VMESNI SVETOVI

Ознака: #Фатаморгана #ЖенскиГлас #ЈасНеБевСлучајна #ТишинатаГовори #ПоетскаВистина #СеЗавртевПонатаму #СилаНаЖенат

  • Фатаморгана

    🌀 1/3 – Јас

    Ѓи носев моите бохо-фустани,
    слободна како ветерот меѓу маслинки,
    се вртав под сонцето,
    како ништо да не може да ме скрши.

    Се смеев со телото,
    што ја познава земјата, солзите и огнот,
    секое движење беше молитва,
    секој здив – покана за живот.

    За тебе бев привид –
    не жена, не душа,
    туку фатаморгана –
    што се восхитува од далечина
    и никогаш не се разбира.

    Ѓи носев моите бохо-фустани.
    Се врвев и ми беше убаво.
    Бев фатаморгана
    на нарцисот што ме повреди.
    А јас веќе ја завртев мојата патека понатаму.

    🌑 2/3 – Ти

    Ја виде светлината,
    но не изворот,
    облаците,
    но не небото,
    обрисот на мојата сила,
    но не и нејзината цена.

    И кога ја подаде раката,
    сакаше да ме фатиш –
    како сопственост,
    а не како чудо.

    Но јас…
    јас веќе се завртив понатаму.
    А ти?

    Сега ти ќе ја носиш празнината.
    Зашто сè што го гледаше како игра,
    беше – живот.

    И фатаморганата,
    што ја презре,
    ќе стане
    твоето огледало.

    Кога фатаморганата веќе ја нема
    Тишините сега се подолги.
    А твојата трага од пустината исчезна.
    Тежина без милост. И жештина –
    за која се раскажува,
    но никогаш повеќе не допира.

    🔥 3/3 – Јас, повторно

    Не бев случајност

    Во животот ништо не е случајно.
    И јас не бев случајност за тебе.
    Бев одговор на прашање
    кое никогаш не се осмели да си го поставиш.

    Дојдов со тишина
    што знаеше да љуби.
    Со тело што ја играше вистината.
    Со поглед што виде повеќе
    отколку што ти беше подготвен да покажеш.

    Бев премногу.
    Бев  доволна.
    Бев токму таму,
    каде што најмалку очекуваше –
    а најмногу ти требав.

    Не како спасителка.
    Како потсетник.

    Јас не бев привид.
    Ти беше слеп.

    И сега, кога ме нема,
    дури сега ќе разбереш
    што значи присуство
    што повеќе не ти должи објаснување.

    Фатаморгана,
    што стана реалност
    Во животот ништо не е случајно,
    и јас не бев случајна за него.