(мала тортура за нарцисот – не намерно, туку затоа што си се избрала себеси)
✨ 1. Кога ке го одбиеш love bombing-от На почетокот ти нуди сè – комплименти, внимание, интензивни изјави… А ти не паѓаш. Остануваш приземјена. 🧠 За него? Одбивање на егото. Шок. Напад на големата самослика.
✨ 2. Кога ке го одбиеш hoovering-от Откако те „отфрлил“ или ти си го прекинала контактот – те тестира. Праќа сигнали, те вика назад, игра на твојата емпатија. А ти? Молчиш. Без одговор. 🧠 За него? Недостапна цел. Лут е, затоа што играта повеќе не функционира.
✨ 3. Кога го раскриваш. Кога ја разбираш динамиката. Кога го гледаш јасно и тоа и го кажуваш. Не со бес – туку со мир, со свесност. 🧠 За него? Маската му е загрозена. Паника. Срам (со кој не знае што да прави).
Три пати кога се избрав себеси – и го болеше повеќе од што очекував.
Оваа реченица длабоко трогнува – признание дека начинот на преживување не бил избор, туку нужност. Се работи за тоа да си дадеш сочувство за таа верзија од себе што морала само да опстои.
🌱 Зошто ова е важно
Самопрошка: Препознавање на начини на кои сме преживувале – емоционални ѕидови, прекумерна работа, постојана напнатост – е првиот чекор кон свесна грижа за себе.
Ментален раст: Не си „скршена“ затоа што си се адаптирала. Ти си човек. Кога ќе си простиш, отвораш простор за заздравување и трансформација.
Повраток на личната моќ: Преживувањето е фаза, не идентитет. Еднаш ти служело – сега можеш да избереш поинаков начин на живеење.
Инспирации кои го надополнуваат ова
Michele Rosenthal напиша: „Модот на преживување треба да биде фаза што го спасува твојот живот. Не е наменета за постојано живеење.“
Исто така: „Не си мрзлива, немотивирана или заглавена. По години живеење во мод на преживување – си исцрпена. Тоа е разлика.“
Овие зборови не потсетуваат: тоа што си преживеала, не значи дека мора така да продолжиш.
Си простувам. За сите избори што ги направив додека се борев да преживеам. За тишината, за стравот, за тоа што се изгубив себеси по пат. Тоа не беше слабост – тоа беше сила во најтешка форма. Сега се враќам. По мој терк. Со љубов кон себе.
Што можеш да направиш понатаму
1. Размисли: Како се справуваше во тешките времиња? Признај си ги начините на кои си се заштитувала.
2. Прости си: Биди нежна со таа верзија од себе. Си давала сè од себе.
3. Преод: Како изгледа живот надвор од преживување – кон цветење? Почни со мали, нежни чекори.
4. Поддршка: Обрати се кај блиски, заедници или професионалци ако сè уште се справуваш со процесот на опоравување.
Некои нарциси се кријат зад своите титули, дипломи, функции, докторски студии… Но тоа не значи дека се емоционално интелигентни. Или дека знаат да сакаат. Или дека се разбираат себеси и другите.
🧠 Интелигенцијата е повеќе од знаење. Тоа е способност за разбирање, емпатија, саморефлексија и самокритика. Квалитети што нарцисот едноставно ги нема – без оглед на тоа колку титули има на визитката.
🚩 Не дозволувај да те убеди неговата „памет“. Прати како се чувствуваш покрај него. Тоа ќе ти каже повеќе од целиот негов CV.
Образованието не значи интелигенција. Особено кога станува збор за нарцисите. Некои од нив се кријат зад дипломи и титули, но се емоционално неписмени. Интелектот без емпатија е само маска. Зад неа често стои личност со емоционална зрелост на дете од 3–4 години.
📖 (Извадок од книгата „Во опојот на НАРЦИСОТ”, стр. 14–15)
…можеби (барем некое време) и самите не сме свесни за тоа, а ни нашата околина (блиски, колеги, соседи…) нема да забележи дека нешто не е во ред. Напротив: може да се случи токму оние што треба да ни помогнат, да застанат на страната на напаѓачот и ние во нашата мака да останеме сосема сами.
Односите во кои постои насилство, било психичко, физичко, сексуално и/или какво било друго, треба да се прекинат (да се лекуваат, ако е можно – ако другата страна е подготвена), да се оддалечиме или да ги „оладиме“ и да ги сведеме на најосновен контакт. Во тие моменти не е важно зошто некој нè повредува или дали има некакво нарушување, туку дали неговото однесување е насилно – и клучно е, дали ние од тој насилен (и злоупотребувачки) однос ќе се повлечеме. Често полесно е да се биде кратко осамен отколку трајно во болка.
