VMESNI SVETOVI

Категорија: Препознај манипулација

Категоријата „Препознај манипулација“ е простор за сите што чувствуваат дека нешто во односот не е во ред, но тешко го именуваат. Тука ќе најдеш јасни објаснувања, примери од секојдневието и длабоки увиди што помагаат да ги препознаеш суптилните форми на манипулација, да поставиш здрави граници и да ја заштитиш својата автентичност.

  • Кога се губиш себе: слевање со нарцисоиден родител

    Кога се губиш себе: слевање со нарцисоиден родител

    Постои однос во кој детето никогаш не добива можност да стане тоа што е.
    Не затоа што не може.
    Туку затоа што никогаш не смеело.
    Во здрав однос, детето расте покрај родителот, но не во него. Има свои мисли, свои желби, свои граници. Учи дека има право да каже „ова сум јас“ – и дека тоа е доволно.
    Во однос со нарцисоиден родител се случува нешто друго.
    Границите се бришат.
    Јас-от исчезнува.

    Детето како продолжение, не како личност

    Нарцисоидниот родител не го гледа детето како самостојно битие. Го гледа како свое продолжение.
    Како некој што треба да чувствува, мисли и живее во согласност со него.
    Така детето станува:
    – емоционален партнер,
    – утешител,
    – довереник,
    – слушател,
    – понекогаш дури и „пријател“.
    Но тоа не е однос. Тоа е товар.
    Наместо родителот да го заштити детето од тежината на светот на возрасните, му ја предава таа тежина. Му зборува за своите проблеми, односи, стравови. Влегува во неговата приватност. Ги преминува неговите граници – не како исклучок, туку како правило.
    Детето учи нешто многу опасно:
    дека не е важно што чувствува тој – важно е што чувствува родителот

    Кога граници не постојат

    Кога нема граници, детето не знае каде завршува родителот и каде започнува тој.
    Неговите мисли веќе не се негови. Неговите желби веќе не се негови.
    Кога ќе порасне, може да се најде во момент кога ќе се запраша:
    Кој сум јас всушност?
    Не знае што сака.
    Не знае што му се допаѓа.
    Не знае што чувствува.
    Но знае нешто друго:
    дека мора да биде достапен,
    дека мора да разбира,
    дека мора да ги става другите пред себе.

    Цената на „љубовта“

    Нарцисоидниот родител често дава внимание, блискост и „љубов“ – но под услов.
    Детето е прифатено кога:
    – се согласува,
    – слуша,
    – останува блиску,
    – ги задоволува потребите на родителот.
    Но ако постави граница?
    Ако каже „не“?
    Ако се избере себе?
    Тогаш доаѓаат:
    – вина,
    – притисок,
    – навреденост,
    – обвинувања за неблагодарност.
    И детето учи уште нешто:
    дека љубовта е нешто што мора да се заслужи – со тоа што ќе се изгуби себе.

    Кога детето ќе порасне – но не станува слободно

    Слевањето не исчезнува со годините.
    Се пренесува во зрелоста.
    Таквата личност често:
    – тешко поставува граници,
    – се чувствува виновна кога ќе каже „не“,
    – во односите дава повеќе отколку што добива,
    – избира партнери што го повторуваат познатиот образец,
    – чувствува одговорност за туѓите чувства.
    И дури кога ќе создаде свое семејство, родителот често и понатаму се меша.
    Во одлуките.
    Во воспитувањето.
    Во односите.
    Затоа што во неговите очи детето никогаш не станало возрасна личност.
    Секогаш останало – негово.

    Најтешкиот дел: да откриеш кој си

    Најголемата борба не е надворешна.
    Туку моментот кога почнуваш да чувствуваш:
    – тоа што јас го сакам не е исто како тоа што го сака тој,
    – тоа што јас го чувствувам не е исто како тоа што го чувствува таа,
    – и за првпат… се избираш себе.
    Но тоа не доаѓа без болка.
    Доаѓа со чувство на вина.
    Со сомнежи.
    Со прашањето: „Дали сум лоша личност затоа што се оддалечувам?“
    Не.
    Стануваш самостојна личност.

