VMESNI SVETOVI

Ознака: #патувањенизСловенија #патеписи #вино #историја #ГоришкиБрда

  • Еден ден во срцето на Горишки Брда

    Горишки Брда: Словенечка Тоскана за еден ден

    Посетата на Горишките Брда беше вистинско бегство од секојдневниот живот. Горишките Брда, познати и како словенечка Тоскана, нудат прекрасни погледи на бескрајни насади на винова лоза кои се протегаат до хоризонтот. Виното е клучен елемент на овој регион, но оваа дестинација нуди многу повеќе – од историски места до природни убавини.

    Шмартно
    Започнавме во Шмартно, малото живописно село, каде улиците се тесни и калдрмени, а секој чекор открива дел од историјата на ова место. Сликовитите куќи и зачуваната архитектура ве водат во минатото. Една од куќите обновена но зачувана во нејзиниот автентичен изглед, најмногу нè воодушеви во неа мирисот на историјата, како да самото место раскажува свои приказни. Преубавите погледи на лозјата не освежија и нè понесоа во свет на мир и едноставност.

    Горишки музеј и замокот на Доброво
    Потоа го посетивме Горишкиот музеј и замокот на Доброво. Со својата повеќе од сто годишна историја, овој замок нè потсети на богатиот културен и историски капитал на оваа област. Разгледувавме различни изложби, кои ја отсликуваат богатата историја на регионот и уживавме во погледите и величествената архитектура.

    Клисурата Кожбана
    Клисурата на Кожбана нè воодушеви со природната убавина. Таа нè одведе низ зелената долина, каде високите сенки на долината создадоа чувство како да сме во природна катедрала. Таму се сместивме во сенка и јадевме нешто што го понесовме од дома. Уживавме во свежиот воздух, синото небо и бескрајната зелена боја која беше околу нас. Кога ќе стапнеш во природа, почнуваш да го разбереш длабокиот мир.

    Вила Виполже и Разгледни столб Гоњаче
    Вилатс Виполже нè воодушеви со својата уникатна архитектура. Потоа се упативме кон Гоњаче, каде што се издига разгледниот столб. Кога се искачивме на врвот, се отвори неверојатен поглед, а чувството кога чекориш на овој столб, кога твоите нозе тешко се движат по височината, е нешто што вреди да се доживее. Од врвот уживавме во единствениот поглед на Горишките Брда, каде лозјата и ридовите создаваат совршена хармонија.

    Саботин Парк на мир
    На крајот го посетивме Саботин Паркот на мирот, кој носи своја приказна за војна и мир. Таму, ветровите носат силна енергија, и поради тоа решивме со него да ја  завршиме нашата посета. Приказната за војната беше присутна во секој чекор, секој камен, секој дел од патот носеше сеќавање на тие времиња. Саботин беше изграден за време на војната, но денес е обновен како споменик на мирот. Стои како потсетник дека мирот треба да биде нашата најголема цел – обновен за опомена и спомен за вечен мир.

    „Ако сакате да ја прочитате словенечката верзија на овој запис, кликнете тука.“
    https://wp.me/pgtMfN-3i