VMESNI SVETOVI

Блог

  • Како нарцисите те шпионираат – и зошто никогаш навистина не си „заборавен/а“

    Како нарцисите те шпионираат – и зошто никогаш навистина не си „заборавен/а“

    Една од најчестите заблуди по прекинот со нарцис е мислата:„Сигурно продолжил понатаму и повеќе не мисли на мене.“

    Во реалноста, тоа ретко е точно.
    Нарцисот не се поврзува – тој поседува.
    И дури и кога ќе си заминеш, често не те пушта навистина.
    Само ја менува формата на контролата.

    Зошто нарцисот шпионира?

    Не од љубов.
    Не од носталгија.
    Туку од потреба за потреба за контрола и информација.
    Шпионирањето му служи за:
    да види како си
    дали си продолжил/а понатаму
    дали ти оди добро
    дали си ранлив/ранлива
    и дали повторно си „достапен/достапна“
    Особено ако новото „снабдување“ не функционира.

    Кога нарцисот верува дека те поседува

    Кога нарцисот еднаш ќе развие уверување дека те „поседува“,
    прекинот на контакт од твоја страна ретко го доживува како конечен.
    Тој не верува дека тоа е засекогаш.
    Верува дека ќе се вратиш.
    Затоа често не реагира веднаш.
    Чека да помине одредено време,
    да се смират емоциите,
    па повторно да се појави —
    со порака, „проверка“ или наводно случаен контакт.

    Најчестите начини на кои нарцисите те следат

    1. Социјални мрежи

    Нарцисите внимателно ја следат твојата онлајн активност.
    Можеби не лајкаат, не коментираат и не се појавуваат јавно —
    но гледаат.
    Често користат:
    лажни профили
    профили на други луѓе
    или информации добиени преку трети лица

    2. „Случајни“ средби

    Се појавуваат на места каде што знаат дека често одиш:
    кафуле, продавница, теретана.
    Ништо не е случајно.

    3. Набљудување на домот

    Понекогаш поминуваат покрај твојот дом
    за да видат дали си дома,
    дали имаш друштво
    или дали некој нов е во твојот живот.

    4. „Летачки мајмуни“

    Користат други луѓе за да добијат информации:
    пријатели, познаници, па дури и членови од семејството.
    Прашањата изгледаат невини,
    но целта е јасна — информации.

    5. Физичко следење

    Највознемирувачката форма:
    следење со автомобил,
    набљудување каде одиш
    и со кого се среќаваш.

    Љубомората и ранливоста како сигнал

    Нарцисите се особено активни кога ќе забележат две работи:
    дека ти оди добро
    или дека си ранлив/ранлива
    Ако гледаат стабилност, радост или раст —
    се активира љубомората.
    Ако забележат тага, збунетост или осаменост —
    го препознаваат моментот како можност
    повторно да воспостават влијание.
    Не од грижа,
    туку од потреба повторно да контролираат.

    Што навистина значи сето ова?

    Нарцисот не бара љубов, туку снабдување.

    Шпионирањето:
    му дава чувство дека сè уште има контрола
    му обезбедува информации кога и како да се појави
    ја храни илузијата дека ти сè уште му припаѓаш
    Но истовремено, тоа е и важен знак:
    ти си се помрднал/а
    ти не си таму каде што те оставил
    ти си надвор од неговиот автоматски дофат

    Што е најдобрата заштита?

    Не објаснување.
    Не докажување.
    Не конфронтација.
    Туку:
    тишина
    јасни граници
    минимален или никаков контакт
    и живот што не бара дозвола
    Кога ќе престанеш да бидеш достапен/достапна,
    контролата ја губи својата моќ.

    Ако препознаваш вакви обрасци,
    знај дека тоа не е случајност
    и не е знак на љубов.
    Следи го блогот „Вмесни светови“
    каде што зборуваме за нарцизам, манипулација
    и враќање кон сопствената сила и граници.