    Исцелување: враќање кон себе

    Поставувањето граници не е бунт против родителот.
    Тоа е враќање кон себе.
    Тоа е процес во кој постепено почнуваш:
    – да ги препознаваш своите потреби,
    – да ги ставаш пред туѓите,
    – да кажеш „не“ без објаснување,
    – да си дозволиш да не бидеш достапна,
    – да откриеш која си без нивното влијание.
    Ова не е еден чекор.
    Ова е пат.
    Пат што бара време, трпение и храброст.

    И потоа…

    Еден ден веќе не чувствуваш потреба да објаснуваш.
    Не чувствуваш вина затоа што си се избрала себе.
    Не чувствуваш дека мораш да ги носиш туѓите емоции.
    И за првпат во животот не живееш како продолжение на некој друг.
    Туку како ти.

  • Завист и љубомора кај нарцисот: кога твојата светлина станува негова рана

    Завист и љубомора кај нарцисот: кога твојата светлина станува негова рана

    Постојат луѓе кои ќе се радуваат кога ќе ти оди добро.
    И постојат оние кои ќе се насмевнат — но во себе ќе се скршат.
    Нарцисот не знае да се радува искрено.
    Затоа што секоја туѓа среќа, секој успех, секоја љубов —
    за него не е инспирација, туку потсетник на сè што тој не е.
    И тука започнува завистa.

    Што е завист кај нарцисот?

    Завистa кај нарцисот не е обична.
    Не е моментална, не е човечка слабост што поминува.
    Тоа е внатрешна рана.
    Кога ќе те види дека растеш, дека си мирна, дека си сакана —
    во него не се буди радост.
    Се буди болка.
    Твојата светлина за него не е убава —
    таа е закана.
    Затоа што го потсетува дека тој не знае да ја создаде.

    Зошто нарцисот завидува?

    Нарцисот живее во постојано споредување.
    Секогаш некој е подобар, поуспешен, посреќен.
    И наместо да се развива,
    тој се брани од таа болка со:
    омаловажување
    критика
    тивка казна
    повлекување
    или прикриена омраза
    Успехот на другите го доживува како сопствен неуспех.
    Затоа не може да слави со тебе —
    може само да се натпреварува со тебе.

    Кога нарцисот е родител

    Ова е најболниот дел.
    Затоа што детето не треба да биде ривал.
    Треба да биде сакано.
    Но нарцистичкиот родител често:
    му завидува на детето на младоста
    на убавината
    на способностите
    на односите
    на љубовта што ја добива од други
    Наместо гордост — чувствува загрозеност.
    Наместо поддршка — создава притисок.

    Како се чувствува детето?

    Детето расте со чувство дека нешто не е во ред.
    Не затоа што направило грешка,
    туку затоа што премногу блеска.
    Затоа учи:
    да ја намалува својата радост
    да не зборува за успеси
    да се извинува за својата среќа
    да се грижи за емоциите на родителот
    И така, полека, почнува да верува дека:
    „Ако сум премногу среќна — ќе повредам некого.“

    Љубомората како контрола

    Кога ќе почнеш да градиш свој живот —
    врска, семејство, пријателства —
    нарцисот чувствува дека губи контрола.
    И тогаш љубомората излегува на површина.
    Може да:
    го критикува твојот партнер
    создава конфликти
    те прави виновна
    или да се повлече и да те казнува со тишина
    Зошто?
    Затоа што повеќе не си центрирана околу него.

    Вистината што ослободува

    Не направи ништо погрешно.
    Тоа што растеш, што сакаш, што создаваш —
    не е причина за вина.
    Завистa на нарцисот
    не зборува за тебе.
    Таа зборува за неговата празнина,
    за неговите рани што никогаш не ги излекувал.

