VMESNI SVETOVI

Категорија: Препознај манипулација

Категоријата „Препознај манипулација“ е простор за сите што чувствуваат дека нешто во односот не е во ред, но тешко го именуваат. Тука ќе најдеш јасни објаснувања, примери од секојдневието и длабоки увиди што помагаат да ги препознаеш суптилните форми на манипулација, да поставиш здрави граници и да ја заштитиш својата автентичност.

  • Три пати кога повеќе го боли него одошто си мислиш

    (мала тортура за нарцисот – не намерно, туку затоа што си се избрала себеси)

    ✨ 1. Кога ке го одбиеш love bombing-от
    На почетокот ти нуди сè – комплименти, внимание, интензивни изјави… А ти не паѓаш. Остануваш приземјена.
    🧠 За него? Одбивање на егото. Шок. Напад на големата самослика.

    ✨ 2. Кога ке го одбиеш hoovering-от
    Откако те „отфрлил“ или ти си го прекинала контактот – те тестира. Праќа сигнали, те вика назад, игра на твојата емпатија.
    А ти? Молчиш. Без одговор.
    🧠 За него? Недостапна цел. Лут е, затоа што играта повеќе не функционира.

    ✨ 3. Кога го раскриваш.
    Кога ја разбираш динамиката. Кога го гледаш јасно и тоа и го кажуваш. Не со бес – туку со мир, со свесност.
    🧠 За него? Маската му е загрозена. Паника. Срам (со кој не знае што да прави).

    Три пати кога се избрав себеси – и го болеше повеќе од што очекував.
  • „Си простувам за тоа што бев додека преживував.“

    Оваа реченица длабоко трогнува – признание дека начинот на преживување не бил избор, туку нужност. Се работи за тоа да си дадеш сочувство за таа верзија од себе што морала само да опстои.

    🌱 Зошто ова е важно

    Самопрошка: Препознавање на начини на кои сме преживувале – емоционални ѕидови, прекумерна работа, постојана напнатост – е првиот чекор кон свесна грижа за себе.

    Ментален раст: Не си „скршена“ затоа што си се адаптирала. Ти си човек. Кога ќе си простиш, отвораш простор за заздравување и трансформација.

    Повраток на личната моќ: Преживувањето е фаза, не идентитет. Еднаш ти служело – сега можеш да избереш поинаков начин на живеење.

    Инспирации кои го надополнуваат ова

    Michele Rosenthal напиша:
    „Модот на преживување треба да биде фаза што го спасува твојот живот. Не е наменета за постојано живеење.“

    Исто така:
    „Не си мрзлива, немотивирана или заглавена. По години живеење во мод на преживување – си исцрпена. Тоа е разлика.“

    Овие зборови не потсетуваат: тоа што си преживеала, не значи дека мора така да продолжиш.

    Си простувам.
    За сите избори што ги направив додека се борев да преживеам.
    За тишината, за стравот, за тоа што се изгубив себеси по пат.
    Тоа не беше слабост – тоа беше сила во најтешка форма.
    Сега се враќам. По мој терк. Со љубов кон себе.

    Што можеш да направиш понатаму

    1. Размисли: Како се справуваше во тешките времиња? Признај си ги начините на кои си се заштитувала.


    2. Прости си: Биди нежна со таа верзија од себе. Си давала сè од себе.


    3. Преод: Како изгледа живот надвор од преживување – кон цветење? Почни со мали, нежни чекори.


    4. Поддршка: Обрати се кај блиски, заедници или професионалци ако сè уште се справуваш со процесот на опоравување.



  • 🎓 Образованието не е исто што и интелигенцијата.

    А тоа особено важи кога станува збор за нарциси.

    Некои нарциси се кријат зад своите титули, дипломи, функции, докторски студии…
    Но тоа не значи дека се емоционално интелигентни.
    Или дека знаат да сакаат.
    Или дека се разбираат себеси и другите.

