VMESNI SVETOVI

Категорија: ПРЕПОЗНАЈ МАНИПУЛАЦИЈА

„Во оваа подкатегорија ги објаснувам скриените форми на манипулација – од gaslighting и тивка казна, до нарцисоидни техники и невидливи психички игри. Ова е место за жените што сакаат да разберат, да прогледаат и да се заштитат.“

  • Како зборува нарцисот (и зошто по разговор со него си исцрпена)

    Како зборува нарцисот (и зошто по разговор со него си исцрпена)

    Кога му кажуваш на нарцисот нешто сериозно, тешко или застрашувачко што ти се случува, не добиваш поддршка. Добиваш превземање на разговорот.

    Еве како изгледа тоа во пракса:
    Твојот проблем веднаш станува негова приказна.

    Наместо да те сослуша, тој почнува да зборува за себе. Твојата болка е само повод да ја отвори својата долга приказна за сопственото страдање.

    Сè што ќе кажеш се претвора во натпревар.

    Не те поддржува – те споредува. Кој имал потешко, кој страдал повеќе. Наместо емпатија, добиваш конкуренција.

    Вината тивко се префрла на тебе.

    На крајот можеш дури и да испаднеш виновна за тоа што ти се случило – или виновни стануваат други луѓе, групи, бивши… Сè, освен тој. Одговорност нема.

    Твоето искуство се минимизира.

    Ќе ти каже дека претеруваш, дека си премногу чувствителна, дека си си замислила или дека „не е баш така“.

    Твојот страв се отфрла со лажна самодоверба.

    Тој „знае подобро“. Ќе ти наметне решение што нему му функционирало, без да те праша што ти треба тебе.

    Разговорот го контролира целосно.

    Ти добиваш малку простор да зборуваш. На крајот си збунета, неслушната и емоционално исцрпена – а тој се чувствува моќно.

    Важно да знаеш

    Ова не е комуникација.
    Ова е емоционално празнење врз тебе.
    И ако по секој разговор чувствуваш замор, вина или конфузија –
    тоа не е затоа што „не знаеш да објасниш“,
    туку затоа што зборуваш со некој што не слуша – туку користи.

  • Кога нарцисот многу пишува – и зошто тоа не е знак на блискост

    Кога нарцисот многу пишува – и зошто тоа не е знак на блискост

    Една од работите што најмногу ги збунува луѓето во однос со нарцис е комуникацијата.
    Многу пораки. Многу кратки реченици. Чувство дека некој е постојано „тука“.
    Но токму тука се крие замката.
    Нарцисите често пишуваат многу.
    Но клучното прашање не е колку пишуваат, туку:
    кому пишуваат – и зошто.
    Ако си со него во ист простор, а тој постојано е на телефонот, запрашај се:
    со кого го дели вниманието што треба да биде тука, со тебе?
    Често нарцисите се допишуваат со повеќе луѓе истовремено.
    Не затоа што се поврзани, туку затоа што им требаат повеќе извори на потврда.
    Насмевка додека гледа во телефонот, таинствени погледи, брзо заклучување на екранот –
    тоа не се случајности, туку образец.
    Многу карактеристична реченица е и:
    „Одам да спијам, добра ноќ.“
    Оваа реченица често не значи крај на денот.
    Таа значи крај на достапноста за тебе.
    Понекогаш е код дека е со некој друг.
    Понекогаш значи само: не сакам да бидам присутен.
    Во двата случаи, не станува збор за блискост, туку за повлекување.
    Многу луѓе кои биле во однос со нарцис опишуваат и долги исчезнувања –
    во бањата, на „пауза“, на телефон.
    Дури и тогаш кога разговорот би можел да биде едноставен и во живо.
    Ако некој инсистира на пишување, а избегнува разговори лице в лице,
    тоа не е знак на срамежливост или замор.
    Тоа е начин на контрола.
    Во живо е потешко да се манипулира.
    Потешко е да се избегнува.
    Потешко е да се игра улога.
    И тука доаѓа најважното прашање:
    Зошто некој те држи „покрај себе“, ако не е навистина присутен?
    Одговорот често е непријатен, но ослободувачки:
    затоа што си резерва.
    Извор на внимание.
    Емоционална замена.
    Некој што е достапен кога му треба – но не и партнер во вистинска смисла.
    Вистински пријател или партнер не гради однос само преку пораки.
    Не ја крие комуникацијата.
    Не живее двоен ритам.
    Кога ќе го видиш ова, почнуваш да разбираш дека проблемот никогаш не бил во тебе,
    туку во начинот на кој некој ги користи луѓето, наместо да биде со нив.
    И кога еднаш ќе го разбереш тоа,
    престануваш да се прашуваш зошто пишува толку многу.
    Почнуваш да се прашуваш дали воопшто е достоен за твоето внимание.