    Порака за тебе

    Не си должнa да се смалуваш
    за да некој друг се чувствува поголем.
    Не си должнa да се откажеш од својата светлина
    за некој да не се соочи со својот мрак.
    Имаш право:
    да бидеш среќна
    да успеваш
    да љубиш
    да живееш слободно
    Без вина. Без објаснување. Без страв.

    Завистa на нарцисот е тивка, но длабока.
    И кога доаѓа од родител — остава траги што се лечат долго.
    Но вистината е твојата сила.
    Кога ќе разбереш дека неговите чувства не се твоја одговорност,
    почнуваш да се враќаш кај себе.
    И таму —
    ја наоѓаш својата светлина,
    која никогаш не требало да ја гасиш.

  • ZAKONIK DE SAA – Епизода 2„Треба да бидеш благодарна што сум со тебе“

    ZAKONIK DE SAA – Епизода 2„Треба да бидеш благодарна што сум со тебе“

    Во односите со прикриена динамика на моќ, ништо не започнува со викање,
    ниту со закани.
    Сè започнува тивко.
    Со реченици што звучат како грижа.
    Со зборови што на прв поглед личат на топлина, а во себе носат структура.

    Една од тие реченици е:

    „Треба да бидеш благодарна што сум со тебе“

    Преку неа, нарцисот не покажува љубов – тој воспоставува хиерархија.
    Тоа е моментот кога односот престанува да биде простор меѓу две еднакви личности
    и почнува да станува вертикала во која едниот стои повисоко,
    а другиот тивко се потиснува.

    1. Нежната фраза што не е нежна

    На површина, реченицата изгледа како признание:
    како внимание,
    како грижа,
    како потсетник дека „некој те избрал“.

    Но во реалност, таа фраза носи скриена порака:

    – „јас сум поважен“
    – „ти си среќна што сум овде“
    – „моето присуство е трофеј“
    – „твојата улога е да се прилагодуваш“

    Тоа не е комплимент.
    Тоа е едноставна, но многу прецизна линија:

    јас горе – ти долу.

    2. Како оваа реченица ја менува динамиката

    Оваа реченица не напаѓа директно.
    Таа го менува просторот.
    Го префрла тежиштето од блискост кон должност.
    Го заменува „ние“ со „јас“.

    Бидејќи од моментот кога некој ќе каже

    „биди благодарна за мене“,

    не зборува за љубов.
    Зборува за право,
    за ранг,
    за позиција.

    Со една реченица, жената незабележливо се турка кон местото
    од кое подоцна полесно се прифаќа тишината,
    прилагодувањето,
    или оправдувањето на однесување што не е добро.

    3. Моментот кога се вклучува тивкиот аларм

    Црвените знамиња често се појавуваат порано –
    мал тон, чудна реакција, неспоени зборови и дела.

    Но токму ваквите реченици се тие што го активираат внатрешниот сигнал:
    нe она што зборува гласно, туку она што звучи погрешно.

    „Треба да бидеш благодарна што сум со тебе.“

    е точка на препознавање.
    Точка каде што станува јасно дека нежноста била стратегија,
    а не блискост.
    Дека тивката внимателност била метод,
    а не љубов.

    Тоа е моментот кога врската се покажува во својата вистинска насока:
    однос на рангирање,
    а не на спојување.

    4. Од една реченица → кон поставување „над сите“

    Оваа фраза речиси никогаш не стои сама.
    Таа е дел од поширока внатрешна архитектура на личноста
    која живее со уверување дека стои повисоко од сите околу себе.

    Во таквите личности, постојат три карактеристични слоја:

    Прво: чувство на лична надмоќ

    Тие веруваат дека нивните потреби, ставови и желби
    имаат поголема тежина од туѓите.

    Второ: очекување на посебен третман

    Без оглед дали е партнер, роднина или околина –
    постои јасно очекување дека другите треба да се прилагодат.

    Трето: чувствителност на граници

    Секоја поставена граница се доживува како напад,
    како непочитување
    или како обид за „понижување“.

