VMESNI SVETOVI

✨ Енергија. Инстинкт. Глас. Тоа сум јас.

Веќе не ми треба дозвола за да почувствувам нешто.
Не барам одобрување за да си верувам.
Не очекувам потврда во туѓи очи –
зашто мојата вистина вибрира во мене.

Енергијата ми зборува – пред нешто да се случи.
Инстинктот ми шепоти – дури и кога сите велат дека е сè во ред.
Мојот внатрешен глас ме води – дури и кога не знам каде одам.

Веќе не сум „таа што моли“.
Сум јас – што чувствува.
Што гледа.
Што знае.
Што слуша.

И не ми треба објаснување.
Зашто ова е мое:
Енергија. Инстинкт. Глас. Тоа сум јас.

Не ме учеа – ама отсекогаш било во мене.
Енергијата ми зборува. Инстинктот ми шепоти. Гласот ме води.
Тоа не е чудно. Тоа сум јас.

✨ Моето будење

Порано никој не ме учеше да ѝ верувам на енергијата.
Ако го спомнев тоа, ќе речеа дека сум чудна.
Затоа долго време верував само во она што можам да го објаснам, да го допрам, да го докажам.

А моето тело секогаш чувствуваше.
Мојот инстинкт секогаш знаеше.
Но кога околината го замолчуваше мојот внатрешен глас,
кога ми велеа:
„си измислуваш“,
„премногу анализираш“,
„само си преосетлива“ –
почнав да се сомневам.
Не во нив.
Во себе.

Се изгубив. Но не засекогаш.

Сега знам.
Затоа прогледав.
Затоа го препознав и нарцисот.
Не затоа што некој ми покажа книга –
туку затоа што мојата енергија вибрираше НЕ,
токму тогаш кога тој ми велеше ДА.
А не беше.
И јас го знаев тоа.
Само уште не знаев да си верувам.

Сега ја слушам енергијата.
Сега се слушам себеси.
И знам – тоа не е чудно.
Тоа е мојата сила.

Коментари

Напишете коментар