  • Кога нарцисот повеќе не може да те контролира

    Кога нарцисот повеќе не може да те контролира

    Постои момент кога нарцисот сфаќа дека ја губи контролата.
    Не затоа што си исчезнала, туку затоа што си се разбудила.
    И тогаш – ти стануваш поинаков вид „снабдување“.

    Што навистина се случува по прекинот?

    Кога не им се враќаш и наместо тоа продолжуваш со својот живот, за нарцисот тоа не е „крај“.
    Тоа е предизвик.
    Во таа фаза најчесто се појавуваат три обрасци (понекогаш и повеќе од еден истовремено):

    1. Контрола од дистанца

    Нарцисот почнува да собира информации за тебе преку други луѓе – таканаречени flying monkeys.
    Ги интересира: – каков ти е дневниот ритам
    – со кого се гледаш
    – каде одиш
    – дали си навистина тргнала напред
    Не затоа што му недостигаш –
    туку затоа што не поднесува да нема пристап до тебе.

    2. Кампања за оцрнување

    Кога не реагираш и не се враќаш, следи следниот чекор:
    се раскажуваат лаги и полу-вистини за тебе.
    Целта е јасна –
    да те изолира,
    да ги оддалечи пријателите од тебе,
    да го контролира начинот на кој другите те гледаат.
    Кога не може да ја контролира твојата реалност,
    се обидува да ја контролира туѓата перцепција.

    3. Поткопување на твојата самодоверба

    Во оваа фаза често се појавуваат реченици како: – „Никој нема да те сака“
    – „Не можеш сама“
    – „Ти не се снаоѓаш“
    – „Твојата меморија не е добра“
    – „Без мене нема да успееш“
    Кога ваквите пораки се повторуваат доволно долго,
    почнуваш да се сомневаш во себе.
    И токму тоа е целта.

    Вистината што треба да ја знаеш

    Ова не е доказ дека си слаба.
    Ова е доказ дека си излегла од нарцистична контрола.
    Нарцисот не се плаши од твојата болка –
    се плаши од твојата јасност.
    Кога ќе престанеш да реагираш,
    кога ќе поставиш граници,
    кога ќе го одбереш својот мир –
    тогаш започнува вистинската борба.
    И токму тогаш е најважно да не се враќаш назад.

    Ако ова ти звучи познато, не си сама.
    Понекогаш првиот чекор кон слобода е само едно препознавање.

  • Дали нарцисот навистина сака да се врати — или само сака повторно да те поседува?

    Дали нарцисот навистина сака да се врати — или само сака повторно да те поседува?

    Едно од најчестите прашања што си го поставуваат луѓето по прекин со нарцис е: „Дали ќе се врати? И ако се врати — дали овојпат ќе биде поинаку?“

    Одговорот е болен, но искрен.
    Нарцисот многу често се враќа. Но не затоа што те разбрал. Не затоа што созреал. И не затоа што научил лекција.
    Тој се враќа затоа што не поднесува да изгуби контрола.

