VMESNI SVETOVI

Кога манипулаторот е нешто повеќе – прикриен нарцис

На прв поглед се слични.
И двајцата тивки. И двајцата изгледаат како жртви. И двајцата знаат да предизвикаат вина.
Но прикриениот нарцис оди подлабоко. Тој не манипулира само за да добие нешто. Тој живее како жртва, за да ја зачува својата внатрешна важност.
Манипулатор:

Манипулира за да постигне нешто (внимание, извинување, одлука).

Може да биде пасивно-агресивен, но не мора да има нарушување на личноста.

Може да престане ако се соочи со вистината.


Прикриен нарцис:

Секогаш изгледа како жртва, но ја контролира ситуацијата.

Не поднесува критика – ја доживува како напад.

Не презема одговорност – секогаш најде начин да те направи виновна.

Секој негов потег шепоти: „погледни колку страдам поради тебе“.
Замки на прикриениот нарцис:

Надворешно: чувствителен, несфатен, повлечен.

Внатрешно: горд, повреден, и убеден дека заслужува сè.

Често добива сочувство – додека тебе те исцрпува.
Заклучок:

Манипулаторите доаѓаат и си одат.
Прикриениот нарцис влегува длабоко – во твојот ум, чувства и самопочит.
И токму затоа е најопасен – затоа што носи невидлива маска.

Manipulator v.s cover narcis

„Кога улогата на жртва станува оружје – препознаваш ли прикриен нарцис?“

Коментари

Напишете коментар