VMESNI SVETOVI

Автор: VMESNI SVETOVI

  • Kafe so Vmesni svetovi ☕

    Во последно време добивам многу коментари под моите објави. Секој поединечно ме радува – иако се трудам да одговорам на што е можно повеќе, морам да признаам дека некои коментари особено ме поттикнуваат на размислување.
    Како искра се – отвораат нови прашања, продлабочуваат теми или будат некои спомени. Затоа одлучив да ја создадам оваа посебна рубрика – простор каде ќе пиеме „виртуелно кафе“ и ќе разговараме, споделуваме размислувања, реакции и парчиња од нашите светови.

    Ако нешто ме допре – ќе најде место тука.
    Оваа рубрика ја создаваме заедно. 💬💓

    Катерина одговара: зборови што мирисаат на вистина
  • 🎯 Кога нарцисот бара нова цел – и зошто токму тогаш?

    Нарцисот никогаш не мирува. Не бара љубов, туку огледало. Бара внимание, потврда, обожување. А кога тоа му недостасува – тргнува во „лов“.

    Но не било кога. Тука нема ништо случајно.

    📍 Токму тогаш го бара следниот плен:

    🕛 Касно навечер

    Кога сите спијат – тој се буди.
    Започнува неговата „втора смена“ – следење, флерт, пребарување, пишување.
    Во темнината се чувствува најсигурно. Никој не гледа. Никој не прашува.

    🕞 Кога партнерката е отсутна

    Таа е во продавница или на кафе со пријателка?
    Тој веднаш проверува која „бивша“, „пријателка“ или нова следачка му е достапна.
    Секунда самотија = простор за манипулација.

    📅 За родендени, празници, годишнини

    Не ти честита од љубов – туку од стратегија.
    Ова е hoovering – тестира дали сè уште си слаба, дали го чекаш.
    Неговото „сеќавање“ има цел: повторно да влезе.

    📉 Кога му паѓа егото

    Не доби пофалба на работа? Семејството го игнорира?
    ➡️ Решение: нова цел. Нова потврда. Нова игра.
    Тој не се соочува со себе – бега во следното „огледало“.

    ❗ Важно да знаеш:

    💥 Нарцисот не бара жена.
    Бара рефлексија.
    Бара реакција.
    Бара извор од каде ќе црпи енергија.

    👁‍🗨 Ако добиваш пораки доцна навечер – тоа не е случајно. Тоа е испланирано.

    📌 Не се јавувај. Не одговарај. Не храни ѕвер кој живее од туѓа болка.

    🧠 Двојниот живот на онлајн нарцисот:

    🔹 Компулсивно однесување – постојано пребарување, „лајкување“, пишување, проверување.
    🔹 Зависност од потврда – без разлика дали е сексуална, емоционална или социјална.
    🔹 Расеан фокус – не е присутен во својот реален живот (со сопруга, деца, работа).
    🔹 Злоупотреба на време и доверба – манипулации, лаги, тајни комуникации.

    🎤 Овој текст не е само информација. Тоа е аларм.
    За секоја жена која почувствувала дека нешто не е во ред – и била во право.
    За секоја жена што добила порака во 23:48 и се прашувала „зошто сега?“
    За секоја што решила: Доста е.

    📎 Ако ова ти звучи познато – не си сама.

    📱 Тој не спие. Тој пребарува.
    Во темнината на ноќта, додека сите одмораат, нарцисот е буден.
    Со поглед вперен во екранот – во потрага по следната цел. Следна потврда. Следна игра.
    Ова не е љубов. Ова е стратегија
  • Како знаеш дека имаш работа со нарцис?

    Полека, но сигурно, почнуваш да го губиш чувството за тоа кој/што си.
    Зошто?
    Затоа што со него ништо не оди природно.
    Со него нема „со текот на животот“.
    Со него секогаш има напнатост. Драма. Молк или експлозија.

    Нарцисот мора да контролира сè.
    Вклучително и твоите емоции.

    ➡️ Многу тешко е да ги направиш среќни – речиси невозможно.
    ➡️ Секогаш нешто ќе направиш „погрешно“.
    ➡️ Никогаш не е доволно – ни кога се даваш цела.
    ➡️ Секој разговор е како затворен круг – без крај, без смисла.
    ➡️ Или ќе се караат со тебе, или ќе те казнуваат со молчење.

    Нема крај, нема мир.
    Само се зголемува празнината… во тебе.