    Зошто нарцисот повторно се појавува?

    Кога ќе ја прекине врската, нарцисот ретко размислува за последиците. Тој дејствува импулсивно, воден од егото, моменталното незадоволство или нов извор на внимание. Но кога ќе види дека продолжуваш понатаму — дека живееш, се смееш, се движиш напред — тогаш се активира неговото чувство на „сопственост“.
    Во неговата перцепција, ти не си личност со сопствен живот. Ти си извор. Ресурс. Нешто што му припаѓа.

    Како изгледа враќањето?

    Враќањето никогаш не е тивко. Доаѓа со:
    љубовно бомбардирање
    големи зборови и лажни иднини
    ветувања за промена
    изјави дека „сега конечно сфатил“
    вина: „ти си единствената“, „без тебе сум ништо“, „само ти можеш да ме разбереш“
    Ова не е љубов. Ова е хооверинг — обид повторно да бидеш вовлечена во циклусот.

    Што се случува ако го примиш назад?

    Во моментот кога ќе кажеш „ајде уште еднаш“, во неговиот ум се создава невидлив договор:Сè што ти направив — е дозволено.

    Затоа што ти се врати. Затоа што го оправда. Затоа што го избра повторно.
    И токму тука е клучот: Нарцисот не учи од искуство. Тој не поминува низ процес на лекување. Тој само оди од еден извор на друг.
    Затоа циклусот на насилството секогаш продолжува. Можеби не веднаш. Можеби првите недели ќе бидат „мирни“. Но крајот секогаш личи на почетокот.

    „Но можеби овојпат е поинаку…“

    Прашај се искрено: Колку пати досега си го мислела тоа?
    Луѓето со ваква структура не се менуваат суштински. А дури и кога покажуваат минимална промена, таа никогаш не е доволна за да ги оправда сите граници што ги преминале, сите понижувања, сите рани што ги оставиле.
    Замисли го животот со истите ситуации — повторно и повторно. Тоа е реалноста, не надежта што ти ја продаваат.

    Што е најздраво за тебе?

    Колку и да боли, најздравата одлука е:

    целосен прекин на контакт

    или

    „сива карпа“ — без емоции, без објаснувања, без врати отворени
    Нарцисот речиси секогаш се враќа. Прашањето не е дали тој ќе тропне. Прашањето е —дали ти ќе ја отвориш вратата.

    Не е твоја вина што те турнал до точка на заминување. Не е твоја вина што врската завршила во хаос. И не е твоја одговорност да го спасуваш некој што одбива да се соочи со себе.
    Ова никогаш не било за тебе. Секогаш било за неговата потреба.
    Ти заслужуваш живот без страв, без циклуси, без враќање назад.
    И најважно — заслужуваш мир.

  • Што навистина го крши нарцисот(и зошто тоа нема врска со одмазда)

    Што навистина го крши нарцисот(и зошто тоа нема врска со одмазда)

    Многу луѓе по прекин со нарцис се прашуваат:„Што најмногу ќе го погоди?“
    „Што навистина го крши?“

    Инстинктивниот одговор често е:
    одбивање, разобличување, соочување, враќање со иста мера.
    Но вистината е поинаква.

    Она што НЕ го крши нарцисот

    Нарцисот не го крши:
    одбивањето
    јавното разобличување
    конфликтот
    омразата
    одмаздата
    Зошто?
    Затоа што нарцисот се храни со драма.
    Драмата му дава чувство на значење, моќ и постоење.
    Тој е мајстор за:
    лажење
    манипулација
    менување на приказната
    преземање улога на жртва
    постојано „преосмислување“ на себе
    Сè со една цел:
    претставата да продолжи.
    Дури и кога неговата одмазда не е целосно задоволена,
    нарцисот продолжува опсесивно да размислува
    како повторно да исфрли злоба
    кон личноста што ја доживеал како навреда.
    Не затоа што сака,
    туку затоа што егото му е повредено.

