Понекогаш велам дека сум космополит – и забележувам дека овoj збор понекогаш им звучи чудно на луѓето. Но за мене, тоа не е само туѓа ознака, туку начин на живот.
Космополит не е само оној што патувал или живеел во странство (иако и тоа сум го доживеала). Тоа е човек кој се чувствува како дома во повеќе култури, кој ја разбира и почитува различноста – не со страв, туку со отворено срце. Некој што ја гледа убавината во различноста и знае да слуша – дури и кога не разбира сè.
За мене, тоа значи дека сум составена од многу светови – зборувам повеќе јазици, славиме различни празници, мојот дом е составен од различни луѓе и приказни. Моето семејство е спој на македонски корени и словенечко секојдневие. Мои пријателки го слават Рамазан, Божиќ и роденденот на истиот Бог – но на различни јазици. Мојот свет нема граници – ниту во јазикот, ниту во срцето.
Да се биде космополит не значи да си без корени. Тоа значи дека твоите корени не исклучуваат други. Дека не те дефинира само националноста, името или адресата – туку вредностите, чувствата и широчината на духот.
Затоа, кога велам дека сум космополит, всушност велам: тука сум. Помеѓу. Своја. Дома во себе – и поврзана со светот.