    Во суштина, нарцисот не се поставува над една жена.
    Тој се поставува над сите.
    А жената најчесто е таа што го гледа најјасно,
    затоа што таа е најблиску до него.

    5. Психолошката суштина на оваа порака

    Оваа реченица има една цел:

    – да ја намали вредноста,
    – да ја направи зависна од признание,
    – да ја смести под него,
    – да ја промени рамнотежата,
    – да ја подготви почвата за следните „малечки“ потиснувања.

    Зашто кога ќе се вгнезди мислата дека
    „треба да се биде благодарен за нечие присуство“,
    тогаш секој следен потег станува „разбирлив“,
    „можеби оправдан“,
    „не вреди да се расправа“.

    Ова е втората инјекција во DE SAA структурата:
    не ја руши жената – ја затвора.

    6. Вистината што ја гледа онаа што прогледала

    Вистинската љубов не бара благодарност за нечие постоење.
    Не гради хиерархија.
    Не создава услови.
    Не поставува „повисоки“ и „пониски“.

    Во здрави односи, двајцата се избираат.
    Без пресметка.
    Без ранг.
    Без должност.

    Ова е Епизода 2 од ZAKONIK DE SAA:
    маската што најчесто се слуша тивко,
    но носи најгласна вистина за односот.

    Онаа што прогледа ја препознава:
    не како љубов,
    туку како упатство.

    И никогаш повеќе не ја следи.

  • ZAKONIK DE SAA – Епизода 1 Првиот сигнал што сите го игнорираат

    ZAKONIK DE SAA – Епизода 1 Првиот сигнал што сите го игнорираат

    Почнува секогаш тивко. Со внимание, со „смиреност“, со фасада која изгледа совршено.
    Но токму во таа тишина се крие првиот сигнал дека нешто не е како што изгледа.


    1. Тишината што не е мир, туку тест

    Манипулаторот никогаш не влегува гласно.
    Тој влегува тивко.
    Со внимателни прашања, со мирна маска, со изглед на еден „идеален човек“ кој слуша и разбира.

    Но оваа тишина не е знак на зрелост.
    Тоа е стратегија
    внимателно да го измери твојот простор, твојата енергија и твоите граници.
    Да ја почувствува твојата ранливост.
    Да ги дознае твоите слабости…
    за подоцна да ги искористи против тебе.

    2. „Што мислиш ти?“ – прашањето што изгледа невино

    Ова е првиот вистински тест.

    На површина изгледа како интерес.
    Но суштината е многу поинаква:

    Тој сака ти да зборуваш прва,
    за потоа да може да се сокрие зад твоето мислење.
    Да не ризикува да згреши.
    Да не покаже став.
    Да остане „совршен“.

    Затоа секогаш одговара со:

    „И јас исто така.“
    или
    „Баш тоа го мислев.“

    Тоа не е согласување.
    Тоа е избегнување одговорност
    и тивок почеток на бришење на твојот глас.

    И тука почнува збунувањето:
    ако некој секогаш се согласува со тебе,
    подоцна ќе почнеш да се сомневаш во себе кога конечно ќе ѝ се спротивставиш на таа маска.

    3. Првата инјекција на DE SAA динамиката
    Првата инјекција никогаш не изгледа опасно.
    Таа почнува како мал, тивок судир:
    кога личноста ќе изрази став, граница или нејасно „не“,
    а манипулаторот реагира со суптилна, но остра негација.

    Тоа изгледа како:

    „Претерано си негативна.“

    или

    „Аха добро…“– изговорено со рамниот, студен тон што ја пресекува енергијата.

    Не е навреда.
    Не е агресија.
    Но е првиот момент кога личноста почнува да се преиспитува:
    дали згрешила, дали била пренагла, дали кажала премногу.

    Манипулаторот често се повлекува тивко,
    оставајќи чувство дека нешто не е во ред,
    а кога другата страна ќе се извини,
    тој одговара со:

    „Во ред е.“

    како ништо да не се случило.