    Како завршува нарцисот

    Со текот на времето, моделот е речиси секогаш ист.

    Нарцисот најчесто завршува сам
    или со уништени односи
    со најблиските околу себе —
    партнерот, децата, пријателите.

    Неговата постојана потреба за контрола, надмоќ и потврда
    ги троши и разорува врските со оние што му се најблиску.
    Партнерите се исцрпуваат и си заминуваат.
    Децата се дистанцираат за да се заштитат.
    Пријателствата се распаѓаат
    кога манипулацијата станува очигледна.
    Она што останува е осаменост —
    не како избор,
    туку како последица.

    Вистината што навистина го плаши нарцисот

    Она што навистина го крши нарцисот
    не е нешто што ти го правиш.
    Туку нешто од кое не може да избега.

    Осаменоста

    Зад маската на самоувереност и надмоќ
    се крие длабока празнина.
    Нарцисот не знае да биде сам
    без да се соочи со себе.
    Кога нема публика,
    кога нема снабдување,
    кога нема кој да го потврди —
    останува тишината.
    А тишината за него е закана.

    Стареењето

    Нарцисот живее од слика, статус и илузија на контрола.
    Стареењето го потсетува дека:
    телото се менува
    вниманието не е вечно
    привлечноста бледнее
    моќта не е апсолутна
    Тоа директно ја руши илузијата
    што цел живот ја градел.

    Смртта

    Најдлабокиот, но најтих страв.
    Смртта го потсетува дека:
    не е посебен
    не е над другите
    не е над времето
    И дека сите маски,
    сите улоги,
    сите манипулации —
    на крај стануваат ирелевантни.

    Зошто ова е важно за тебе

    Затоа што ти покажува нешто суштинско:
    Не

    си ти таа што треба да „победи“.
    Не си ти таа што треба да се докажува.
    Не си ти таа што треба да враќа.
    Нарцисот сам се соочува со своите најголеми стравови
    — порано или подоцна.
    Твојата задача не е да го кршиш него.
    Твојата задача е да се вратиш себеси.

    Најсилниот одговор што постои

    Не е одмаздата.
    Не е објаснувањето.
    Не е конфликтот.
    Туку:
    тишината
    дистанцата
    животот што продолжува
    мирот што не бара дозвола
    Кога ќе престанеш да играш улога во неговата приказна,
    претставата завршува.

    Каде завршува нарцисот, а каде ти

    Нарцисот нема капацитет да учи од искуствата.
    Кај него нема вистински процес на исцелување.
    Нема соочување.
    Нема преземање одговорност.
    Нема внатрешна промена.
    Тој само преминува
    од едно снабдување на друго,
    обидувајќи се повторно да ја наполни празнината
    што никогаш не ја разбира
    и никогаш не ја лекува.
    За разлика од него,
    ние од искуствата учиме.
    Тие нè болат.
    Нè кршат.
    Но нè будат.
    Ние растеме.
    Созреваме.
    Стануваме посвесни, посилни
    и подобри личности.
    Таму каде што нарцисот останува заглавен
    во истиот круг,
    ние одиме напред.
    Со повеќе јасност.
    Со повеќе граници.
    И со мир што повеќе не го даваме никому.

  • Како нарцисите те шпионираат – и зошто никогаш навистина не си „заборавен/а“

    Како нарцисите те шпионираат – и зошто никогаш навистина не си „заборавен/а“

    Една од најчестите заблуди по прекинот со нарцис е мислата:„Сигурно продолжил понатаму и повеќе не мисли на мене.“

    Во реалноста, тоа ретко е точно.
    Нарцисот не се поврзува – тој поседува.
    И дури и кога ќе си заминеш, често не те пушта навистина.
    Само ја менува формата на контролата.

    Зошто нарцисот шпионира?

