VMESNI SVETOVI

По пристигнувањето во Македонија

(Серија: Помеѓу светови #КадеШтоБуратаГоСреќаваЈугот)

Кога ја минавме границата, почувствував: нешто во мене е потивко.
Во мене нема веќе бура.
Нема веќе онаа тежина што ме следеше.

Не поради местото – туку поради мене.
Научив да ја разликувам измамата од вистината.
Си простувам што верував на погрешна енергија.
Што барав светлина во човек што знаеше само да темни.

Сега знам:
не сум лоша.
не сум виновна.
само бев повредена.

А денес… денес влегувам овде исправена.
Со семејството.
Со љубовта.
И со нешто што долго време не го познавав – со внатрешен мир.

Коментари

Напишете коментар