  • ОБРЕД ЗА НЕПРИЈАТНОСТ

    ОБРЕД ЗА НЕПРИЈАТНОСТ

    Понекогаш доаѓа тивко.
    Не боли, ама тежи.
    Не плаче, ама притиска.
    Не вика, ама шепоти: нешто не е во ред.

    Понекогаш не знам дали е телото уморно,
    или душата,
    или само светот премногу гласен.
    Тогаш не барам причини.
    Не се поправам.
    Само застанувам –
    и го правам мојот обред за непријатност.

    ОБРЕД

    1. Застанувам.

    Го пуштам сè што тежи – мисли, грижи, очекувања.
    Останувам само јас и мојот здив.

    2. Вдишувам.

    Длабоко, полека, низ носот.
    Како да го повикувам мирот во себе.
    Издишувам преку устата –
    како да го пуштам она што не е мое.

    3. Го допирам своето срце.

    Со дланка, без зборови.
    Да се потсетам дека сè уште чука.

    4. Си велам:

    „Не морам да бидам совршена.
    Морам да бидам вистинска.“

    5. Правам нешто мало што ме разгалува.

    Чаша вода.
    Свеќа.
    Поглед низ прозорецот.
    Само нешто што ми го враќа здивот.

  • Начинот на размислување на нарцисот

    Начинот на размислување на нарцисот

    „Тоа не се случи. А ако и се случило, не беше толку страшно. А ако и беше, не е ништо страшно. А ако е, не сум јас виновен. А ако и сум, не беше намерно. А ако и беше намерно – ти ме натера.“

    Овој параграф звучи апсурдно, но токму така изгледа умот на нарцисот.
    Негирање, минимизирање, потценување, префрлање на вина.
    Секој ред ја симболизира следната фаза во нивната одбрана од реалноста.

    „Тоа не се случи.“

    Класично негирање на реалноста. Твојата вистина станува непостоечка.

    „Ако и се случило, не беше толку страшно.“

    Намалување на болката – твојата траума станува нивна мала непријатност.

    „Ако и беше, не е ништо страшно.“

    Потценување – твоите чувства се претставуваат како слабост.
    „Ако е така, не сум јас виновен.“

    Бегање од одговорност. Никогаш не носат вина, секогаш носат изговор.

    „Ако и сум, не беше намерно.“

    Оправдување без совест – со зборови што звучат нежно, но болат ладно. „Ако и беше намерно – ти ме натера.“

    Најсилната форма на манипулација – gaslighting. Ти си виновна за нивниот напад.

    Ова не е разговор.
    Ова е круг без излез – додека не престанеш да се објаснуваш.
    Кога ќе го видиш – излегуваш од него.

    Така изгледа нивниот внатрешен свет – круг без одговорност, без покајание и без вистинска емпатија.
    И токму кога ќе го препознаеш овој образец,
    почнува твоето ослободување.


    Кога ќе престанеш да докажуваш што се случило –
    ќе го вратиш својот мир.

  • Нарцисичниот родител и потребата од контрола

    Нарцисичниот родител и потребата од контрола

    Зошто го контролира своето дете

    Нарцисичниот родител не го гледа детето како посебно, уникатно суштество,
    туку како продолжение на себе– како огледало што мора да ја потврдува неговата вредност.
    Затоа детето нема дозвола да биде свое.
    Кога ќе изрази мислење, желба или личност, нарцисот тоа го доживува како закана,а не како природен дел од растот.

    Бидејќи нарцисичниот родител во себе чувствува страв, празнина и немоќ,тој обидувајќи се да ја задржи илузијата за контрола,
    го пренесува тој страв врз околината – најчесто врз своето дете.
    Така создава лажен свет во кој „сè држи под контрола“,
    иако во суштина бега од сопствената внатрешна нестабилност.

    Како изгледа таа контрола

    Контролата не секогаш изгледа како викање или строги правила.
    Често е облечена во форма на „грижа“ или „воспитување“.