Во случајот кога во основата на односот лежи личност со нарушување на личноста, особено нарцисоидно, тогаш тоа за нас претставува драгоцена информација. Прво, затоа што можеме да научиме како да се однесуваме за од таков однос да излеземе што е можно помалку повредени (или ако мора да го задржиме, во рамки на способностите), и второ затоа што со разбирање на светот како што го доживува личност со нарцисоидно нарушување, полесно ќе разбереме од што всушност се состои нашиот однос со неа и што самите ѝ претставуваме.
👉 Дали некогаш си се почувствувала како плен? Како да не те гледаат како човек, туку како средство – за уживање, моќ, храна, статус?
🔸 Кога не си човек, туку стек 🔸 (🧠 нарцисистичка динамика, објаснета преку цртан филм)
Го познавате цртаниот филм Том и Џери? Во епизодата Неговиот глушец Петок (His Mouse Friday), изнемоштениот Том од зад дебелото стебло на палма го набљудува Џери, кој (цел заоблен) шета по плажата, а во него гледа само – сочен стек.
Поедноставено кажано, ние сме Џери, личноста со нарцисоидно нарушување е Том. И не гледа така, како што Том го гледа Џери: како стек.
Оваа споредба е корисна за полесно да се соочиме со тоа што навистина се крие зад „љубезноста“ на личноста со НОМ (нарцисоидно нарушување на личноста) кон нас. Тоа е болен процес, но носи олеснување, особено кога ќе се справиме со чувството на вина. Нашата единствена „вина“ во таквиот однос е фактот дека не сакаме веќе да бидеме – стек. Таквиот поглед на нештата ни помага полесно да се соочиме со сознанието дека во тој однос никогаш немало вистинска љубов, а воедно повторно носи одредено олеснување при спознанието дека не сме ја изгубиле „љубовта на животот“, „најдобриот пријател“, „сродната душа“ итн.
Така нè гледа нарцисот. Не како личности со душа, желби и чувства, туку како нешто што може да се искористи. Како продолжеток на себеси. ⠀ А ние? Ние сме Џери. Не ни насетуваме како изгледаме низ неговите очи – сè додека не нè заболи. ⠀ Затоа е ослободувачки моментот кога за првпат јасно ќе видиш: 👉 „Јас не сум стек. И не сакам веќе да бидам на неговото мени.“
Не ти пишува затоа што си »посебна«. Туку затоа што си најлесна за враќање. Затоа што си достапна, емпатична, подготвена да простиш.
Но не дозволувај да те залаже: ❌ Тоа не е љубов. ❌ Тоа не е судбина. ❌ Тоа не е „повторно спојување на душите“.
Тоа е игра. 📌 Игра со резерви. 📌 Игра со оние што сè уште може да ги контролира. 📌 Игра со повеќе отворени опции – каде ти си само една од нив.
‼️ 9 од 10 пати кога ти пишува – пишува и на други. Можеби со друг тон, но со иста цел: Да си го нахрани егото. И да најде некој што уште му верува на маската.
👉 Тоа што се враќа, има име: Hoovering.
Hoovering е кога повторно те контактира: – по долго време ти пишува „Еј…“ – се појавува со нова приказна – глуми жртва, покајание или шарм – пробува пак да те вовлече ❌ Не затоа што те сака. ✅ Туку затоа што му недостасува внимание од други.
🔍 Пример од пракса:
> „После 3 месеци без збор, ми напиша само: ‘Се сетив на тебе.’ Јас – срце ми заигра. А потоа дознав дека истата порака ја испратил и на уште две негови бивши.“
🧨 Не си единствената. Додека ти пишува – пишува и на други. 🎭 Пробува со сите опции. Некој ќе му поверува. Некој ќе се врати. Нему му е важно само: Кој ќе му го храни егото.
Можеби мислиш дека се освестил. Дека почнал да те цени. Дека конечно разбрал што имал покрај себе.
🛑 Но вистината е поинаква. Не наседнувај. Враќањето не е доказ за љубов – туку доказ дека уште си му корисна.
Нарцисот нема пол. Има образец. А тој образец вели: „Ти постоиш за мене – сè додека ме храниш.“
2.
Мајка што те гледа само кога си „добра“. Која сака само кога си онаква каква што таа посакува. Споредува. Понижува. Ги отфрла твоите чувства со само еден поглед.
3.
Мајка што не ти дозволува да се разболиш. Што се натпреварува со твојата женственост. Казнува со тишина. И бара восхит од светот повеќе отколку блискост со тебе.
4.
Можеби тоа се нарекуваше љубов. Но те болеше. Затоа што како девојче чувствуваше: „Ако покажам која сум – ќе бидам отфрлена.“
5.
Не беше разгалена. Не измислуваше. Само растеше во куќа каде што мораше да угодуваш за да бидеш сакана.
6.
Златна ќерка. Виновна ќерка. Тивка ќерка. Секоја улога што ја прифати, беше само начин да преживееш.
7.
И сега – како возрасна – разбираш. Тоа не беше љубов. Тоа беше контрола. Со убава амбалажа.
8.
Пишувам затоа што боли да се признае дека раните не дојдоа од непријател – туку од оној што требаше да биде сигурна прегратка.
