VMESNI SVETOVI

🎭 Драмскиот триаголник – кругот од кој излегуваш кога конечно прогледуваш

Во односи каде што владеат манипулација, вина и емоционално влечење, често постои невидлива структура – драмскиот триаголник.

Три агли, три улоги што постојано се менуваат:
Жртва, Спасител, Прогонувач.

И кога еднаш ќе влезеш – веќе си внатре, дури и ако мислиш дека само помагаш.
Дури и ако мислиш дека си „добра“.
Дури и ако мислиш дека си беспомошна.

🔺 ЖРТВА
„Јас не можам сама.“
„Јас сум жртва.“
„Сите ме повредуваат.“

Жртвата бара потврда за својата болка, не решение.

Често пасивна, но суптилно манипулира за да остане во центарот на вниманието.

🔺 СПАСИТЕЛ
„Пушти, јас ќе направам.“
„Јас знам што ти треба.“
„Само слушај ме мене.“

Помага без да биде замолен.

Му треба некој да зависи од него за да се чувствува вреден.

🔺 ПРОГОНУВАЧ (КРИТИЧАР)
„Ти си виновна за сè.“
„Ништо не правиш како што треба.“
„Заради тебе е вака.“

Критикува, обвинува, казнува.

Делува моќно, но доаѓа од внатрешна немоќ и страв од губење контрола.

🎯 Клучната вистина?
👉 Сите во овој триаголник страдаат.
👉 И сите (незнајно) го одржуваат.

Излезот доаѓа тогаш кога:
🌿 Не спасуваш никого што не те побарал.
🌿 Не носиш болка што не е твоја.
🌿 Не прифаќаш вина што не ти припаѓа.
🌿 И не дозволуваш веќе да те „сакаат“ низ вина, страв или должност.

Денес веќе не влегувам во триаголници.
Само одам по својот пат.
Не како спасителка, не како жртва, не како мета.
Туку како жена што знае каде е центарот – во себе.

Коментари

Напишете коментар