    🧠 Интелигенцијата е повеќе од знаење.
    Тоа е способност за разбирање, емпатија, саморефлексија и самокритика.
    Квалитети што нарцисот едноставно ги нема – без оглед на тоа колку титули има на визитката.

    🚩 Не дозволувај да те убеди неговата „памет“.
    Прати како се чувствуваш покрај него.
    Тоа ќе ти каже повеќе од целиот негов CV.

    Образованието не значи интелигенција.
    Особено кога станува збор за нарцисите.
    Некои од нив се кријат зад дипломи и титули,
    но се емоционално неписмени.
    Интелектот без емпатија е само маска.
    Зад неа често стои личност со емоционална зрелост
    на дете од 3–4 години.

  • ВО ОПОЈОТ НА НАРЦИСОТ

    📖 (Извадок од книгата „Во опојот на НАРЦИСОТ”, стр. 14–15)

    …можеби (барем некое време) и самите не сме свесни за тоа, а ни нашата околина (блиски, колеги, соседи…) нема да забележи дека нешто не е во ред. Напротив: може да се случи токму оние што треба да ни помогнат, да застанат на страната на напаѓачот и ние во нашата мака да останеме сосема сами.

    Односите во кои постои насилство, било психичко, физичко, сексуално и/или какво било друго, треба да се прекинат (да се лекуваат, ако е можно – ако другата страна е подготвена), да се оддалечиме или да ги „оладиме“ и да ги сведеме на најосновен контакт. Во тие моменти не е важно зошто некој нè повредува или дали има некакво нарушување, туку дали неговото однесување е насилно – и клучно е, дали ние од тој насилен (и злоупотребувачки) однос ќе се повлечеме. Често полесно е да се биде кратко осамен отколку трајно во болка.

    Во случајот кога во основата на односот лежи личност со нарушување на личноста, особено нарцисоидно, тогаш тоа за нас претставува драгоцена информација. Прво, затоа што можеме да научиме како да се однесуваме за од таков однос да излеземе што е можно помалку повредени (или ако мора да го задржиме, во рамки на способностите), и второ затоа што со разбирање на светот како што го доживува личност со нарцисоидно нарушување, полесно ќе разбереме од што всушност се состои нашиот однос со неа и што самите ѝ претставуваме.

    👉 Дали некогаш си се почувствувала како плен? Како да не те гледаат како човек, туку како средство – за уживање, моќ, храна, статус?

    🔸 Кога не си човек, туку стек 🔸
    (🧠 нарцисистичка динамика, објаснета преку цртан филм)

    Го познавате цртаниот филм Том и Џери? Во епизодата Неговиот глушец Петок (His Mouse Friday), изнемоштениот Том од зад дебелото стебло на палма го набљудува Џери, кој (цел заоблен) шета по плажата, а во него гледа само – сочен стек.

    Поедноставено кажано, ние сме Џери, личноста со нарцисоидно нарушување е Том.
    И не гледа така, како што Том го гледа Џери: како стек.

    Оваа споредба е корисна за полесно да се соочиме со тоа што навистина се крие зад „љубезноста“ на личноста со НОМ (нарцисоидно нарушување на личноста) кон нас. Тоа е болен процес, но носи олеснување, особено кога ќе се справиме со чувството на вина. Нашата единствена „вина“ во таквиот однос е фактот дека не сакаме веќе да бидеме – стек. Таквиот поглед на нештата ни помага полесно да се соочиме со сознанието дека во тој однос никогаш немало вистинска љубов, а воедно повторно носи одредено олеснување при спознанието дека не сме ја изгубиле „љубовта на животот“, „најдобриот пријател“, „сродната душа“ итн.

    Така нè гледа нарцисот. Не како личности со душа, желби и чувства, туку како нешто што може да се искористи. Како продолжеток на себеси.

    А ние? Ние сме Џери. Не ни насетуваме како изгледаме низ неговите очи – сè додека не нè заболи.

