се „поправи“.

    🪙 8. Нејзините зборови не се само зборови – тие се алатки за моќ.

    Тие се прецизно избрани:
    – Да те збунат.
    – Да ти го променат сеќавањето.
    – Да те срушат – со насмевка.

    > „Само ти давам совет.“
    „Ова ти го велам за твое добро.“
    „Немаш чувство за реалност.“

    > 📌 Gaslighting е нејзината секојдневна алатка.

    🕯️ НАЈТЕШКОТО ВО СИТЕ ОБЛИЦИ НА ЖЕНСКИОТ НАРЦИЗАМ:

    Е тоа што ѝ веруваат сите.
    Таа е „добрата мајка“, „жена маченица“, „пријателка со златни совети“.
    А кога ќе посакаш да ја разобличиш – ти си „проблемот“.

    🌱 ЗАКЛУЧОК:

    Ако се препозна во ова – тоа не е твојот пораз. Тоа е твоето будење.
    Женскиот нарцис ќе направи сè за да те сопре.
    Но ти можеш да излезеш од нејзиниот круг – кога ќе поверуваш најпрво во себе.

    📌 Напомена за статистиката:

    Повеќето истражувања покажуваат дека околу 75 % од дијагностицираните со нарцистичко нарушување на личноста се мажи, додека околу 25 % се жени.
    Кај жените почесто се поставуваат дијагнози како:

    гранично нарушување на личноста (borderline personality disorder),

    нарушување на личноста со потреба за внимание (histrionic personality disorder),

    или се карактеризираат како емоционално нестабилни.


    Но многу од нив реално покажуваат нарцистичка динамика – особено преку манипулација, жртвеност и контролирачко однесување.



    Кога љубовта е маска – а огледалото единствениот сведок.