    Родителот одредува:

    – со кого детето ќе се дружи,
    – што смее да мисли,
    – како треба да се облекува,
    – што мора да студира,
    – кого треба да почитува,
    – па дури и кого треба да сака.

    Сè што детето прави „по свое“, родителот го доживува како бунт.
    Следат критики, срам, вина или тивка казна.
    Понекогаш и целосно повлекување на љубовта –
    сè додека детето повторно не стане послушно.

    Нарцисичниот родител често вели:
    „Јас само сакам најдобро за тебе.“
    „Ако навистина ме сакаш, ќе направиш како што велам.“
    „Ти не знаеш уште да одлучуваш, јас ќе решам.“

    Но вистината е дека не сака да го заштити детето –
    туку сака да ја задржи контролата.

    Како детето го доживува тоа

    Детето под контрола на нарцис не чувствува љубов,
    туку страв од губење на љубовта.

    Верува дека наклонетост заслужува само ако е совршено, тивко и послушно.

    Така учи да:
    – ги потиснува своите мисли,
    – угодува за да преживее,
    – избегнува конфликт дури и кога ќе порасне.

    Нарцисичната контрола создава возрасна личност што:
    – не си верува на своите одлуки,
    – се извинува за своите чувства,
    – постојано бара надворешно одобрување,
    – и се плаши дека ќе биде одбиена ако биде премногу „јас“.

    Како тоа влијае во зрелоста
    Кога детето на нарцис ќе порасне, во себе сè уште го слуша тој глас:
    „Не смееш. Не знаеш. Не вредиш доволно.“

    Тој внатрешен критичар станува внатрешен контролор.

    Возрасното дете на нарцис често не знае да каже „не“,
    зашто секоја самостојна одлука во него буди чувство на вина.
    Наместо мир, повторно бара односи каде што постои контрола –
    бидејќи тоа е единственото што го познава.

    Но кога еднаш ќе сфати дека контролата не е љубов, туку страв, може да почне да ја гради својата внатрешна сигурност.

    Да почне да го слуша својот глас, да избира за себе и да се ослободува.

    Нарцисичниот родител не воспитува – тој обликува.
    Детето не живее – туку преживува.
    А моментот кога тоа дете ќе порасне и ќе ја спознае вистината,
    е моментот кога конечно почнува да живее по свое.

  • Знак на нарцизам

    Знак на нарцизам

    Нормалните луѓе не можат едноставно да ја вклучат или исклучат љубовта што ја чувствуваат кон некого, како прекинувач. Тоа не е начин на кој функционираат нормалните човечки суштества. Затоа, дури и кога ќе сфатат дека нарцисот е измамник и насилен, им е тешко да си заминат. Понекогаш се враќаат неколку пати, пред конечно да ја прекинат врската.
    Но, нарцисот може веднаш да ја исклучи „љубовта“, затоа што тоа е само глума и манипулација што ја користи особено во фазата на „love bombing“, за да ја вовлече жртвата.

    Затоа, кога ќе те игнорира и ќе исчезне, не можеш да разбереш како некој може да ги изрази сите тие чувства и да ти зборува колку многу се грижи за тебе – а потоа да исчезне без трага.

    Љубовта на нарцисот не умира – затоа што никогаш не била родена.
    Била само маска, игра, потреба за контрола.

    Што се случува во мозокот кога сакаш нарцис

    1️⃣ Love bombing = допаминска експлозија

    Кога нарцисот те „освојува“, твојот мозок е преплавен со допамин – хормонот на награда и задоволство. Секоја порака, комплимент или поглед создава чувство на еуфорија.

    2️⃣ Тишина и дистанца = пад на допамин

    Одеднаш – молк. Игнорирање. Ладно однесување. Допаминот паѓа, а мозокот реагира како на апстиненција – почнуваш да чежнееш по неговото внимание.
    3️⃣ Активирање на кортизол (стрес-хормон)

    Нервоза, анксиозност, немир. Телото влегува во состојба на аларм. Мозокот сака повторно да добие „награда“, за да ја намали тензијата.