    Затоа е ослободувачки моментот кога за првпат јасно ќе видиш:
    👉 „Јас не сум стек. И не сакам веќе да бидам на неговото мени.“


  • Кога нарцисот се враќа – а ти не знаеш дека тоа се вика hoovering

    Не ти пишува затоа што си »посебна«.
    Туку затоа што си најлесна за враќање.
    Затоа што си достапна, емпатична, подготвена да простиш.

    Но не дозволувај да те залаже:
    ❌ Тоа не е љубов.
    ❌ Тоа не е судбина.
    ❌ Тоа не е „повторно спојување на душите“.

    Тоа е игра.
    📌 Игра со резерви.
    📌 Игра со оние што сè уште може да ги контролира.
    📌 Игра со повеќе отворени опции – каде ти си само една од нив.

    ‼️ 9 од 10 пати кога ти пишува – пишува и на други.
    Можеби со друг тон,
    но со иста цел:
    Да си го нахрани егото. И да најде некој што уште му верува на маската.

    👉 Тоа што се враќа, има име:
    Hoovering.

    Hoovering е кога повторно те контактира:
    – по долго време ти пишува „Еј…“
    – се појавува со нова приказна
    – глуми жртва, покајание или шарм
    – пробува пак да те вовлече
    ❌ Не затоа што те сака.
    ✅ Туку затоа што му недостасува внимание од други.


    🔍 Пример од пракса:

    > „После 3 месеци без збор, ми напиша само: ‘Се сетив на тебе.’
    Јас – срце ми заигра.
    А потоа дознав дека истата порака ја испратил и на уште две негови бивши.“

    🧨 Не си единствената.
    Додека ти пишува –
    пишува и на други.
    🎭 Пробува со сите опции.
    Некој ќе му поверува. Некој ќе се врати.
    Нему му е важно само:
    Кој ќе му го храни егото.

    Можеби мислиш дека се освестил.
    Дека почнал да те цени.
    Дека конечно разбрал што имал покрај себе.

    🛑 Но вистината е поинаква.
    Не наседнувај.
    Враќањето не е доказ за љубов –
    туку доказ дека уште си му корисна.


  • 🖤 Нарцис може да биде и мајка – но болката е иста

    1.

    Нарцисот нема пол.
    Има образец.
    А тој образец вели:
    „Ти постоиш за мене – сè додека ме храниш.“

    2.

    Мајка што те гледа само кога си „добра“.
    Која сака само кога си онаква каква што таа посакува.
    Споредува. Понижува.
    Ги отфрла твоите чувства со само еден поглед.

    3.

    Мајка што не ти дозволува да се разболиш.
    Што се натпреварува со твојата женственост.
    Казнува со тишина.
    И бара восхит од светот повеќе отколку блискост со тебе.

    4.

    Можеби тоа се нарекуваше љубов.
    Но те болеше.
    Затоа што како девојче чувствуваше:
    „Ако покажам која сум – ќе бидам отфрлена.“

    5.

    Не беше разгалена.
    Не измислуваше.
    Само растеше во куќа каде што мораше да угодуваш
    за да бидеш сакана.

    6.

    Златна ќерка.
    Виновна ќерка.
    Тивка ќерка.
    Секоја улога што ја прифати,
    беше само начин да преживееш.

    7.

    И сега – како возрасна – разбираш.
    Тоа не беше љубов.
    Тоа беше контрола.
    Со убава амбалажа.

    8.

    Пишувам затоа што боли да се признае
    дека раните не дојдоа од непријател –
    туку од оној што требаше да биде сигурна прегратка.

    9.

    Но не, драга моја –
    со тебе нема ништо погрешно.
    Само порасна со жена
    која не знаеше да сака здраво.

    🕊️
    За тебе, што препозна – и заслужуваш повеќе.
    #ОнаШтоПрогледа

    🖤 Во нејзината прегратка – но без топлина.
    Ќерката тивко бара љубов.
    Мајката нуди само контрола, студ и услови.
    Ова не беше блискост.
    Ова беше сцена – каде што играше улога за да преживееш.