    А најстрашно од сè?
    Кога почнуваш да веруваш дека ти си проблемот.
    Дека ти си премногу чувствителна.
    Дека само уште малку треба да трпиш. Уште малку да разбереш. Уште малку да… исчезнеш.

    Но не.
    Не си ти проблемот.
    Проблемот е што си заробена во игра без правила –
    со некој што победува само кога ти ке се изгубиш себе.

    Ако секогаш е тешко, ако секогаш боли, ако никогаш не се чувствуваш доволно добра – прашај се: Дали ова навистина е љубов?
    Или е контрола преправена во емоции?

    ✨ Портрет на нарцисот ✨
    На прв поглед: самоуверен, шармантен, магнетичен.
    Но зад маската се крие нешто друго.
    👁‍🗨 Глад за контрола.
    👁‍🗨 Страв од вистинска интимност.
    👁‍🗨 Неможност да сака без да повредува.

    Ова не е само лице. Ова е приказ на илузија – и на будење од неа.
    За сите што го виделе шармот, но ја почувствувале и темнината.

    📌 Ако некогаш си се изгубила себеси обидувајќи се да го сакаш – ова е и твојата приказна.

  • 🔻 Како се извинува нарцисот – ако воопшто се извини

    И зошто твоето срце останува без одговор.

    Нарцисот никогаш не се извинува искрено.
    Не затоа што не направил ништо погрешно – туку затоа што вистинското извинување би значело да ја признае својата вина.
    А тоа би значело да се соочи со внатрешниот срам кој длабоко го носи во себе.
    А со тоа не знае да живее.

    Ако се извини, тоа не е од срце. Тоа е затоа што сѐ уште сака нешто од тебе.
    И дури и тогаш ќе каже нешто во стил:
    ❝ Се извинувам што така си се чувствувала. ❞
    Што во превод значи: „Јас ништо не направив. ТИ си проблемот.“

    Многу често – воопшто не се извинува.
    Едноставно ќе почне да зборува за други теми, како ништо да не се случило.
    Или ќе се постави како жртва, тивко и ранливо:
    ❝ Си заборавила ли колку ни беше убаво? ❞

    О, таа реченица.
    Тоа е оној трик со кој сака да те врати назад.
    Но не затоа што се сменил.
    Туку затоа што знае дека имаш срце.
    Знае дека си чувствителна, лојална, дека ти недостасува убавината – онаа што ти ја дал во фазата на идеализација.

    Но вистината е:
    ❗ Тој не заборавил колку беше грдо. Само сака ТИ да заборавиш.

    Кога сака да се врати во твојот живот – не доаѓа со признание.
    Не доаѓа со искрено жалење.
    Не знае да се соочи со ранливост.
    Не знае да преземе одговорност.
    Зашто би морал да признае дека не бил твојот спасител – туку оној што те скрши.

    А тоа би го разбудило срамот што не може да го издржи.

    📌 Затоа запомни:
    Нарцисот не бара помирување.
    Тој бара враќање на контролата.
    И секое „извини“ е само замаскирана манипулација.

  • 🧠🔴 Нарцисоидна иронија #3

    Се фалеше како колешките му прават најдобро кафе… ☕
    со намера да ме испровоцира.
    Но сега, кога јас зборувам гласно и јавно,
    почнува да крие ознаки,
    да чисти траги,
    да се прави невидлив. 😇

    💬 Не е почит – тоа е страв од разобличување.


    #НарцисоидниИронии #ОнааШтоПрогледа #ТојНеЕТај #СлушајСе #НеСиЛуда #ЈасЗборувам #НемаПовеќеМолк #МанипулацијаНаДозвола #ЖениСоГлас

    📌 Кога молчев, мислеше дека не гледам.
    А јас само чекав момент… да прозборам.
    И да престанам да бидам удобна во неговата приказна.
  • 🔥 ЖЕНСКИОТ НАРЦИС – РАЗОТКРИЕН ДО СРЖТА

    за сите што се сомневаат дали го доживеале – и зошто сè уште болат.

    🧠 1. Маска: „Јас сум добра жена, добра мајка, добра пријателка.“

    Тоа е основниот штит на женскиот нарцис.
    Нејзиниот углед, изглед, имиџ – сè е прецизно изградено, за никој да не се осмели да посомнева дека е ладна, манипулативна и без вистинска емпатија.

    > 📌 Во реалноста:
    Она што го гледаш пред другите, не е вистинската таа. Вистинската делува зад затворени врати – таму каде што никој не ја гледа твојата болка.

