VMESNI SVETOVI

Ознака: #уметничкадуша #поетскадуша #боемскавистина #пишувамзасебе #животвостихови #ТивкоаГласно #КрвтаШтоЗапеа #Мо

  • Кога повторно ја вдишав крвта

    Пиев отров – како вода чиста,
    верував на збор – и кога беше празен.
    Срцето врзано во златни нишки,
    додека не се распаднав внатре – тивко, а гласно.

    Нарцисот своите рани ги сликаше
    на моите дланки – невини, меки,
    а јас ги носев како трофеи,
    како да беа мои – не негови гревови.

    Но дојде тишина – не празна, не глува,
    туку света, како глас од снежен врв.
    Полека ми ја испра крвта – без збор,
    секој атом, чекор, и секој тежок здив.

    Сега во мене пеат други ќелии,
    не тие што тонеа во неговиот глас.
    Сега љубам меко, без страв и услови —
    и самата себеси сум својот спас.