    4️⃣ Враќање на нарцисот = нов допамински удар

    Кога повторно ќе покаже малку внимание, допаминот повторно расте – и се создава циклус на зависност. Тоа е биохемиска замка.

    5️⃣ Ослободување = детокс од нарцисот

    Излегувањето од тој круг бара време. Мозокот мора да се „ресетира“ и повторно да научи што е мир, стабилност и вистинска љубов.

    Љубовта на нарцисот не се гасне – затоа што никогаш не постоела.
    Таа е глума, контрола и манипулација што создава зависност меѓу допамин и болка.
    Кога ќе ја видиш илузијата, започнува твоето вистинско ослободување.

  • Кој е најголемиот страв на нарцисот?

    Кој е најголемиот страв на нарцисот?

    Најголемиот страв на нарцисот не е дека ќе те изгуби.
    Туку дека ќе ја изгуби контролата врз тоа како ти го гледаш него – и како тој изгледа во твоите очи.

    Под сите маски на самодоверба се крие празнина која мора постојано да ја храни со внимание, восхит и моќ над другите.
    А кога тие ќе исчезнат – останува тишина.
    И токму таа тишина го плаши.

    Нарцисот се плаши:
    – дека ќе биде разобличен,
    – дека ќе биде напуштен,
    – дека ќе стане небитен,
    – дека ќе ја изгуби контролата,
    – дека ќе мора да погледне во себе.

    Зашто ако погледне, ќе мора да признае дека она што го гледа во огледалото не е тој,туку внимателно создадена маска.

    И тоа не може да го поднесе.
    Затоа лаже – себеси и другите.

    Кога неговата моќ исчезнува, се појавува вистинското лице: страв, паника и празнина.
    И токму тоа не може да го поднесе.

    „Ако ова го препознаваш – не си ти проблемот.
    Проблемот е контролата.“

  • КОГА ЌЕ СЕ ПРОБУДИШ

    КОГА ЌЕ СЕ ПРОБУДИШ

    Нарцисите не ги уништуваат секогаш своите жртви —
    понекогаш во нив го будат посилниот дел од нивната душа.
    Ако ги препознаваш овие знаци — веќе си преобразена.

    Лесно ги препознаваш токсичните однесувања кај другите.
    Имаш радар за неискрени луѓе.
    Лесно го препознаваш површниот шарм.

    Твојата емоционална благосостојба сега е еден од твоите највисоки приоритети.
    Сега му даваш предност на времето поминато со семејството и пријателите.
    Се чувствуваш посилна од кога било претходно.
    Се чувствуваш помудра од порано.

    Стана добра во поставување и одржување на граници.
    На своите инстинкти им веруваш повеќе од кога било.
    Не бараш повеќе потврда од другите.
    Со конфликтите се справуваш со самодоверба.

    Затоа што се врати кај себе.
    И таму, каде што си денес —
    си доказ дека не те скршија.
    Туку те разбудија.

  • Како да препознаете емоционално незрел партнер?

    Како да препознаете емоционално незрел партнер?

    Емоционалната зрелост е темел на секој здрав однос.
    Кога е присутна – врската расте, се продлабочува, станува дом за доверба и почит.
    Кога ја нема – се појавуваат недоразбирања, дистанца, болка и чувство дека зборувате два различни јазици.

    Емоционално зрела личност ги препознава своите чувства, знае да ги регулира и презема одговорност за своите постапки.
    Незрелата личност, напротив, реагира импулсивно, бега од одговорност и не успева да ја види вашата перспектива.

    Ако се прашувате дали партнерот можеби покажува знаци на емоционална незрелост — обрнете внимание на следниве точки:

    Избегнување одговорност

    Емоционално незрелата личност ретко признава грешка.
    Кога ќе се случи проблем, вината секогаш е „некој друг“:
    вие, семејството, работата, околностите…

    Ова не е случајност — тоа е одбранбен механизам кој му овозможува да не се соочи со себе.
    Оние ретки извинувања често звучат празно, без вистинска промена.

