Нарцисот не секогаш напаѓа директно.
Понекогаш – испраќа други да го сторат тоа за него.
Тие се т.н. „flying monkeys“ – луѓе што ги користи како алатка:
да те проверуваат, да пренесуваат пораки, да шират сомнежи или да те обвинуваат во негово име.
Како ги препознаваш?
Го оправдуваат: „Не мислеше така.“
Те испрашуваат: „Зошто така се однесуваше?“
Пренесуваат информации: „Само да знаеш, многу страда.“
Те замолчуваат: „Не прави драма, молчи.“
Може да се пријатели, роднини, колеги – дури и луѓе во кои веруваш.
Зошто му служат?
Бидејќи ги излажал, ги шармирал или се прикажал како жртва.
Бидејќи не ја знаат вистината – или одбиваат да ја видат.
Бидејќи се плашат, дека ќе ги нападне ако не се на негова страна.
А на крајот – тие те напаѓаат тебе,
а тој останува „неутрален“.
Вистината:
“Flying monkeys” не се секогаш лоши луѓе.
Тие се алатка на оној што повеќе не те контролира директно.
Но твојата задача не е да ги убедуваш.
Твојата задача е – да ја препознаеш играта и да заминеш.
Заклучок:
Кога не може веќе сам да те контролира,
ќе се обиде преку други.
Ако некој се сврти против тебе, со негова приказна –
верувај: повеќе не е твој човек.

испраќа други – да ја завршат работата во тишина.