    Не од љубов.
    Не од носталгија.
    Туку од потреба за потреба за контрола и информација.
    Шпионирањето му служи за:
    да види како си
    дали си продолжил/а понатаму
    дали ти оди добро
    дали си ранлив/ранлива
    и дали повторно си „достапен/достапна“
    Особено ако новото „снабдување“ не функционира.

    Кога нарцисот верува дека те поседува

    Кога нарцисот еднаш ќе развие уверување дека те „поседува“,
    прекинот на контакт од твоја страна ретко го доживува како конечен.
    Тој не верува дека тоа е засекогаш.
    Верува дека ќе се вратиш.
    Затоа често не реагира веднаш.
    Чека да помине одредено време,
    да се смират емоциите,
    па повторно да се појави —
    со порака, „проверка“ или наводно случаен контакт.

    Најчестите начини на кои нарцисите те следат

    1. Социјални мрежи

    Нарцисите внимателно ја следат твојата онлајн активност.
    Можеби не лајкаат, не коментираат и не се појавуваат јавно —
    но гледаат.
    Често користат:
    лажни профили
    профили на други луѓе
    или информации добиени преку трети лица

    2. „Случајни“ средби

    Се појавуваат на места каде што знаат дека често одиш:
    кафуле, продавница, теретана.
    Ништо не е случајно.

    3. Набљудување на домот

    Понекогаш поминуваат покрај твојот дом
    за да видат дали си дома,
    дали имаш друштво
    или дали некој нов е во твојот живот.

    4. „Летачки мајмуни“

    Користат други луѓе за да добијат информации:
    пријатели, познаници, па дури и членови од семејството.
    Прашањата изгледаат невини,
    но целта е јасна — информации.

    5. Физичко следење

    Највознемирувачката форма:
    следење со автомобил,
    набљудување каде одиш
    и со кого се среќаваш.

    Љубомората и ранливоста како сигнал

    Нарцисите се особено активни кога ќе забележат две работи:
    дека ти оди добро
    или дека си ранлив/ранлива
    Ако гледаат стабилност, радост или раст —
    се активира љубомората.
    Ако забележат тага, збунетост или осаменост —
    го препознаваат моментот како можност
    повторно да воспостават влијание.
    Не од грижа,
    туку од потреба повторно да контролираат.

    Што навистина значи сето ова?

    Нарцисот не бара љубов, туку снабдување.

    Шпионирањето:
    му дава чувство дека сè уште има контрола
    му обезбедува информации кога и како да се појави
    ја храни илузијата дека ти сè уште му припаѓаш
    Но истовремено, тоа е и важен знак:
    ти си се помрднал/а
    ти не си таму каде што те оставил
    ти си надвор од неговиот автоматски дофат

    Што е најдобрата заштита?

    Не објаснување.
    Не докажување.
    Не конфронтација.
    Туку:
    тишина
    јасни граници
    минимален или никаков контакт
    и живот што не бара дозвола
    Кога ќе престанеш да бидеш достапен/достапна,
    контролата ја губи својата моќ.

    Ако препознаваш вакви обрасци,
    знај дека тоа не е случајност
    и не е знак на љубов.
    Следи го блогот „Вмесни светови“
    каде што зборуваме за нарцизам, манипулација
    и враќање кон сопствената сила и граници.

  • Начинот на размислување на нарцисот

    Начинот на размислување на нарцисот

    „Тоа не се случи. А ако и се случило, не беше толку страшно. А ако и беше, не е ништо страшно. А ако е, не сум јас виновен. А ако и сум, не беше намерно. А ако и беше намерно – ти ме натера.“

    Овој параграф звучи апсурдно, но токму така изгледа умот на нарцисот.
    Негирање, минимизирање, потценување, префрлање на вина.
    Секој ред ја симболизира следната фаза во нивната одбрана од реалноста.

    „Тоа не се случи.“

    Класично негирање на реалноста. Твојата вистина станува непостоечка.

    „Ако и се случило, не беше толку страшно.“

    Намалување на болката – твојата траума станува нивна мала непријатност.