    Потешкотии со изразување на емоции

    Незрелите партнери не умеат да кажат што чувствуваат.
    Бегаат од искрени разговори, ја менуваат темата, се повлекуваат — или пак манипулираат за да избегнат ранливост.

    Во вакви односи сè останува на површина, а вистинската близина никогаш не се развива.

    Импулсивно и непредвидливо однесување

    Емоционалната незрелост често изгледа како:
    – нагли промени на расположение
    – реакција без размислување
    – драматични изливи на лутина или тага
    – одлуки донесени во момент на афект

    Дури и мали непријатности можат да предизвикаат бурен излив.

    Страв од обврзување
    Во подлабоки разговори — за иднина, дом, фамилија — незрелиот партнер се повлекува.
    Понекогаш станува студен, понекогаш саботира, понекогаш се прави дека „не слушнал“.

    Стравот од обврзување не доаѓа од вас, туку од неговиот внатрешен хаос и неспособност да се соочи со своите чувства.

    Егоцентричност и недостиг на емпатија

    Емоционално незрелата личност често верува дека светот се врти околу него.
    Очекува разбирање и грижа од вас, но ретко покажува интерес за вашите потреби.

    Ако чувствувате дека вашите емоции постојано се игнорирани или минимизирани — ова е јасен знак.

    Да се остане или да се замине?

    Емоционалната незрелост може да се промени — но само ако личноста искрено сака да порасне.
    Вие не можете да го промените партнерот.
    Но можете да:
    – поставите граници,
    – кажете што ви треба,
    – одлучите што е добар однос за вас.

    Ако чувствувате дека сте хронично невидливи, несакани или сами во врската — сосема е оправдано да се запрашате дали овој однос ве поддржува или ве празни.

    Заслужувате љубов во која ќе бидете слушнати, видени и емоционално безбедни.

  • Нарцисот и искривената реалност: како те тера да се сомневаш во себе

    Нарцисот и искривената реалност: како те тера да се сомневаш во себе

    (длабока анализа + личен увид + одломок од Лоти Палмер)

    Искривената реалност е најмоќното оружје на нарцисот.
    Тој не удира гласно.
    Тој не те руши одеднаш.

    Неговото насилство е тивко, прецизно и извртувачко —
    како магла што полека се спушта врз умот
    сè додека не престанеш да веруваш во сопствените мисли, чувства и спомени.

    Gaslighting не почнува со вресок.
    Почнува со сомнеж.

    1. КАКО НАРЦИСОТ МЕ НАТЕРА ДА СЕ СОМНЕВАМ ВО СЕБЕ

    Неговите зборови беа како тивки лаги — ситни, но совршено насочени.
    Го земаше мојот збор
    го превртуваше
    и го употребуваше против мене.

    Одеднаш се фаќав себеси како се прашувам:

    „Дали навистина го кажав тоа?“
    „Дали можеби јас погрешно сум разбрала?“
    „Дали моето чувство лаже?“

    Целта никогаш не беше јас да разберам.
    Целта беше јас да се изгубам.

    Да престанам да им верувам на сопствените чувства.
    Да се откажам од сопствениот инстинкт.
    Да дозволам тој да биде единствениот авторитет на вистината.

    Нарцисот знае една работа:
    жената која се сомнева во својот ум е жената што лесно се контролира.

    2. ТЕХНИКИТЕ НА ИСКРИВУВАЊЕ

    Неговите методи беа повторливи, како програма:

    • ги негираше разговорите што сме ги имале
    • ги негираше договорите што сме ги направиле
    • ми велеше дека „претерувам“
    • ми велеше дека „сум параноична“
    • тврдеше дека „измислувам нешта“

    Полека, тивко, незабележливо…
    ја губев trust линијата помеѓу тоа што јас го чувствувам
    и тоа што тој ми наметнуваше да го чувствувам.

