Зад секој агол стои некој јазик,
зборува гласно, како да пишува дневник.
Раскажува приказни, вистини од сенка –
за сите… освен за себе, кој не се осеќа.
„Гледај ја таа!“ – ќе рече без трема,
со прст ќе покаже – а три ќе го следат немо.
Секој носи шепот што не се зборува,
а љубов не живее каде се осудува.
Никој не е совршен – сите носиме крпи:
еден со скршен поглед, друг – со тишина в џеб.
Да се гледавме почесто со очи на срце,
би имало помалку омраза, повеќе заеднички молк.
А јас стојам – не клечам во ќош,
зашто знам која сум – без маска, без ѕид.
Нека зборуваат – ако тоа им е леб,
јас подобро градам мостови – од пердув, не од гнев.