    🧊 2. Нејзината љубов е валута. Не е безусловна – туку заем.

    > „Ако бидеш добра, ќе добиеш пофалба.“
    „Ако ме разочараш, ќе ме изгубиш.“
    „Ако не си како што јас замислив, си неблагодарна.“

    Секоја нејзина наклонетост има услов. И секое отстапување се казнува со молк, засрамување или исклучување.

    > 📌 Признание:
    Колку пати си се трудела да бидеш „доволна“? Колку пати си се чувствувала како лоша личност – само затоа што имаш свое мислење?

    🕸️ 3. Емоционална уцена: Плач, улога на жртва, драма

    Женскиот нарцис плаче кога ќе ја фатиш во лага. Се претвора во жртва кога ќе ја соочиш со одговорност.
    Никогаш нема да се извини. Никогаш.
    Наместо тоа, ќе рече: „Како можеш тоа да ми го направиш? Толку многу сум ти дала.“

    > 📌 Внатрешно чувство:
    Тивка вина, чудно притискање во градите – иако само сакаш да бидеш слушната.

    🩸 4. Пофалба со отровна игла: „Ама знаеш и да бидеш малку сурова, нели?“

    Те фали дека си убава, ама веднаш додава дека си премногу горделива.
    Ќе рече дека те цени, ама потоа ќе напомене дека си ја „надраснала реалноста“.
    Сее сомнеж. Затоа што сомнежот ја храни.

    > 📌 Телото се собира. Душата се збунува. Се прашуваш – дали сум навистина чудна? Премногу? Премалку?

    👁️ 5. Љубомора и натпревар – никогаш искрено нема да ти се израдува.

    Ако ѝ кажеш дека си среќна:

    > „Епа, уживај додека трае.“
    Ако постигнеш нешто:
    „Браво, и јас тоа одамна го направив.“
    Ако блеснеш:
    „Малку си претера, не мислиш?“

    >📌 Секој твој успех таа го доживува како напад. Засветиш – и веднаш добиваш казна.

    💥 6. Не признава лични граници. Твоето тело, чувства – се за нејзина контрола.

    Ако е мајка:

    > Ти кажува како да мислиш, кога си зрела, кому си должна.
    Ако е партнерка:
    Те цеди емотивно, па те остава празен.
    Ако е пријателка:
    Те сака додека си нејзина обожавателка. Ако пораснеш – исчезнува.

    > 📌 Ти не си личност – си продолжение на неа. И кога ќе речеш НЕ – стануваш непријател.

    🪞 7. Има огледало – не срце. Те гледа како закана или алатка. Никогаш како вистинска личност.

    Ако покажеш чувства – ќе рече дека си премногу сензитивна.
    Ако поставиш граници – ќе те нарече себична.
    Ако се оддалечиш – ќе шири дека си неблагодарна, „лудa“, разочарување.

    > 📌 Нарцисот секогаш си креира приказна каде што таа е жртва – а ти си онаа што треба да се „поправи“.

    🪙 8. Нејзините зборови не се само зборови – тие се алатки за моќ.

    Тие се прецизно избрани:
    – Да те збунат.
    – Да ти го променат сеќавањето.
    – Да те срушат – со насмевка.

    > „Само ти давам совет.“
    „Ова ти го велам за твое добро.“
    „Немаш чувство за реалност.“

    > 📌 Gaslighting е нејзината секојдневна алатка.

    🕯️ НАЈТЕШКОТО ВО СИТЕ ОБЛИЦИ НА ЖЕНСКИОТ НАРЦИЗАМ:

    Е тоа што ѝ веруваат сите.
    Таа е „добрата мајка“, „жена маченица“, „пријателка со златни совети“.
    А кога ќе посакаш да ја разобличиш – ти си „проблемот“.

    🌱 ЗАКЛУЧОК:

    Ако се препозна во ова – тоа не е твојот пораз. Тоа е твоето будење.
    Женскиот нарцис ќе направи сè за да те сопре.
    Но ти можеш да излезеш од нејзиниот круг – кога ќе поверуваш најпрво во себе.

    📌 Напомена за статистиката:

    Повеќето истражувања покажуваат дека околу 75 % од дијагностицираните со нарцистичко нарушување на личноста се мажи, додека околу 25 % се жени.
    Кај жените почесто се поставуваат дијагнози како:

    гранично нарушување на личноста (borderline personality disorder),

    нарушување на личноста со потреба за внимание (histrionic personality disorder),

    или се карактеризираат како емоционално нестабилни.


