VMESNI SVETOVI

Ознака: #манипулатор #прикриеннарцис #тивкаманипулација #емоционалназлоупотреба #пасивнаагресија #психолошкиигри #

  • Кога манипулаторот е нешто повеќе – прикриен нарцис

    На прв поглед се слични.
    И двајцата тивки. И двајцата изгледаат како жртви. И двајцата знаат да предизвикаат вина.
    Но прикриениот нарцис оди подлабоко. Тој не манипулира само за да добие нешто. Тој живее како жртва, за да ја зачува својата внатрешна важност.
    Манипулатор:

    Манипулира за да постигне нешто (внимание, извинување, одлука).

    Може да биде пасивно-агресивен, но не мора да има нарушување на личноста.

    Може да престане ако се соочи со вистината.


    Прикриен нарцис:

    Секогаш изгледа како жртва, но ја контролира ситуацијата.

    Не поднесува критика – ја доживува како напад.

    Не презема одговорност – секогаш најде начин да те направи виновна.

    Секој негов потег шепоти: „погледни колку страдам поради тебе“.
    Замки на прикриениот нарцис:

    Надворешно: чувствителен, несфатен, повлечен.

    Внатрешно: горд, повреден, и убеден дека заслужува сè.

    Често добива сочувство – додека тебе те исцрпува.
    Заклучок:

    Манипулаторите доаѓаат и си одат.
    Прикриениот нарцис влегува длабоко – во твојот ум, чувства и самопочит.
    И токму затоа е најопасен – затоа што носи невидлива маска.

    Manipulator v.s cover narcis

    „Кога улогата на жртва станува оружје – препознаваш ли прикриен нарцис?“