9.
Но не, драга моја – со тебе нема ништо погрешно. Само порасна со жена која не знаеше да сака здраво.
🕊️ За тебе, што препозна – и заслужуваш повеќе. #ОнаШтоПрогледа
🖤 Во нејзината прегратка – но без топлина. Ќерката тивко бара љубов. Мајката нуди само контрола, студ и услови. Ова не беше блискост. Ова беше сцена – каде што играше улога за да преживееш.
За сите што пораснале во таква прегратка. Не си сама. #ОнаШтоПрогледа #ПрепознајМанипулација #ВнатрешноДете #НарцисМајка
Понекогаш велам дека сум космополит – и забележувам дека овoj збор понекогаш им звучи чудно на луѓето. Но за мене, тоа не е само туѓа ознака, туку начин на живот.
Космополит не е само оној што патувал или живеел во странство (иако и тоа сум го доживеала). Тоа е човек кој се чувствува како дома во повеќе култури, кој ја разбира и почитува различноста – не со страв, туку со отворено срце. Некој што ја гледа убавината во различноста и знае да слуша – дури и кога не разбира сè.
За мене, тоа значи дека сум составена од многу светови – зборувам повеќе јазици, славиме различни празници, мојот дом е составен од различни луѓе и приказни. Моето семејство е спој на македонски корени и словенечко секојдневие. Мои пријателки го слават Рамазан, Божиќ и роденденот на истиот Бог – но на различни јазици. Мојот свет нема граници – ниту во јазикот, ниту во срцето.
Да се биде космополит не значи да си без корени. Тоа значи дека твоите корени не исклучуваат други. Дека не те дефинира само националноста, името или адресата – туку вредностите, чувствата и широчината на духот.
Затоа, кога велам дека сум космополит, всушност велам: тука сум. Помеѓу. Своја. Дома во себе – и поврзана со светот.
🌍 Да не ги гледаме луѓето со друга боја на кожа, вера, јазик или посебни потреби со чудни очи. Да ги гледаме со почит, љубопитност и отворено срце. Можеби токму во нив ќе откриеме дел од себе што сме го заборавиле.
🔴📍Коментар од ТикТок : „Нарцис не постои. Постојат само глупави луѓе кои ги обвинуваат другите за своите проблеми.“
☕ Мој одговор: Нарцизмот постои – не како навреда, туку како дијагноза призната од светската психијатрија. Тоа е дел од кластер Б личносни нарушувања, заедно со граничното, хистрионско и антисоцијално нарушување.
Нарцисот: – бара восхит без крај, – нема емпатија, – користи манипулација и тишина како оружје, – создава врска каде жртвата се губи себеси.
Кога жртвата конечно ќе проговори, тоа не е кукање. Тоа е преживување.
🔵📍Komentar s TikToka: »Narcis ne obstaja. Obstajajo samo neumni ljudje, ki za svoje probleme krivijo druge.«
☕ Moj odgovor: Narcis obstaja. In ne gre za mnenje, ampak za uradno priznano osebnostno motnjo – del t. i. klastra B osebnostnih motenj, skupaj z mejno, histrionsko in antisocialno motnjo.
Ljudje z narcistično osebnostno motnjo (NPD) imajo: – močno potrebo po občudovanju, – pomanjkanje empatije, – izkrivljen občutek pomembnosti, – pogosto uporabljajo manipulacijo, gaslighting, tihi tretma.
To niso »neumni ljudje, ki krivijo druge«. To so ljudje, ki dolgo nosijo posledice psihološke zlorabe – pogosto v tišini, ker jim nihče ne verjame.
In ko končno spregovorijo, so spet tarča – tokrat komentarjev, ki ne ločijo med osebno odgovornostjo in dolgotrajno manipulacijo.
🔴„Нарцис не постои…“ Чест коментар што покажува колку малку знаеме за клиничкиот нарцисизам. Во оваа рубрика одговарам – со зборови што мирисаат на вистина.
🔵”Narcis ne obstaja…” Pogost komentar, ki kaže, kako malo vemo o kliničnem narcizmu. V tej rubriki odgovarjam – z besedami, ki dišijo po resnici.
Не бев илузија, ниту приказна за едно поглавје. Бев светлина што те осветли, иако ти гледаше низ магла.
Ти заборави, јас запомнив. Ти играше, јас чувствував. Но токму затоа сега сум слободна.
Твоите лаги не ја одредуваат мојата вистина. Твоето отсуство не значи дека сум празна. Твоето молчење не ми треба како доказ. Не ми требаш повеќе за да бидам цела.
Моето срце учеше на тежок начин, но сега чука почисто, појасно. За себе. За светот што ме чека. За животот што не е лажен.
„Ти заборави, јас запомнив. Ти играше, јас чувствував. Но токму затоа сега сум слободна.“
Не молчи. Пишувај, зборувај, ослободи се. Нека твоето срце зборува – без страв.