    Ова создава опасен ефект:
    лицето почнува да мисли дека проблемот е во него,
    а манипулаторот останува чист, смирен и „над ситуацијата“.

    Така започнува длабокиот циклус:
    со тивка инјекција која ја нарушува самодовербата,
    без да остави трага која можеш лесно да ја посочиш.

    Ако го препозна ова во некој однос – тоа е првиот доказ дека твојата интуиција буди аларм.
    Следи ја серијата Zakonik DE SAA и научи да ги гледаш суптилните сигнали пред да те вовлечат подлабоко.

    Емоционален заклучок

    Првиот сигнал никогаш не е гласен.
    Доаѓа тивко, незабележливо.
    Но оној момент кога ќе го препознаеш –
    никој повеќе нема да може да ти го украде гласот.

    Ова е твоето прогледување.
    И твојата сила.

  • 25 Ноември – Ден кога веќе не молчиме

    Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените е прогласен во 1999 година година од Обединетите Нации.
    Датумот не е случаен.

    На 25 ноември 1960 година, доминиканскиот диктатор Рафаел Трухило ги уби трите сестри Мирабал – храбри активистки кои се бореа против режимот.
    Нивната смрт стана симбол на отпорот, на женската храброст и на сите жени кои биле убиени само затоа што се – жени.

    Овој ден не е само дата на календар.
    Овој ден е повик да не молчиме повеќе.

    Како изгледа реалноста денес? (Словенија и ЕУ)

    Во Словенија:
    секоја шеста жена по 15 години доживеала физичко или сексуално насилство од лице кое не е нејзин партнер;

    28 % од жените доживеале насилство од интимен партнер;

    12 % доживеале физичко или сексуално партнерско насилство;

    скоро половина од жените го трпеле насилството повеќе од 5 години.

    Последиците се длабоки:

    40 % се со телесни повреди,

    35 % со сериозни психолошки последици,

    25 % се чувствувале животно загрозени.

    Насилството во домот е најтивко, а најсмртоносно.

    Балканот – статистика што ја слушаме премалку

    🇲🇰  Македонија

    44 % жените доживуваат психолошко насилство од партнер.

    Само 2 % го пријавуваат насилството – една од најниските стапки во Европа.

    Во периодот 2017–2020 регистрирани се 22 фемициди, од кои 84 % направени од сегашен или поранешен партнер.

    🇷🇸 Србија

    31 % од жените доживеале партнерско насилство.

    Годишно има 25–30 убиства на жени, најчесто во домот.

    🇧🇦 Босна и Херцеговина

    47 % од жените доживеале барем една форма на насилство по 15 години.

    🇦🇱 Албанија

    Високи 52,9 % од жените доживеале насилство.

    🇽🇰 Косово

    68 % од жените претрпеле некаква форма на насилство од 18 години нагоре.

    Заедничката слика е јасна:

    Домот е најопасното место за многу жени.
    Партнерот е најопасниот напаѓач.

    Зошто жените молчат?

    страв,

    срам,

    финансиска зависност,

    недоверба во институциите,

    културен притисок „трпи, заради децата“,

    нормализација на насилството во околината.


    Насилникот секогаш ветува дека „ќе се смени“.
    Но насилството никогаш не престанува само од себе.

    Секогаш се зголемува.

    Како да спречиме? Што можеме да направиме?

    ✔ Да веруваме на жртвите.

    Кога жена ќе проговори – тоа е врв на нејзината сила.

    ✔ Да зборуваме гласно.

    Тишината на Балканот им го одзеде животот на премногу жени.

    ✔ Да ги учиме децата на граници и почит.

    ✔ Да ги поддржиме жените, а не токсичните односи.

    Наместо „врати се дома“ –
    кажи: „Како можам да ти помогнам да бидеш безбедна?“

    ✔ Да ги поврземе со поддршка.

    Полиција, центри за социјална работа, SOS телефони, кризни центри.

    ✔ Да создадеме план за безбедност.

