VMESNI SVETOVI

Ознака: #НарцисНаОдмор #НарцисВоПразници #ПразнициБезЉубов #ТоксичниОдноси #СегаГледам #ЉубовНеЕБолка #Манипулациј

  • Нарцисот на празници и одмори: кога сите слават – тој гледа како да те скрши.

    🎁 Празници.
    🎂 Родендени.
    🌊 Одмори.
    Тие денови што другите ги чекаат со радост – ти ги чекаш со страв.

    Секогаш нешто ќе тргне наопаку.
    Секогаш ќе се случи нешто „ненамерно“.
    Секогаш ќе бидеш таа што се обидува да спаси атмосфера – додека тој гледа наоколу, критикува, игнорира, провоцира.
    Празниците доаѓаат со ветување за љубов. За внимание. За благодарност.

    Но ако си покрај нарцис – празниците се сè освен тоа.
    Стануваат денови кога ќутиш. Кога глумиш дека си добро.
    Денови кога мораш да ја скриеш болката – само за да не создадеш нова расправија.
    Со нарцисот:
    ❌ Празникот не е празник.
    ❌ Одморот не е одмор.
    ❌ Твојот ден – не е твој.

    📌 8ми Март. Денот на мајката. Твојот роденден. Годишнината.

    Сите тие денови што треба да бидат за тебе –
    се претвораат во денови кога мораш да внимаваш на секој збор.

    🧨 Можеби ќе те игнорира.
    🧨 Можеби ќе направи нешто – но само пред други.
    🧨 Можеби ќе добиеш подарок – но со чувство на вина. Или по расправија.
    🧨 Можеби ќе го слави тој ден – но со друга.

    👠 Ќе ти каже:
    „Не ти требаат такви глупости.“
    „Овие празници се само за реклами.“
    „Сите жени го претеруваат.“

    Но ти чувствуваш дупка.
    И болка.
    И чувство дека не вредиш.

    📉 А вистината е – не си луда.
    📉 Не си презахтевна.
    📉 Само бараш она што секоја жена го заслужува: почит, внимание, нежност.


    📩 И некогаш … ќе пишува на други.

    На својот профил нема да стави ништо за тебе –
    но ќе лајкне друга. Ќе ѝ честита на својата мајка.
    Или ќе ѝ прати порака на „резервната“.

    📌 Празниците со него се тест:

    – На твојата трпеливост.
    – На твојата тишина.
    – На твојата подготвеност да ја потиснеш болката – за мир во куќата.

    🎁 Празник е. Но не за тебе.

    Додека другите жени добиваат цвеќиња, пофалби и објави – ти добиваш молк. Или уште полошо:
    – коментар „што веќе си нервозна?“,
    – одговор „еј, не ми се прави сега сцена“,
    – или класиката: „заборавив, ама ти секогаш нешто драматизираш“.

    🎂 Роденден ти е. Но се чувствуваш како да си згрешила што си родена.

    Ќе добиеш подарок? Можеби.
    Ама прво ќе добиеш драма. Тишина. Обвинување. И чувство дека ништо не правиш како што треба.

    Ако си среќна? Ќе направи нешто – за да не бидеш.
    Ако не си среќна? Ќе те праша зошто уништуваш сè.
    И потоа… додека ти ги дуваш свеќичките – тој ќе си пишува со резервите. На твoј роденден.

    🎭 Нарцисот за празници и на одмор: малиот ѓавол во свечено пакување

    🎄 На Божиќ – те замрзнува.

