VMESNI SVETOVI

Автор: VMESNI SVETOVI

  • Нарцисоидна проекција – како функционира?

    👉 Тој изневерува – а вели дека ти си неверна.
    👉 Тој лаже – а обвинува тебе дека си неискрена.
    👉 Тој се срами од себе – а ти вели дека ти треба да се смениш.
    👉 Тој не чувствува – а вели дека ти си премногу чувствителна.
    👉 Тој манипулира – а тврди дека ти премногу контролираш.
    👉 Тој создава драма – а вели дека ти си проблемот.

    Ги заменува улогите.
    Ја заменува вистината.
    Ја префрла вината.

    И ако не си силна во себе, ќе почнеш да веруваш дека ти си вината.
    Но не си.
    Тоа е негова одбрана.

    🖤 Нарцисоидната проекција не е случајност. Тоа е шема.
    🖤 Не е твоја вистина. Тоа е негова игра.



    📌 Секогаш кога ќе почувствував манипулација, му велев:
    „Мојот систем забележува манипулација.“
    А тој: „Твоја!“

    Толку лесно ме замолкнуваше.
    Толку убедливо ја негираше мојата вистина.

    Подоцна дознав:
    👉 тоа се вика нарцисоидна проекција.

    Не беше дека претерував.
    Беше дека гледав премногу – него.

    🖤 #ТааШтоПрогледа
    🖤 #НарцисоиднаПроекција
    🖤 #ОгледалоНаВистината

  • Одлучив да бидам среќна

    Не затоа што сè е лесно.
    Не затоа што немам лузни.
    Туку токму поради нив.

    Одлучив
    да не чекам совршен момент.
    Да не го врзувам својот мир
    за туѓо однесување.
    Да станам – дури и тогаш
    кога полесно би било да останам долу.

    Среќата не е награда.
    Среќата е одлука.
    Избрана среде хаос,
    среде тишина,
    среде ден кога сè е сиво –
    јас ја бирам бојата.

    Ја бирам благодарноста
    наместо огорченост.
    Ја бирам верата
    наместо стравот.
    Се бирам себе –
    секојпат одново.

    И знаеш што?
    Сонцето не сјае посилно,
    ама јас го гледам појасно.
    Затоа што одлучив –
    да живеам со отворено срце.

  • 💧 Каде што бурата го сретнува југот

    2. дел: Меѓу изворите – кога водата станува глас

    Кога не знаеш како понатаму, оди таму каде што водата навистина тече.
    Затоа одам кај изворот Хубељ.
    Не за да побарам нешто – туку за да се потсетам која сум.

    Оваа вода… не доаѓа нежно. Не истекува срамежливо.
    И прска. И ржи. Како да вели:

    > „И јас бев задржана под земја. А сега – погледни ме.“

    Хубељ ме потсетува на мене.
    На сè она што долго време го држев во себе – додека не избувна.
    На силата што се собираше – сè додека не најде пат низ карпите, низ тежината на светот.

    Потоа одам понатаму – кај Смоаларскиот водопад.
    Таму водата тече поинаку. Полека. Низ мов и камен.
    Но не застанува. Никогаш.
    И тоа сум јас.

    > Не грмам секогаш. Не сум секогаш незапирлива.
    Но секогаш сум – присутна.

    Тука, меѓу изворите,
    меѓу бура и водопади,
    го најдов домот на својата тишина,
    и чекорот на својот пат.

    🖤 #КадеШтоБуратаГоСреќаваЈугот
    🖤 #ЗборувајКакоШтоТечеш
    🖤 #ВодатаЕМојотЈазик
  • 🔗 Најчести зависности кај нарцисот

    Нарцистот често има повеќе зависности кои му служат како бегство – од вистинските чувства, од внатрешната празнина и од целосно отсуство на саморефлексија.
    Овие зависности не секогаш се очигледни – понекогаш се скриени зад „рутина“ или „начин на живот“.
    Еве преглед на најчестите:

    1. Зависност од потврда (validation addiction)
    Живее за лајкови, восхит и чувство на надмоќ.
    Потребна му е публика за да се чувствува жив.
    Социјалните мрежи се главниот извор на „храна за егото“.