    Секоја жена заслужува да знае:
    каде да оди, кого да повика, како да се заштити.

    „Ќерките на Мирабал ја започнаа борбата. Ние ја продолжуваме. Насилството не е љубов. Гласот спасува живот.“

    Порака до секоја жена
    Ништо од тоа што ти се случило не е твоја вина.

    Насилството не е љубов.

    Ти заслужуваш мир, сигурност и живот без страв.

    Ако ти или некоја жена што ја познаваш е во опасност – не чекај. Побарај помош.

    Гласот што ќе го кренеш денес, може некому да го спаси животот утре.

  • Кога мажот ќе се налути — се гледа вистината

    Во секојдневието лесно е да се биде фин.
    Лесно е да се биде шармантен, внимателен, насмеан…
    додека е сè во ред.

    Но човекот не се чита во моментите на мир.
    Туку во моментите кога мирот се крши.

    Постојат зборови што никогаш не би ги изговорил човек кој навистина те почитува.
    И постојат реакции што не можат да се одглумат —
    тие или ти се во карактерот, или ги нема.

    Гневот е најсуровиот детектор на вистината.
    Кога ќе пораснат емоциите, паѓаат филтрите:
    не постои повеќе контрола, тактика, убаво пакување.
    Она што ќе излезе од него во тој момент —
    не е случајно.
    Тоа е она што долго време го носи во себе.

    Кога мажот има зрелост…

    Тој ќе каже:
    „Дај ми малку време.“
    И ќе се повлече, не затоа што бега,
    туку затоа што не сака да повреди.

    Кога има почит…

    Тој ќе избере тишина, наместо остра реченица.
    Ќе избере чекор назад, наместо удар во твојата ранливост.

    Кога има карактер…

    Тој останува човек дури и кога е лут.

    Но…

    Кога во гневот те понижува,

    те сече со зборови,
    удира таму каде што најмногу боли…

    Тоа не е „афект“.
    Тоа не е момент.
    Тоа не е нервоза.

    Тоа е вистинската слика.
    Сликата што долго време се крие зад насмевки,
    приказни и внимателно граден фасаден шарм.

    Гневот не создава нов човек.
    Гневот само ја симнува маската.

    И затоа — слушај го внимателно.
    Не кога е фин.
    Не кога се труди.
    Туку кога ќе пукне трпението.

    Гневот ќе помине…
    но карактерот останува.
    А во неговата лутина,
    го гледаш човекот каков што навистина е. 💜

    Напомена: Објавата е поттикната од сè почестите случаи на фемицид.

  • 🌿 Периодот меѓу 35 и 45 години – внатрешна пресвртница

    Ова не е само деценија помеѓу младоста и зрелоста. Ова е време кога животот почнува да се гледа одвнатре,кога тишината во нас станува погласна од сè надворешно.
    Се чини дека имаме сè: работа, дом, семејство, искуства. Но некаде длабоко, нешто почнува да прашува:

    „Дали ова е животот што го посакував?“
    „Дали сум навистина таму каде што мислев дека ќе бидам?“

    Овој период знае да не изненади – не затоа што надвор нешто се менува, туку затоа што внатрешно ништо повеќе не функционира како порано.
    Старите, наследени шеми почнуваат да излегуваат на површина.
    Се буди потиснатото: незадоволството, тагата, неисполнетите соништа.

    💫 Кога улогите се мешаат

    Во овие години, многумина стануваат родители, други бараат нова смисла во партнерството или во професијата.
    Пријателствата се прераспоредуваат, односите се тестираат, а уморот и секојдневието знаат да го поматат погледот кон себе.
    Финансиската стабилност станува важна, но и внатрешниот мир станува приоритет.

    🔥 Криза или можност?

    Ова е време кога минатото тропа на врата,но сега имаме избор.
    Можеме да ги повторуваме старите обрасци…
    или конечно да ги разбиеме.