    „Ако и беше, не е ништо страшно.“

    Потценување – твоите чувства се претставуваат како слабост.
    „Ако е така, не сум јас виновен.“

    Бегање од одговорност. Никогаш не носат вина, секогаш носат изговор.

    „Ако и сум, не беше намерно.“

    Оправдување без совест – со зборови што звучат нежно, но болат ладно. „Ако и беше намерно – ти ме натера.“

    Најсилната форма на манипулација – gaslighting. Ти си виновна за нивниот напад.

    Ова не е разговор.
    Ова е круг без излез – додека не престанеш да се објаснуваш.
    Кога ќе го видиш – излегуваш од него.

    Така изгледа нивниот внатрешен свет – круг без одговорност, без покајание и без вистинска емпатија.
    И токму кога ќе го препознаеш овој образец,
    почнува твоето ослободување.


    Кога ќе престанеш да докажуваш што се случило –
    ќе го вратиш својот мир.

  • Нарцисичниот родител и потребата од контрола

    Нарцисичниот родител и потребата од контрола

    Зошто го контролира своето дете

    Нарцисичниот родител не го гледа детето како посебно, уникатно суштество,
    туку како продолжение на себе– како огледало што мора да ја потврдува неговата вредност.
    Затоа детето нема дозвола да биде свое.
    Кога ќе изрази мислење, желба или личност, нарцисот тоа го доживува како закана,а не како природен дел од растот.

    Бидејќи нарцисичниот родител во себе чувствува страв, празнина и немоќ,тој обидувајќи се да ја задржи илузијата за контрола,
    го пренесува тој страв врз околината – најчесто врз своето дете.
    Така создава лажен свет во кој „сè држи под контрола“,
    иако во суштина бега од сопствената внатрешна нестабилност.

    Како изгледа таа контрола

    Контролата не секогаш изгледа како викање или строги правила.
    Често е облечена во форма на „грижа“ или „воспитување“.

    Родителот одредува:

    – со кого детето ќе се дружи,
    – што смее да мисли,
    – како треба да се облекува,
    – што мора да студира,
    – кого треба да почитува,
    – па дури и кого треба да сака.

    Сè што детето прави „по свое“, родителот го доживува како бунт.
    Следат критики, срам, вина или тивка казна.
    Понекогаш и целосно повлекување на љубовта –
    сè додека детето повторно не стане послушно.

    Нарцисичниот родител често вели:
    „Јас само сакам најдобро за тебе.“
    „Ако навистина ме сакаш, ќе направиш како што велам.“
    „Ти не знаеш уште да одлучуваш, јас ќе решам.“

    Но вистината е дека не сака да го заштити детето –
    туку сака да ја задржи контролата.

    Како детето го доживува тоа

    Детето под контрола на нарцис не чувствува љубов,
    туку страв од губење на љубовта.

    Верува дека наклонетост заслужува само ако е совршено, тивко и послушно.

    Така учи да:
    – ги потиснува своите мисли,
    – угодува за да преживее,
    – избегнува конфликт дури и кога ќе порасне.

    Нарцисичната контрола создава возрасна личност што:
    – не си верува на своите одлуки,
    – се извинува за своите чувства,
    – постојано бара надворешно одобрување,
    – и се плаши дека ќе биде одбиена ако биде премногу „јас“.

    Како тоа влијае во зрелоста
    Кога детето на нарцис ќе порасне, во себе сè уште го слуша тој глас:
    „Не смееш. Не знаеш. Не вредиш доволно.“

    Тој внатрешен критичар станува внатрешен контролор.

    Возрасното дете на нарцис често не знае да каже „не“,
    зашто секоја самостојна одлука во него буди чувство на вина.
    Наместо мир, повторно бара односи каде што постои контрола –
    бидејќи тоа е единственото што го познава.

    Но кога еднаш ќе сфати дека контролата не е љубов, туку страв, може да почне да ја гради својата внатрешна сигурност.