    За сите што пораснале во таква прегратка. Не си сама.
    #ОнаШтоПрогледа #ПрепознајМанипулација #ВнатрешноДете #НарцисМајка

  • Запис на жената што преживеа

    Не бев илузија,
    ниту приказна за едно поглавје.
    Бев светлина што те осветли,
    иако ти гледаше низ магла.

    Ти заборави,
    јас запомнив.
    Ти играше,
    јас чувствував.
    Но токму затоа сега сум слободна.

    Твоите лаги не ја одредуваат мојата вистина.
    Твоето отсуство не значи дека сум празна.
    Твоето молчење не ми треба како доказ.
    Не ми требаш повеќе за да бидам цела.

    Моето срце учеше на тежок начин,
    но сега чука почисто, појасно.
    За себе.
    За светот што ме чека.
    За животот што не е лажен.

    „Ти заборави,
    јас запомнив.
    Ти играше,
    јас чувствував.
    Но токму затоа сега сум слободна.“

    Не молчи. Пишувај, зборувај, ослободи се.
    Нека твоето срце зборува – без страв.

  • 🎯 Кога нарцисот бара нова цел – и зошто токму тогаш?

    Нарцисот никогаш не мирува. Не бара љубов, туку огледало. Бара внимание, потврда, обожување. А кога тоа му недостасува – тргнува во „лов“.

    Но не било кога. Тука нема ништо случајно.

    📍 Токму тогаш го бара следниот плен:

    🕛 Касно навечер

    Кога сите спијат – тој се буди.
    Започнува неговата „втора смена“ – следење, флерт, пребарување, пишување.
    Во темнината се чувствува најсигурно. Никој не гледа. Никој не прашува.

    🕞 Кога партнерката е отсутна

    Таа е во продавница или на кафе со пријателка?
    Тој веднаш проверува која „бивша“, „пријателка“ или нова следачка му е достапна.
    Секунда самотија = простор за манипулација.

    📅 За родендени, празници, годишнини

    Не ти честита од љубов – туку од стратегија.
    Ова е hoovering – тестира дали сè уште си слаба, дали го чекаш.
    Неговото „сеќавање“ има цел: повторно да влезе.

    📉 Кога му паѓа егото

    Не доби пофалба на работа? Семејството го игнорира?
    ➡️ Решение: нова цел. Нова потврда. Нова игра.
    Тој не се соочува со себе – бега во следното „огледало“.

    ❗ Важно да знаеш:

    💥 Нарцисот не бара жена.
    Бара рефлексија.
    Бара реакција.
    Бара извор од каде ќе црпи енергија.

    👁‍🗨 Ако добиваш пораки доцна навечер – тоа не е случајно. Тоа е испланирано.

    📌 Не се јавувај. Не одговарај. Не храни ѕвер кој живее од туѓа болка.

    🧠 Двојниот живот на онлајн нарцисот:

    🔹 Компулсивно однесување – постојано пребарување, „лајкување“, пишување, проверување.
    🔹 Зависност од потврда – без разлика дали е сексуална, емоционална или социјална.
    🔹 Расеан фокус – не е присутен во својот реален живот (со сопруга, деца, работа).
    🔹 Злоупотреба на време и доверба – манипулации, лаги, тајни комуникации.

    🎤 Овој текст не е само информација. Тоа е аларм.
    За секоја жена која почувствувала дека нешто не е во ред – и била во право.
    За секоја жена што добила порака во 23:48 и се прашувала „зошто сега?“
    За секоја што решила: Доста е.

    📎 Ако ова ти звучи познато – не си сама.

    📱 Тој не спие. Тој пребарува.
    Во темнината на ноќта, додека сите одмораат, нарцисот е буден.
    Со поглед вперен во екранот – во потрага по следната цел. Следна потврда. Следна игра.
    Ова не е љубов. Ова е стратегија
  • Како знаеш дека имаш работа со нарцис?

