Крајот со нарцисот не е крај.
Тоа е почеток на нова битка – за твојата тишина, сила и мир.
Зошто станува поопасен?
Затоа што му ја одземаш контролата.
Затоа што сега е повредено неговото его.
Затоа што си доказ дека си преживеала – а тоа не го поднесува.
Што се случува по раскинување?
Манипулира со чувства: „Ти беше единствена.“
Воспоставува контакт преку други (flying monkeys).
Шири лаги – “за да те заштити од себе”.
Ги користи децата, подароци, болест или тага – за да те врати.
Може да стане злобен, одмаздољубив, клеветнички, заканувачки.
Најлукава тактика?
Се претставува во “најдобра верзија” –
за да се прашаш дали си згрешила.
Но тоа не е промена.
Тоа е маска – за следната рунда.
Заклучок:
Крајот со нарцисот е пресврт.
Тогаш првпат го гледаш без илузии.
И дури и да си уморна, исплашена или во дилема –
никогаш не си била поблиску до слобода.

А тогаш тој го покажа своето вистинско лице.
А ти? Ти продолжи – со срцето во раце и светлина пред себе.
Напишете коментар