VMESNI SVETOVI

Ознака: #ПрепознајМанипулација #НарцисистичкоСемејство #ЗлатноДете #ЦрнаОвца #ОнаКојаПрогледа #ВнатрешенОтпор #Кра

  • 🔍 Нарцисистичкото семејство не е семејство. Тоа е систем.

    Секој има своја улога – која му е доделена без да биде прашан.

    👑 Златно дете
    Она што постојано го фалат.
    Го гледаш на пиедестал.
    Не затоа што е подобро.
    Туку затоа што е совршен одраз на нарцисот.
    Ако некогаш кажеш нешто против него – ти си проблемот.

    👻 Невидливо дете
    Никој не го слуша. Никој не го гледа.
    Сам бара контакт – со погрешни луѓе, на погрешни начини.
    Учи да лаже, да плаче, да глуми… затоа што само така добива внимание.
    Но никогаш љубов.

    🐑 Црна овца
    Најсилната. Најповредената.
    Она што ја гледа вистината и затоа е омразено.
    Она што ја носи вината, е исмејувано, засрамено.
    А во суштина – тоа е она што се буди.
    Она што станува опасно, бидејќи веќе не сака да молчи.

    ⚠️ Ако си бил/а црна овца – не си скршен/а.
    Ти си разбуден човек.
    И не си сам/а.
    🖤