Многу деца на нарцисоидни родители во текот на животот се прашуваат: Зошто мојот родител е таков? Дали јас сум виновен/виновна што секогаш беше незадоволен/на, критичен/на или оддалечен/а?
Одговорот е јасен – не. Нарцисот не се раѓа, тој станува.
Каде започнува сè?
Нарцисоидната личност има свои корени во детството. Детето што не добива безусловна љубов и сигурно прифаќање,развива длабока рана. Наместо да биде сакано такво какво што е, тоа било оценувано, споредувано или туркано во улоги што им одговарале на родителите.
Ако постојано било критикувано,развило чувство на безвредност.
Ако било претерано возвишувано заради успеси или изглед, не научило дека има вредност само по себе.
Во двата случаи, детето не го добило искуството дека е сакано едноставно затоа што постои.
Нарцисот како возрасен
Кога такво дете ќе порасне, раната останува. Возрасниот со нарцисоидна рана постојано бара надворешни потврди – аплаузи, успеси, пофалби. Однадвор изгледа силен и самоуверен, но внатре е несигурен и заробен во празнина. Потребни му се другите за постојано да му докажуваат вредност.
Улогата на детето кај нарцисоиден родител
Тука се појавува болната вистина: детето на нарцисоиден родител несвесно ја презема задачата да ја пополнува празнината во родителот.
Детето учи да угодува за да не предизвика избувнувања.
Станува „успешник“, бидејќи само така добива трошки потврда.
Понекогаш ја презема улогата на „мал терапевт“, кој слуша и теши.
Главната задача на детето станува – да се грижи за чувството на задоволство на својот родител.
Ранет родител – рането дете?
Иако ранетиот родител често го ранува своето дете, тоа не мора да стане наследство. Кога детето (како возрасен човек) ќе сфати дека не може да ги излечи раните на родителот и дека никогаш не било виновно за неговото однесување, може да го прекине кругот.
Најважната порака е:
Не можеш да ги излекуваш раните на родителот.
Своите можеш да ги заштитиш.
И со тоа да спречиш болката да се пренесува понатаму.