    2. Зависност од контрола
    Не поднесува кога нешто не е по негово.
    Постојано тестира, манипулира со вистината и ги поместува границите.
    Во врската, ова е емоционална стапица: ќе те казни со молк ако изгуби контрола.

    3. Зависност од секс / порнографија + префрлање на вината за ерективна дисфункција
    Сексот не го доживува како блискост, туку како алатка за моќ.
    Често не го интересира вистинска интимност, туку брзо и контролирано задоволство.
    Порнографијата станува „сигурна зона“ – таму не мора да се поврзе емоционално.

    Со тек на време, ова води до ерективна дисфункција во реалниот живот – но наместо да ја прифати причината,
    ➡️ те обвинува тебе:
    „Не си повеќе привлечна.“
    „Секогаш си уморна.“
    „Со тебе ништо не е лесно.“

    Вистината?
    Интимноста бара ранливост – а тоа е она што најмногу го плаши нарцисот.

    4. Зависност од адреналин
    Постојано бара драма, конфликти, предизвици.
    Мирот му е здодевен – па намерно создава хаос, само за да добие реакција.

    5. Зависност од лажење (манипулација)
    Лагата станува начин на живот.
    Верува во сопствените измислици.
    Емоционалната искреност ја доживува како закана.

    6. Зависност од идеализација и понижување
    Прво те издигнува, потоа те понижува.
    Го храни егото со твојата болка и збунетост.
    Циклусот му дава чувство на контрола.

    7. Зависност од твојата зависност од него
    Сака да те направи зависна – емоционално, финансиски, психолошки.
    Твојата немоќ му дава моќ.

    📌 Ако препознаваш повеќе од три вакви обрасци – не е случајност.
    Тоа не е љубов. Тоа е циклус на емоционално злоупотребување, скриен зад шарм, страст и лажни извинувања.

    📵 Кога телефонот му е поинтимен од тебе.

    Во собата – тишина.
    До него – светлина од екранот и празнина во погледот.
    Нема простор за допир, за вистина, за тело што дише покрај него.

    Порнографијата не е само навика.
    За него е бегство – од блискост, од одговорност, од себе.

    А кога не може…
    Вината не е во него.
    Вината е во тебе.
    Така ќе ти каже.

    Но ти знаеш подобро.
    Не е твоја должност да го носиш товарот на неговите избори.

    📌 Ако некогаш си ја почувствувала таа тишина, тој студ, тоа бегство – не си сама.
    Сочувај како потсетник.
    #ТааШтоПрогледа #нарцис #емоционалназлоупотреба #секскакомоќ #помеѓусветови

  • Секоја фамилија си го носи својот крст

    Секоја фамилија носи нешто
    што надворешниот свет не го знае.
    Тивка болка,
    пукнатини во срцето,
    што ги закрпува смеа околу масата.

    Некои имаат зборови што болат.
    Други – тишини што траат предолго.
    Некои куќи шепотат тајни,
    други викаат преку ѕидовите.

    Но и покрај сè…
    секоја вечер повторно
    некој вари чај,
    некој ја поправа прекривката,
    некој – и покрај сè – останува.

    Секоја фамилија си го носи својот крст,
    но и својата вера –
    дека љубовта не се мери во совршенство,
    туку во тоа што не се откажуваме.

    Во прегратка што знае да каже „прости“.
    Во поглед што разбира без зборови.
    Во тоа што, и кога е тешко –
    не си сам.

  • 🔻 Како да препознаеш дека имаш работа со нарцис?

    Полека, но сигурно, почнуваш да го губиш чувството кој/а всушност си.
    Зошто? Затоа што со него ништо не тече природно.
    Со него нема простор за “go with the flow”.
    Со него секогаш има напнатост. Секогаш драма. Секогаш тишина или експлозија.

    Нарцистот мора сè да контролира.
    Дури и твоите емоции.

