📖 (Извадок од книгата „Во опојот на НАРЦИСОТ”, стр. 14–15)
…можеби (барем некое време) и самите не сме свесни за тоа, а ни нашата околина (блиски, колеги, соседи…) нема да забележи дека нешто не е во ред. Напротив: може да се случи токму оние што треба да ни помогнат, да застанат на страната на напаѓачот и ние во нашата мака да останеме сосема сами.
Односите во кои постои насилство, било психичко, физичко, сексуално и/или какво било друго, треба да се прекинат (да се лекуваат, ако е можно – ако другата страна е подготвена), да се оддалечиме или да ги „оладиме“ и да ги сведеме на најосновен контакт. Во тие моменти не е важно зошто некој нè повредува или дали има некакво нарушување, туку дали неговото однесување е насилно – и клучно е, дали ние од тој насилен (и злоупотребувачки) однос ќе се повлечеме. Често полесно е да се биде кратко осамен отколку трајно во болка.
Во случајот кога во основата на односот лежи личност со нарушување на личноста, особено нарцисоидно, тогаш тоа за нас претставува драгоцена информација. Прво, затоа што можеме да научиме како да се однесуваме за од таков однос да излеземе што е можно помалку повредени (или ако мора да го задржиме, во рамки на способностите), и второ затоа што со разбирање на светот како што го доживува личност со нарцисоидно нарушување, полесно ќе разбереме од што всушност се состои нашиот однос со неа и што самите ѝ претставуваме.

🔸 Кога не си човек, туку стек 🔸
(🧠 нарцисистичка динамика, објаснета преку цртан филм)
Го познавате цртаниот филм Том и Џери? Во епизодата Неговиот глушец Петок (His Mouse Friday), изнемоштениот Том од зад дебелото стебло на палма го набљудува Џери, кој (цел заоблен) шета по плажата, а во него гледа само – сочен стек.
Поедноставено кажано, ние сме Џери, личноста со нарцисоидно нарушување е Том.
И не гледа така, како што Том го гледа Џери: како стек.
Оваа споредба е корисна за полесно да се соочиме со тоа што навистина се крие зад „љубезноста“ на личноста со НОМ (нарцисоидно нарушување на личноста) кон нас. Тоа е болен процес, но носи олеснување, особено кога ќе се справиме со чувството на вина. Нашата единствена „вина“ во таквиот однос е фактот дека не сакаме веќе да бидеме – стек. Таквиот поглед на нештата ни помага полесно да се соочиме со сознанието дека во тој однос никогаш немало вистинска љубов, а воедно повторно носи одредено олеснување при спознанието дека не сме ја изгубиле „љубовта на животот“, „најдобриот пријател“, „сродната душа“ итн.
Така нè гледа нарцисот. Не како личности со душа, желби и чувства, туку како нешто што може да се искористи. Како продолжеток на себеси.
⠀
А ние? Ние сме Џери. Не ни насетуваме како изгледаме низ неговите очи – сè додека не нè заболи.
⠀
Затоа е ослободувачки моментот кога за првпат јасно ќе видиш:
👉 „Јас не сум стек. И не сакам веќе да бидам на неговото мени.“
Напишете коментар