    Но многу од нив реално покажуваат нарцистичка динамика – особено преку манипулација, жртвеност и контролирачко однесување.



    Кога љубовта е маска – а огледалото единствениот сведок.
  • 🧠Нарцисоидни иронии #2

    “Тој што беше онлајн нон-стоп од понеделник до петок, викендот магично исчезнува…
    Затоа што… е семеен човек. 😇”

    💬 Препознатливо? Не го слушај неговото оправдување – слушај го тоа што го чувствуваш.
    #НарцисоидниИронии #ТојНеЕТај

    Нарцисоидни иронии #2
    Онлајн цела недела…
    исчезнат за викенд.
    😇 Семеен човек.
  • 🔴 Иронија #1 – Кога кловнот почнува да се плаши од публиката

    И како што велиш – ако е кловн, нека настапува.
    Но сега, токму ти му го држиш огледалото.
    Тој веќе не знае кој го гледа, кој знае, и кој ќе го следи.

    А кога кловнот почнува да се плаши од публиката –
    НЕ Е ПОВЕЌЕ СМЕШНО.

    Нека се труди, нека глуми, нека се крие –
    твојата тишина го збунува.

    А ти?
    Ти веќе одамна си надвор од неговиот циркус.
    И тоа е твојата најголема победа.

  • Имам уште еден свет во ракавот

    Не можеш да ме скршиш –
    зошто не сум изградена само од овој свет.

    Имам уште еден.
    Можеби два.
    Или десет, ако треба.

    Во секој од нив
    можам да летам,
    да ги срушам ѕидовите
    што ти си ги изградил,
    и секое твое „не може“
    да го претворам во „можеби“
    или  во „се разбира дека може“.

    Мојата имагинација не е бегство.
    Таа е оружје.
    Засолниште.
    Кралство во кое јас ги пишувам правилата.

    И токму затоа не можеш да ме поразиш.
    Зошто кога ти мислиш дека сум во ќош,
    јас веќе имам изградено излез.
    Кога ти мислиш дека молчам,
    јас зборувам на јазик
    што ти сè уште не го разбираш.

    Не се плашам од падови –
    зошто во моите светови
    ги претворам во лет.

    И најубавото?
    Тоа не можеш да ми го земеш.
    Зошто мојот свет почнува таму
    каде што твојот завршува.

  • 🌕 ЕЛЕНСКА МЕСЕЧИНА – Buck Moon (јулска полна месечина)

    📅 2025: врвот е на 10 јули во 20:37 часот
    🌕 Активна енергија: од 8 до 12 јули

    🦌 Зошто се вика „Еленска месечина“?

    Името Buck Moon доаѓа од набљудувањата на природата кај домородните народи на Северна Америка. Во овој период младите елени (англ. bucks) почнуваат да развиваат нови рогови – покриени со меко кадифе. Роговите симболизираат машка сила, моќ, цикличен раст и природна трансформација.

    Така јулската полна месечина станала месечина на обновување на личната моќ и внатрешната храброст.

    ✨ Што носи оваа месечина – духовна порака

    Еленската месечина е полна со земјена мудрост. Нејзината енергија те повикува на:

    🔹 тивко набљудување на сопствениот пат
    🔹 зајакнување на внатрешниот столб на сила (како роговите на еленот)
    🔹 препознавање на старите ранливости што всушност те прават единствена
    🔹 ослободување од споредби – секој расте во свој ритам
    🔹 прифаќање на својата дивја, но чувствителна природа

    Ова е време кога под полната месечина во нас се засилува одлучноста – да бидеме тоа што навистина сме, без разлика што вели светот околу нас.

    🌿 Што да правиш за време на Еленската месечина?

    ✨ Пиши – дневник, писмо до себе или до својата внатрешна сила
    ✨ Исчисти го просторот (и умот) – физички, енергетски или емоционално
    ✨ Оди во природа – најдобро меѓу дрвја или покрај вода
    ✨ Запиши или изговори:

    > „Растам во својата сила. Тивко и величествено како елен под месечината.“

    🌌 Астролошко влијание (2025):

    Еленската месечина во 2025 паѓа во знакот на Јарец – затоа нејзиното влијание е стабилно, силно, со внатрешна дисциплина.
    Ова не е месечина за драматични емоционални испади, туку за тивка одлука:
    Доста беше чекање. Сега одам напред.