    Можеме да останеме заробени во она што било,
    или да почнеме свесно да ја создаваме сопствената иднина –
    со поинаков тон, поинакво темпо, поинаква вистина.

    🌸 Внатрешна трансформација

    Ако си дозволиме да погледнеме навистина внатре, без ублажување и бегство, почнува нешто прекрасно.
    Овие години не се крај на младоста.
    Тие се почеток на автентичноста.

    Време кога човек не се бара повеќе во светот, туку во себе.
    И кога еднаш ќе ја најде таа внатрешна точка на мир,
    светот надвор се наместува сам од себе.

    ✨ Секоја жена која ја чувствува оваа внатрешна промена, нека знае – не полудува, се буди.


  • Ранет родител – рането дете

    Многу деца на нарцисоидни родители во текот на животот се прашуваат: Зошто мојот родител е таков? Дали јас сум виновен/виновна што секогаш беше незадоволен/на, критичен/на или оддалечен/а?
    Одговорот е јасен – не. Нарцисот не се раѓа, тој станува.

    Каде започнува сè?

    Нарцисоидната личност има свои корени во детството. Детето што не добива безусловна љубов и сигурно прифаќање,развива длабока рана. Наместо да биде сакано такво какво што е, тоа било оценувано, споредувано или туркано во улоги што им одговарале на родителите.

    Ако постојано било критикувано,развило чувство на безвредност.

    Ако било претерано возвишувано заради успеси или изглед, не научило дека има вредност само по себе.

    Во двата случаи, детето не го  добило искуството дека е сакано едноставно затоа што постои.

    Нарцисот како возрасен
    Кога такво дете ќе порасне, раната останува. Возрасниот со нарцисоидна рана постојано бара надворешни потврди – аплаузи, успеси, пофалби. Однадвор изгледа силен и самоуверен, но внатре е несигурен и заробен во празнина. Потребни му се другите за постојано да му докажуваат вредност.

    Улогата на детето кај нарцисоиден родител

    Тука се појавува болната вистина: детето на нарцисоиден родител несвесно ја презема задачата да ја пополнува празнината во родителот.

    Детето учи да угодува за да не предизвика избувнувања.

    Станува „успешник“, бидејќи само така добива трошки потврда.

    Понекогаш ја презема улогата на „мал терапевт“, кој слуша и теши.


    Главната задача на детето станува – да се грижи за чувството на задоволство на својот родител.

    Ранет родител – рането дете?
    Иако ранетиот родител често го  ранува своето дете, тоа не мора да стане наследство. Кога детето (како возрасен човек) ќе сфати дека не може да ги излечи раните на родителот и дека никогаш не било виновно за неговото однесување, може да го прекине кругот.

    Најважната порака е:

    Не можеш да ги излекуваш раните на родителот.

    Своите можеш да ги заштитиш.

    И со тоа да спречиш болката да се пренесува понатаму.

    нарцисите не станале такви поради своите деца, туку поради сопственото болно минато. Кога ќе го разбереме тоа, можеме да се ослободиме од чувството на вина и да почнеме да градиме поинакви, здрави односи – прво со себе, а потоа и со другите.
  • На што мораш да внимаваш најмногу кај нарцис

    Никогаш не им откривај свои слабости, ранливости или тајни. Затоа што ќе ѓи искористат против тебе.

    Не се расправај со нив. (Никогаш нема да постигнеш ништо. Тие не се разумни и не сакаат да решат ништо.) Бидејќи не ѓи слушаат твоите зборови — туку се хранат со твоите реакции, дури и со негативните, па затоа често провоцираат.

    Не претпоставувај дека имаат исти вредности и морал како тебе. Луѓето за нив не се личности, туку објекти што служат за постигнување на нивните цели.
    Дури и ако сте во најблискиот круг, ќе бидете искористени или употребени како алатка.

