VMESNI SVETOVI

Ознака: #моднаинспирација #pinterestмода #одржливамода #едноставношик

  • РЕКРЕАЦИЈА НА ОБЛЕКА ОД PINTEREST // СПОНТАНО ФАТЕН МОМЕНТ

    Понекогаш за добар изглед е доволна само една искра инспирација. Овојпат ја најдов на Pinterest – едноставна, но впечатлива комбинација: црнo здолниште до колена, маица со долги ракави, црни патики и неколку златни детали.
    Комбинација што секогаш функционира – удобна, минималистичка и елегантна.

    Додека шетав низ трговски центар, налетав на интересна поставка на уметнички дела. Боите и енергијата веднаш ме привлекоа – а облеката што ја носев совршено се вклопи во позадината.
    Спонтано застанав, се насмевнав и клик – моментот беше фатен.

    Мојот outfit:

    – Црно здолниште: купено минатата година на акција во H&M
    – Маица со долги ракави: Bonprix
    – Патики: Sinsay
    – Чанта: Temu
    – Накит: Temu
    – Очила за сонце: New Yorker

    Pinterest постојано ми покажува дека со едноставни и достапни парчиња можеш да создадеш нешто свое – свој момент, свој стил.
    За убав изглед не мора да се троши богатство – потребни се само малку имагинација и чувство за себе.
    Во наредните објави ќе вклучам и парчиња што ги најдов во центри за повторна употреба, а ќе започнам и со градење на мојата капсулна гардероба.