    Да почне да го слуша својот глас, да избира за себе и да се ослободува.

    Нарцисичниот родител не воспитува – тој обликува.
    Детето не живее – туку преживува.
    А моментот кога тоа дете ќе порасне и ќе ја спознае вистината,
    е моментот кога конечно почнува да живее по свое.

  • Знак на нарцизам

    Знак на нарцизам

    Нормалните луѓе не можат едноставно да ја вклучат или исклучат љубовта што ја чувствуваат кон некого, како прекинувач. Тоа не е начин на кој функционираат нормалните човечки суштества. Затоа, дури и кога ќе сфатат дека нарцисот е измамник и насилен, им е тешко да си заминат. Понекогаш се враќаат неколку пати, пред конечно да ја прекинат врската.
    Но, нарцисот може веднаш да ја исклучи „љубовта“, затоа што тоа е само глума и манипулација што ја користи особено во фазата на „love bombing“, за да ја вовлече жртвата.

    Затоа, кога ќе те игнорира и ќе исчезне, не можеш да разбереш како некој може да ги изрази сите тие чувства и да ти зборува колку многу се грижи за тебе – а потоа да исчезне без трага.

    Љубовта на нарцисот не умира – затоа што никогаш не била родена.
    Била само маска, игра, потреба за контрола.

    Што се случува во мозокот кога сакаш нарцис

    1️⃣ Love bombing = допаминска експлозија

    Кога нарцисот те „освојува“, твојот мозок е преплавен со допамин – хормонот на награда и задоволство. Секоја порака, комплимент или поглед создава чувство на еуфорија.

    2️⃣ Тишина и дистанца = пад на допамин

    Одеднаш – молк. Игнорирање. Ладно однесување. Допаминот паѓа, а мозокот реагира како на апстиненција – почнуваш да чежнееш по неговото внимание.
    3️⃣ Активирање на кортизол (стрес-хормон)

    Нервоза, анксиозност, немир. Телото влегува во состојба на аларм. Мозокот сака повторно да добие „награда“, за да ја намали тензијата.

    4️⃣ Враќање на нарцисот = нов допамински удар

    Кога повторно ќе покаже малку внимание, допаминот повторно расте – и се создава циклус на зависност. Тоа е биохемиска замка.

    5️⃣ Ослободување = детокс од нарцисот

    Излегувањето од тој круг бара време. Мозокот мора да се „ресетира“ и повторно да научи што е мир, стабилност и вистинска љубов.

    Љубовта на нарцисот не се гасне – затоа што никогаш не постоела.
    Таа е глума, контрола и манипулација што создава зависност меѓу допамин и болка.
    Кога ќе ја видиш илузијата, започнува твоето вистинско ослободување.

  • Кој е најголемиот страв на нарцисот?

    Кој е најголемиот страв на нарцисот?

    Најголемиот страв на нарцисот не е дека ќе те изгуби.
    Туку дека ќе ја изгуби контролата врз тоа како ти го гледаш него – и како тој изгледа во твоите очи.

    Под сите маски на самодоверба се крие празнина која мора постојано да ја храни со внимание, восхит и моќ над другите.
    А кога тие ќе исчезнат – останува тишина.
    И токму таа тишина го плаши.

    Нарцисот се плаши:
    – дека ќе биде разобличен,
    – дека ќе биде напуштен,
    – дека ќе стане небитен,
    – дека ќе ја изгуби контролата,
    – дека ќе мора да погледне во себе.

    Зашто ако погледне, ќе мора да признае дека она што го гледа во огледалото не е тој,туку внимателно создадена маска.

    И тоа не може да го поднесе.
    Затоа лаже – себеси и другите.

    Кога неговата моќ исчезнува, се појавува вистинското лице: страв, паника и празнина.
    И токму тоа не може да го поднесе.

    „Ако ова го препознаваш – не си ти проблемот.
    Проблемот е контролата.“