    И така почнав повеќе да верувам во неговата верзија на настаните
    одколку во сопствената.

    3. КОГА МОИТЕ ЗБОРОВИ СТАНУВААТ ОРУЖЈЕ ПРОТИВ МЕНЕ

    Најподмолниот момент беше кога ги земаше моите зборови
    ги вадеше од контекст
    им го менуваше значењето
    и ги користеше против мене
    како „доказ“ за нешто што никогаш не сум кажала, ниту мислела.

    Тогаш се почувствував како да сум заглавена во сала со огледала:

    никаде стабилна точка,
    никаде јасна рефлексија,
    никаде мојата вистина.

    Ова не беше недоразбирање.
    Ова беше планирана тактика за контрола и подредување.


    4. ОДЛОМOК ОД ЛОТИ ПАЛМЕР – „ВО ОПОЈОТ НА НАРЦИСОТ“
    „Кога некој ќе ни каже дека ‘погрешно чувствуваме’, тоа е јасен знак дека имаме работа со личност со нарцистичко растројство.

    Чувствата не можат да бидат ‘точни’ или ‘погрешни’.
    Такви можат да бидат само нашите уверувања.

    Но нарцисот ги сортира чувствата според едно правило:

    точни се само оние што го прикажуваат во добро светло.
    Погрешни се сите што ја загрозуваат неговата слика.

    Нарцисот не е во состојба да сфати дека други луѓе можат да чувствуваат поинаку.
    Тоj е убеден дека е мерилото на светот.

    Ако нешто него го засмејува, а тебе те повредува —
    според него, ти погрешно чувствуваш.“

    „Чувствата се твоја вистина. Точка.“


    5. КОГА ЌЕ ПОЧНЕШ ДА ГЛЕДАШ ЈАСНО

    Будењето не доаѓа со експлозија.
    Доаѓа со тивок момент на препознавање:

    „Проблемот не беше во мене.
    Проблемот беше во тоа што некој ја искривуваше мојата реалност.“

    И тогаш започнува најсилниот пресврт:

    Почнуваш повторно да си веруваш.
    Твоите чувства стануваат валидни.

    Твојата вистина станува недопирлива.

    И маглата се крева засекогаш.


    6. КАКО ДА ЈА ВРАТИШ КОНТРОЛАТА НАД СОПСТВЕНАТА ВИСТИНА

    • верувај му на својот инстинкт
    • забележувај повторувачки обрасци
    • не се објаснувај таму каде што нема слушање
    • стој зад своите зборови
    • води белешки, ако треба
    • држи дистанца кога чувствуваш извртување

    Твојата вистина е твојата сила.
    И никој нема право да ја прекројува за себе.

    Ако некој ја искривува твојата реалност,
    ако се сомневаш во себе повеќе отколку што треба,
    ако твоите чувства никој не ги признава –

    знај дека не си сама.

    Прочитај ги и останатите објави од „Психологија / Нарцизам“
    и научи да го препознаеш секој облик на манипулација
    пред да те вовлече во нов сомнеж.

    Твојата вистина е валидна.
    Ти си валидна.

  • ZAKONIK DE SAA – Епизода 2„Треба да бидеш благодарна што сум со тебе“

    ZAKONIK DE SAA – Епизода 2„Треба да бидеш благодарна што сум со тебе“

    Во односите со прикриена динамика на моќ, ништо не започнува со викање,
    ниту со закани.
    Сè започнува тивко.
    Со реченици што звучат како грижа.
    Со зборови што на прв поглед личат на топлина, а во себе носат структура.

    Една од тие реченици е:

    „Треба да бидеш благодарна што сум со тебе“

    Преку неа, нарцисот не покажува љубов – тој воспоставува хиерархија.
    Тоа е моментот кога односот престанува да биде простор меѓу две еднакви личности
    и почнува да станува вертикала во која едниот стои повисоко,
    а другиот тивко се потиснува.