    Не мисли дека си безбеден/на со нив само затоа што си нивно дете, сопружник итн. Со нив никој не е безбеден.
    Манипулацијата те става во постојан „survivor“ режим, gaslighting-от и токсичноста на silent третманот со години оставаат сериозни последици врз менталното здравје и целото тело.
    Дури и физички можат да те загрозат — не потценувај ја опасноста.
    Некои нарциси навистина се подготвени на сè и се небезбедни за нас.

    Не губи време на одмазда. Тие нема да застанат пред ништо за да те повредат. (Најдобро е да бараш правда каде што можеш и, ако е можно, да се оддалечиш од нив.) Нема потреба од одмазда – доволно е игнорирање. Тие ќе живеат со празнина, параноја и несигурност. Вистински однос немаат ниту со најблиските. Тоа е нивната казна и карма. А ти можеш да оздравиш.

    Никогаш не очекувај правичност или емпатија. Нарцисот нема чувство за правичност – единствено секогаш тој е „во право“.
    Има селективна меморија и извртена перцепција.
    Нема емпатија, бидејќи не те гледа како човечко суштество, туку како средство за своите цели.

    Не ги прифаќај врз себе сите ужасни работи што ги зборуваат и прават:
    (Она што го прават има врска со нив – не со тебе.) Тоа се вика проекција – сè што ќе ти кажат грдо, всушност се однесува на нив.
    Не се способни да се сакаат себеси, па затоа не можат да сакаат ниту други.

    Никогаш не ја потценувај нивната способност да направат штета. Способни се на сè за да ги исполнат своите цели.
    Штетата што можат да ја направат е огромна – емоционална, психичка, па дури и физичка.
    Затоа никогаш не ја потценувај нивната опасност.

    Не ги игнорирај црвените знаци и не го оправдувај нивното однесување. Слушајте ја својата интуиција.
    Не барајте изговори и оправдувања за нечие лошо однесување – затоа што нема.
    И не се надевајте дека ќе го промените. Со годините стануваат само полоши.


    Не се враќај кај нив постојано со надеж дека ќе се сменат. Најголемата грешка е да се вратиш кај него.
    Во неговата глава тоа е одобрување дека може да продолжи да го прави сè што го правел и порано – само овојпат уште побрутално.

    1. Најголемата победа е твоето заминување без збор – тоа е слобода, а нивната вечна казна е што остануваат заробени во сопствената празнина.


    2. Игнорирањето е најсилното оружје – тие ќе носат маски цел живот, а ти ќе заздравиш.


    3. Нарцисот нема да се промени. Ти можеш – и тоа е твојата најголема моќ.

    Карма за нив е живот во маски, празнина и постојана несигурност.
    Твоја сила е што си научила лекцијата и што си ја избрала слободата. ✨

  • Narcisi te pripravijo na odnos

    Želim se z vami pogovoriti o groomingu. Ste vedeli, da narcisi spoznajo osebo in se odločijo, da jo želijo? Morda celo mislijo, da jo ljubijo, vendar je edini način, ki ga poznajo za pridobitev osebe – grooming. Ustvarili bodo povezavo »sorodne duše«. Zrcalili bodo tvoje všečke in nevšečke. V bistvu bodo postali vsi tvoji najboljši deli.

    Narcisi nimajo občutka za lastno identiteto, ZATO posnemajo tiste, s katerimi so. To počnejo namenoma, ker je manipulacija edini način, kako znajo kaj dobiti v življenju. Oblikujejo lažne povezave, da te manipulirajo v odnos. Toda to ne traja. Ko dosežejo svoj cilj, ne želijo več tako močno delati za to. In ti ostaneš zmedena, sprašuješ se: »Kaj za vraga se je zgodilo?« »Kje je oseba, ki sem jo spoznala na začetku?«

    To ustvari tudi travmatsko vez, ker te bodo zavrnili in se nato vrnili k ljubezenskim napadom (love bombing). To kroženje gor in dol čustev ustvari zasvojenost z osebo. In tako se ustvari odnos z narcisom.

    Zapomnite si:ljubezen za narcisa je zgolj zaljubljenost. Je površinska in hitro zbledi.

    – Maria Consiglio