    ➡️ Многу тешко е да ги направиш среќни – речиси невозможно.
    ➡️ Секогаш нешто не е во ред – со тебе.
    ➡️ Никогаш не е доволно – дури и кога им даваш сè.
    ➡️ Секој разговор е бескраен круг што никаде не води.
    ➡️ Или се расправаат за сè или те казнуваат со тишина – “silent treatment”.
    Нема заклучок, нема решение. Само уште повеќе празнина во тебе.

    А најстрашно?
    Кога ќе почнеш да веруваш дека ти си проблемот.
    Дека ти си премногу чувствителна.
    Дека треба уште малку да издржиш. Уште малку да разбираш.
    Уште малку… да исчезнеш.

    Но не.
    Ти не си проблемот.
    Проблемот е што си заглавена во игра без правила – со некој што победува само ако ти се изгубиш себеси.

    📌 Ако е секогаш тешко, ако секогаш боли, ако никогаш не се чувствуваш доволно добра – запрашај се:
    Дали е ова љубов?
    Или контрола маскирана како емоции?

    🔻 Кој е нарцис – и како да го препознаеш?

    Ако веќе сега чувствуваш дека нешто не е во ред… послушај се.

    📌 Нарцистите не се секогаш очигледни. Понекогаш се љубезни, шармантни, дури и „емоционални“. Но нивната енергија е отровна.
    Играат игра чии правила ти не ги знаеш.

    Ако се прашуваш дали имаш работа со нарцис – провери ги овие 9 знаци:

    1️⃣ Секогаш си виновна ти.
    Дури и кога е јасно дека нешто е негова одговорност, вината ќе биде префрлена на тебе.

    2️⃣ Твоите граници ги нервираат.
    Секојпат кога ќе поставиш граница, следи потсмев, лутина или тивка казна.

    3️⃣ Емоционален уценувач.
    Твојата емпатија ја користат против тебе. Ако не ги разбираш „доволно“, ти си лоша личност.

    4️⃣ Скриени понижувања.
    Скриена критика, потсмев, “шеги” на твоја сметка – секогаш во име на “вистината” или “хуморот”.

    5️⃣ Идеализација – девалвација – отфрлање.
    На почеток си совршена. Потоа премногу чувствителна. На крај – проблемот.

    6️⃣ Никогаш не се извинуваат искрено.
    Ако и се извинат, тоа е со додаток: „Ама ти си…“

    7️⃣ Тишината како оружје.
    Кога нешто не е по нивно, те игнорираат. Дена. Недела. Колку што треба за да се скршиш.

    8️⃣ Потреба за обожување.
    Секогаш мораат да бидат во центарот. Ти постоиш за да ја потврдуваш нивната вредност.

    9️⃣ Надвор ангел, дома тиранин.
    Две сосема различни личности – јавно шармантен, приватно емоционално насилен.

    🪞 Нарцистот не те сака тебе. Тој ја сака контролата над тебе.

    Нема емпатија. Само игра.
    Нема вистина. Само маска.

    🧠 Манипулацијата е неговиот јазик.
    🩶 Тишината е неговото оружје.
    🙃 Огледалото го гледаш ти – тој гледа само себе.

    Ако те збунува, исцрпува и постојано обвинува…
    Не си луда.
    Не си премногу чувствителна.
    Не си проблемот.

    Само си премногу чувствителна за личност без чувства.

  • 🏞️ Каде што бурата го сретнува југот

    1. дел: Дојдов со сонцето, останав поради ветрот

    Не сум родена тука.
    Крвта ми е македонска – жешка, жива, полна сеќавања на поинакви улици, мирис на домашен леб и звук на јазик што звучи како песна.
    А веќе десет години дишат моите денови меѓу овие ридови.
    Меѓу лозја, бура и погледи што истовремено те проверуваат и те поздравуваат.

    Дојдов како жена и мајка.
    Со дете во прегратка, со друго за рака, и со соништа во очите.
    Не како хероина – туку како жена што знае дека мора.
    Зашто животот не прашува дали си подготвена.

    Ајдовшчина не ме прифати веднаш.
    Ниту јас неа.
    Бурата ми ги кинеше мислите, самотијата ме грицкаше во вечерите.
    Но со секој ден сфаќав:

    > Тука не се раѓаш. Тука се извајуваш.