    1. Нежната фраза што не е нежна

    На површина, реченицата изгледа како признание:
    како внимание,
    како грижа,
    како потсетник дека „некој те избрал“.

    Но во реалност, таа фраза носи скриена порака:

    – „јас сум поважен“
    – „ти си среќна што сум овде“
    – „моето присуство е трофеј“
    – „твојата улога е да се прилагодуваш“

    Тоа не е комплимент.
    Тоа е едноставна, но многу прецизна линија:

    јас горе – ти долу.

    2. Како оваа реченица ја менува динамиката

    Оваа реченица не напаѓа директно.
    Таа го менува просторот.
    Го префрла тежиштето од блискост кон должност.
    Го заменува „ние“ со „јас“.

    Бидејќи од моментот кога некој ќе каже

    „биди благодарна за мене“,

    не зборува за љубов.
    Зборува за право,
    за ранг,
    за позиција.

    Со една реченица, жената незабележливо се турка кон местото
    од кое подоцна полесно се прифаќа тишината,
    прилагодувањето,
    или оправдувањето на однесување што не е добро.

    3. Моментот кога се вклучува тивкиот аларм

    Црвените знамиња често се појавуваат порано –
    мал тон, чудна реакција, неспоени зборови и дела.

    Но токму ваквите реченици се тие што го активираат внатрешниот сигнал:
    нe она што зборува гласно, туку она што звучи погрешно.

    „Треба да бидеш благодарна што сум со тебе.“

    е точка на препознавање.
    Точка каде што станува јасно дека нежноста била стратегија,
    а не блискост.
    Дека тивката внимателност била метод,
    а не љубов.

    Тоа е моментот кога врската се покажува во својата вистинска насока:
    однос на рангирање,
    а не на спојување.

    4. Од една реченица → кон поставување „над сите“

    Оваа фраза речиси никогаш не стои сама.
    Таа е дел од поширока внатрешна архитектура на личноста
    која живее со уверување дека стои повисоко од сите околу себе.

    Во таквите личности, постојат три карактеристични слоја:

    Прво: чувство на лична надмоќ

    Тие веруваат дека нивните потреби, ставови и желби
    имаат поголема тежина од туѓите.

    Второ: очекување на посебен третман

    Без оглед дали е партнер, роднина или околина –
    постои јасно очекување дека другите треба да се прилагодат.

    Трето: чувствителност на граници

    Секоја поставена граница се доживува како напад,
    како непочитување
    или како обид за „понижување“.

    Во суштина, нарцисот не се поставува над една жена.
    Тој се поставува над сите.
    А жената најчесто е таа што го гледа најјасно,
    затоа што таа е најблиску до него.

    5. Психолошката суштина на оваа порака

    Оваа реченица има една цел:

    – да ја намали вредноста,
    – да ја направи зависна од признание,
    – да ја смести под него,
    – да ја промени рамнотежата,
    – да ја подготви почвата за следните „малечки“ потиснувања.

    Зашто кога ќе се вгнезди мислата дека
    „треба да се биде благодарен за нечие присуство“,
    тогаш секој следен потег станува „разбирлив“,
    „можеби оправдан“,
    „не вреди да се расправа“.

    Ова е втората инјекција во DE SAA структурата:
    не ја руши жената – ја затвора.

    6. Вистината што ја гледа онаа што прогледала

    Вистинската љубов не бара благодарност за нечие постоење.
    Не гради хиерархија.
    Не создава услови.
    Не поставува „повисоки“ и „пониски“.

    Во здрави односи, двајцата се избираат.
    Без пресметка.
    Без ранг.
    Без должност.

    Ова е Епизода 2 од ZAKONIK DE SAA:
    маската што најчесто се слуша тивко,
    но носи најгласна вистина за односот.

    Онаа што прогледа ја препознава:
    не како љубов,
    туку како упатство.

    И никогаш повеќе не ја следи.