Нарцисот се сака само себеси.
Тоа е една од најголемите заблуди.
Вистината е спротивна – нарцисот не се сака ни себе, ни другите.
Зад фасадата на шарм, самодоверба и успех се крие празнина.
Длабока срамота, која никогаш не ја покажува.
Лажен идентитет, кој се распаѓа ако не добива постојана потврда однадвор.

Нарцисот не сака – ни други, ни себеси.”
Клучни карактеристики на нарцисот:
– Емоционална зрелост на ниво на дете од 3–5 години
– Недостиг на емпатија – ја глуми, но не ја чувствува
– Никогаш не презема одговорност
– Секогаш е некој друг виновен
– Верува дека за него не важат истите правила
– Има кревко его, склоност кон зависности и депресија
– Често избира убави и успешни жени како трофеи
– На почетокот ги идеализира, потоа полека ги понижува
– Често изневерува, бидејќи му треба потврда од повеќе извори, како да „вшмукува“ енергија од сите страни
– Не му е важна љубовта – туку контролата, восхитот и чувството на моќ
Ова е опасна динамика, каде што се повторува детската рана.
Жртвата се надева дека овојпат ќе биде поинаку – но нарцисот не е способен за вистинска промена.

Типичен профил на жртва:
– Израсната со условена љубов
– Емпатична, силна, привлечна – но внатрешно ранлива
– Не знае да постави граници
– Има потреба да се докажува
– Верува дека ќе биде сакана ако доволно дава
– Несвесно повторува шеми од детството

Како понатаму?
1. Препознај го обрасецот
2. Освести дека ова не е љубов
3. Ако не можеш веднаш да си заминеш – користи правило сива карпа (grey rock): без емоции, без објаснувања, без реакции
4. Побарај стручна помош – не затоа што си слаба, туку затоа што си била силна премногу долго сама
Нарцисот не вика –
туку тивко те брише.
Не удира –
туку те остава да почнеш
да се сомневаш во себе.
Твојата светлина му пречи,
па затоа ја гуши полека.
Но ти веќе не си иста.
Ги отвори очите. И тоа е првиот
чекор кон слободата.