    Полека, но сигурно, почнуваш да го губиш чувството за тоа кој/што си.
    Зошто?
    Затоа што со него ништо не оди природно.
    Со него нема „со текот на животот“.
    Со него секогаш има напнатост. Драма. Молк или експлозија.

    Нарцисот мора да контролира сè.
    Вклучително и твоите емоции.

    ➡️ Многу тешко е да ги направиш среќни – речиси невозможно.
    ➡️ Секогаш нешто ќе направиш „погрешно“.
    ➡️ Никогаш не е доволно – ни кога се даваш цела.
    ➡️ Секој разговор е како затворен круг – без крај, без смисла.
    ➡️ Или ќе се караат со тебе, или ќе те казнуваат со молчење.

    Нема крај, нема мир.
    Само се зголемува празнината… во тебе.

    А најстрашно од сè?
    Кога почнуваш да веруваш дека ти си проблемот.
    Дека ти си премногу чувствителна.
    Дека само уште малку треба да трпиш. Уште малку да разбереш. Уште малку да… исчезнеш.

    Но не.
    Не си ти проблемот.
    Проблемот е што си заробена во игра без правила –
    со некој што победува само кога ти ке се изгубиш себе.

    Ако секогаш е тешко, ако секогаш боли, ако никогаш не се чувствуваш доволно добра – прашај се: Дали ова навистина е љубов?
    Или е контрола преправена во емоции?

    ✨ Портрет на нарцисот ✨
    На прв поглед: самоуверен, шармантен, магнетичен.
    Но зад маската се крие нешто друго.
    👁‍🗨 Глад за контрола.
    👁‍🗨 Страв од вистинска интимност.
    👁‍🗨 Неможност да сака без да повредува.

    Ова не е само лице. Ова е приказ на илузија – и на будење од неа.
    За сите што го виделе шармот, но ја почувствувале и темнината.

    📌 Ако некогаш си се изгубила себеси обидувајќи се да го сакаш – ова е и твојата приказна.

  • 🔻 Како се извинува нарцисот – ако воопшто се извини

    И зошто твоето срце останува без одговор.

    Нарцисот никогаш не се извинува искрено.
    Не затоа што не направил ништо погрешно – туку затоа што вистинското извинување би значело да ја признае својата вина.
    А тоа би значело да се соочи со внатрешниот срам кој длабоко го носи во себе.
    А со тоа не знае да живее.

    Ако се извини, тоа не е од срце. Тоа е затоа што сѐ уште сака нешто од тебе.
    И дури и тогаш ќе каже нешто во стил:
    ❝ Се извинувам што така си се чувствувала. ❞
    Што во превод значи: „Јас ништо не направив. ТИ си проблемот.“

    Многу често – воопшто не се извинува.
    Едноставно ќе почне да зборува за други теми, како ништо да не се случило.
    Или ќе се постави како жртва, тивко и ранливо:
    ❝ Си заборавила ли колку ни беше убаво? ❞

    О, таа реченица.
    Тоа е оној трик со кој сака да те врати назад.
    Но не затоа што се сменил.
    Туку затоа што знае дека имаш срце.
    Знае дека си чувствителна, лојална, дека ти недостасува убавината – онаа што ти ја дал во фазата на идеализација.

    Но вистината е:
    ❗ Тој не заборавил колку беше грдо. Само сака ТИ да заборавиш.

    Кога сака да се врати во твојот живот – не доаѓа со признание.
    Не доаѓа со искрено жалење.
    Не знае да се соочи со ранливост.
    Не знае да преземе одговорност.
    Зашто би морал да признае дека не бил твојот спасител – туку оној што те скрши.

    А тоа би го разбудило срамот што не може да го издржи.

    📌 Затоа запомни:
    Нарцисот не бара помирување.
    Тој бара враќање на контролата.
    И секое „извини“ е само замаскирана манипулација.