    Ако очекуваш семејна топлина – ќе добиеш студен поглед.
    Твојот ентузијазам е за него навреда.
    Ќе го саботира ручекот, ќе се скара за глупост, ќе исчезне среде денот.
    Сите нешто подготвуваат. Светки, храна, подароци.
    Ти – се обидуваш да создадеш атмосфера.
    А тој?
    Седи со вклучен мобилен. Или се однесува како да е казнет што е дома.
    🔇 Тишина.
    🔁 Цинизам.
    🪞 Злобен коментар – дури и пред гости.
    „Не знаеш ни салата да направиш како што треба.“
    „Ти оваа година ништо не си заслужила.“
    „Овие украси ти се кич.“

    📌 Тој не го сака Божиќот.
    Не заради религија. Туку затоа што не е во центарот.
    Сака да види дали ќе му дадеш приоритет – и кога не го заслужува.

    🐣 Нарцисот за Велигден: кога тишината стана традиција.

    Додека другите се будат со насмевка и мир во душата – ти се будиш со стегнато срце.
    Наместо љубов – чувство на одговорност. Да не заборавиш ништо. Да не згрешиш. Да не го налутиш.

    Велигден би требал да биде симбол на надеж.
    Но со нарцисот – секоја надеж се распрснува на првото негово „Што си зготвила сега?“ или „Ова не личи на празник.“

    👩‍🍳 Сè си направила. Чистење. Храна. Подготвена трпеза.
    Но кога ќе седнете на маса – тој одеднаш станува критичар.
    Сè е премалку. Прекасно. Премногу.

    Иако се обидуваш да ја спасиш атмосферата – тишината сече.
    Гостите чувствуваат. Детето гледа. А ти…
    Ти повторно се распаѓаш одвнатре.

    🫱‍🫲 Семејни празници: кога тој го слави светот – освен тебе.

    Слават дедовци, баби, кумови, пријатели…
    На сите носи подароци, се смее, глуми совршен сопруг.
    Само дома – тишина. Само ти – не постоиш.

    Ако твоето семејство слави – ќе измисли причина да не оди.
    Ако твоето дете има настан – ќе задоцни, ќе заборави, ќе се жали.
    Секој семеен момент станува натпревар – кој има повеќе контрола.

    🥀 Нема фотографија со тебе.
    Нема статус.
    Нема ништо што потсетува дека постоиш – освен кога треба да бидеш виновна.

    А кога ќе почнеш да поставуваш прашања – ќе добиеш тивок третман.
    Или ироничен коментар: „Сакаш внимание? Оди објави нешто на Фејсбук.“
    📌 Семејните празници се огледало.
    Ако во нив гледаш болка – тогаш знаеш: не си сакана, туку контролирана.

    🏖️ А на одмор…

    Ти се подготвуваш со радост – тој вика.
    „Секогаш нешто забораваш!“
    „Зошто таа облека – на ревија одиш?“
    „Кој пак ќе плаќа за сè ова?“

    И кога конечно ќе стигнете – тој не мирува.
    Гледа други жени.
    Коментира секоја што минува.
    Флертува со онаа што најмалку ја сомневаш – таа што ти е пред очи.

    А можеби… ќе добие глуп изговор – и ќе исчезне на неколку часа.
    „Само колегите, само за момент…“
    Но ти знаеш. Внатре – секоја клетка ти вреска: нешто не е во ред.

    📩 А понекогаш – додека ти седи до тебе на лежалка, со кафе во рака –
    пишува на бивши.
    На резервни.
    На оние што го хранат – кога ти си празна.

    📌 Одморот не треба да те ломи.
    📌 Празникот не треба да те боли.
    📌 Ако се чувствуваш невидлива кога треба да светиш – не си во љубов, туку во стапица.

    ✨ Но еднаш кога ќе ја видиш вистината – нема враќање назад.

    Ќе престанеш да се потценуваш.
    Ќе престанеш да се прашуваш: „Што ако сум јас проблемот?“
    И ќе почнеш да се славиш сама – и секој ден ќе ти стане празник.

    📌 Жената што гледа – сега гледа поинаку.
    📌 Жената што љуби – веќе не љуби оној што ја крши.
    📌 Жената што еднаш знаеше што значи празник – ќе си го врати.