    Не сум веќе онаа што бев.
    Македонка – да.
    Но и нешто друго. Нешто потивко, поцврсто, ридесто.

    Сега знам:

    > Можеш да го носиш југот во срцето и северот во косата. И сепак да бидеш цела.


    „Таму каде што бурата ги носи мислите, а ридовите шепотат тишина – жена меѓу лозјата на Ајдовшчина, фатена меѓу два света, но целосна во себе.“
  • Кога повторно ја вдишав крвта

    Пиев отров – како вода чиста,
    верував на збор – и кога беше празен.
    Срцето врзано во златни нишки,
    додека не се распаднав внатре – тивко, а гласно.

    Нарцисот своите рани ги сликаше
    на моите дланки – невини, меки,
    а јас ги носев како трофеи,
    како да беа мои – не негови гревови.

    Но дојде тишина – не празна, не глува,
    туку света, како глас од снежен врв.
    Полека ми ја испра крвта – без збор,
    секој атом, чекор, и секој тежок здив.

    Сега во мене пеат други ќелии,
    не тие што тонеа во неговиот глас.
    Сега љубам меко, без страв и услови —
    и самата себеси сум својот спас.

  • „ШТО НАЈЧЕСТО ЗБОРУВА НАРЦИСОТ КОГА ВЕ ИЗНЕВЕРУВА?“(Со други зборови: кога лаже, а сака да изгледа невин 👀)

    ➡️ „Кажи ми само дека ме сакаш…“ — најопасната реченица зад која се крие предавство.

    „ Дали ме сакаш?“ – толку обично прашање, а во уста на нарцисот станува тест.
    Тест дали сè уште си негова. Дали реагираш. Дали те држи.
    Не е љубов. Тоа е контрола, камуфлирана со нежни зборови.
    Не се лови на зборовите – гледај ја намерата зад нив.

    🗣️ „Кажи, дали ме сакаш?“
    — прашува со насмевка, додека во позаднина води паралелен живот.

    🔴 Ова не е љубов. Ова е стратегија.

    Кога нарцисот ќе ве праша: „Кажи, дали ме сакаш?“ – тоа не е затоа што не знае. Тоа е затоа што САКА ДА БИДЕ СИГУРЕН дека сè уште го држи вашиот ум, вашето срце… и вашата тишина.

    👉 А најчесто ова ќе ѝ го каже и на својата жена –
    за да не посомнева дека нешто се случува.
    Љубовта му е маска. Контролата му е целта.

    💥 Запомни:
    Тоа не е знак дека се грижи –
    туку знак дека си му потребна за да продолжи со играта.

  • 📌 ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ НИКОГАШ НЕ СЕ МЕНУВААТ?

    1. Затоа што не сакаат.
    Промената бара саморефлексија, одговорност и работа на себе – а нарцисот бега од сето тоа.


    2. Затоа што им одговара нивната моќ.
    Контролата преку страв, вина или манипулација им носи добивка. Зошто би се откажале од нешто што им функционира?


    3. Затоа што не чувствуваат вина.
    Таму каде што нема емпатија, нема ниту вистинска желба за промена.


    4. Затоа што не ја гледаат својата вина – ја префрлаат на тебе.
    За нив, ти си „преосетлива“, „луда“, „предраматизирана“.

    📍 Можеш да се обидеш да спасиш некого – но ако тој не сака да се промени, е залудно.

    🔒 Тоа најдобро се гледа кај луѓе кои години минале во затвор – и првиот ден на слобода повторно го прават истото дело.

    📌 ЉУБОВТА НЕ МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ НЕКОЈ ШТО НЕ САКА ДА СЕ ПРОМЕНИ.
    📌 НИТУ ТВОЕТО ТРПЕНИЕ НЕ Е ЛЕК ЗА НЕЧИЈА ТОКСИЧНОСТ.

    ➡️ Луѓето се менуваат само ако сами го посакаат тоа.
    А некои – никогаш нема да го посакаат.

    💬 Затоа не си должна да се жртвуваш.
    Твојата улога не е да лечиш.
    Твојата задача е да се заштитиш.