VMESNI SVETOVI

Ознака: #нарцис #емоционалнонасилство #препознајманипулација #токсичнизврски #помеѓусветови #играбезправила #психо

  • 🔻 Како да препознаеш дека имаш работа со нарцис?

    Полека, но сигурно, почнуваш да го губиш чувството кој/а всушност си.
    Зошто? Затоа што со него ништо не тече природно.
    Со него нема простор за “go with the flow”.
    Со него секогаш има напнатост. Секогаш драма. Секогаш тишина или експлозија.

    Нарцистот мора сè да контролира.
    Дури и твоите емоции.

    ➡️ Многу тешко е да ги направиш среќни – речиси невозможно.
    ➡️ Секогаш нешто не е во ред – со тебе.
    ➡️ Никогаш не е доволно – дури и кога им даваш сè.
    ➡️ Секој разговор е бескраен круг што никаде не води.
    ➡️ Или се расправаат за сè или те казнуваат со тишина – “silent treatment”.
    Нема заклучок, нема решение. Само уште повеќе празнина во тебе.

    А најстрашно?
    Кога ќе почнеш да веруваш дека ти си проблемот.
    Дека ти си премногу чувствителна.
    Дека треба уште малку да издржиш. Уште малку да разбираш.
    Уште малку… да исчезнеш.

    Но не.
    Ти не си проблемот.
    Проблемот е што си заглавена во игра без правила – со некој што победува само ако ти се изгубиш себеси.

    📌 Ако е секогаш тешко, ако секогаш боли, ако никогаш не се чувствуваш доволно добра – запрашај се:
    Дали е ова љубов?
    Или контрола маскирана како емоции?

    🔻 Кој е нарцис – и како да го препознаеш?

    Ако веќе сега чувствуваш дека нешто не е во ред… послушај се.

    📌 Нарцистите не се секогаш очигледни. Понекогаш се љубезни, шармантни, дури и „емоционални“. Но нивната енергија е отровна.
    Играат игра чии правила ти не ги знаеш.

    Ако се прашуваш дали имаш работа со нарцис – провери ги овие 9 знаци:

    1️⃣ Секогаш си виновна ти.
    Дури и кога е јасно дека нешто е негова одговорност, вината ќе биде префрлена на тебе.

    2️⃣ Твоите граници ги нервираат.
    Секојпат кога ќе поставиш граница, следи потсмев, лутина или тивка казна.

    3️⃣ Емоционален уценувач.
    Твојата емпатија ја користат против тебе. Ако не ги разбираш „доволно“, ти си лоша личност.

    4️⃣ Скриени понижувања.
    Скриена критика, потсмев, “шеги” на твоја сметка – секогаш во име на “вистината” или “хуморот”.

    5️⃣ Идеализација – девалвација – отфрлање.
    На почеток си совршена. Потоа премногу чувствителна. На крај – проблемот.

    6️⃣ Никогаш не се извинуваат искрено.
    Ако и се извинат, тоа е со додаток: „Ама ти си…“

    7️⃣ Тишината како оружје.
    Кога нешто не е по нивно, те игнорираат. Дена. Недела. Колку што треба за да се скршиш.

    8️⃣ Потреба за обожување.
    Секогаш мораат да бидат во центарот. Ти постоиш за да ја потврдуваш нивната вредност.

    9️⃣ Надвор ангел, дома тиранин.
    Две сосема различни личности – јавно шармантен, приватно емоционално насилен.

    🪞 Нарцистот не те сака тебе. Тој ја сака контролата над тебе.

    Нема емпатија. Само игра.
    Нема вистина. Само маска.

    🧠 Манипулацијата е неговиот јазик.
    🩶 Тишината е неговото оружје.
    🙃 Огледалото го гледаш ти – тој гледа само себе.

    Ако те збунува, исцрпува и постојано обвинува…
    Не си луда.
    Не си премногу чувствителна.
    Не си проблемот.

    Само си премногу чувствителна за личност без чувства.